Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата Креатор на темата ViM
  • Време на започнување Време на започнување
А што ќе ги правиш парите?
Каматите се тапа, берзата тапа, недвижностите паѓаат.

Ќе си купиш три калаши и 2000 куршуми за секој од нив, и го чекаш крајот на светот :icon_lol:.
 
Ако орочам 30 000 евра на 2години колку пари би земал јас? и дали е можно парите од каматата да ги вадам послем секои 3 или 6 месеци?
НАјдобро во секој случај е во евра. Како економист мојата заштеда е во евра,избегнувам денари поради лошо искуство на моите. каматата во евра пред 2,5 години беше 4,5% а сега е 2,60% на годишно ниво :ако ги урочиш тие пари ќе подигнеш околу 3300еур за три години што не е лошо/ Но ако сакаш квартално да ја вадеш каматата тогаш ке бидат помалку. Во секој случај парите ти се сигурни и доколку ти се јави потреба од кеш можеш кога сакаш да ја растуриш зачтедата, че изгубиш само дел од каматата. Јас имам во НЛБ и КБ но ти ја препорачувам http://www.nlbtb.com.mk/Default.aspx?mid=140&lId=1
Друга опција која јас ја препорачувам и баш поради ниските камати јас ја реализирав, купи стан и издавај го под ќирија. За 3 год имаш околу 6000 евра. Само подобра опција во случај ан ликвидност ти е банката,
 
А каде ќе го пласираш преработеното?

Да бркаш за извоз нешто... само и тоа е мака да ги најдеш, богами ке се испотиш.

За бизнис треба да се седне да се запоти газот да се напраи план да се анализира, прашува.

Само нема подобро после од редовни клиенти :)

Иначе заборавив за берзата да се надоврзам претходно... ако си долгорочен инвеститор сеа на берза е најубаво за купување :)

Да не бегам ептен офтопик... мислам дека со моменталнава ситуација со стапките за штедење, не е исплатливо
 
Друга опција која јас ја препорачувам и баш поради ниските камати јас ја реализирав, купи стан и издавај го под ќирија. За 3 год имаш околу 6000 евра. Само подобра опција во случај ан ликвидност ти е банката,

и колку год ти требаат да исплатиш стан од 50 000 евра...мене ми е ова крајно лоша опција.....
 
А да не ви текнало да купите обврзници? Имаат од 4.5-8% камата плус и девизна евро клаузула плус и им растат цените. Плус и гарантира директно државата а не индиректно. Во овој момент посаглам работа се обврзници од евро депозити во банка.
--- надополнето: 10 мај 2013 во 00:10 ---
НАјдобро во секој случај е во евра. Како економист мојата заштеда е во евра,избегнувам денари поради лошо искуство на моите. каматата во евра пред 2,5 години беше 4,5% а сега е 2,60% на годишно ниво :ако ги урочиш тие пари ќе подигнеш околу 3300еур за три години што не е лошо/ Но ако сакаш квартално да ја вадеш каматата тогаш ке бидат помалку. Во секој случај парите ти се сигурни и доколку ти се јави потреба од кеш можеш кога сакаш да ја растуриш зачтедата, че изгубиш само дел од каматата. Јас имам во НЛБ и КБ но ти ја препорачувам http://www.nlbtb.com.mk/Default.aspx?mid=140&lId=1
Друга опција која јас ја препорачувам и баш поради ниските камати јас ја реализирав, купи стан и издавај го под ќирија. За 3 год имаш околу 6000 евра. Само подобра опција во случај ан ликвидност ти е банката,
Да во моментов недвижнини се подобра работа од евродепозити имаат од 3-6% рентен принос наспроти од 2.5% на евродепозити.
 
и колку год ти требаат да исплатиш стан од 50 000 евра...мене ми е ова крајно лоша опција.....
A Кој спомнал ОТПЛАТА на стан???/ збореме за инвестирање на сума пари , која ќе ти носи принос секој месец и како едн аможна варијанта, ако ти требаат пари станот сеуште можеш да го продадеш....
 
Najpametna varijanta za investiranje, imajki ja vo predvid momentalnata politicko ekonomska situacija vo makedonija i reogionot sekako e parite da se vlozat vo banka:) ..ne sala nastrana...iznenaden sum koga gledam kakvi giganti propagaat i rabotat vo zaguba, i tonat vo dolgovi...zemete go primerot so tobbaco ...imaa dukan na sekoj agol, i sto e najvazno klientela vo sekoja minuta od denot...ednostavno loso vreme za pocnuvanje bilo kakov biznis.
 
Ako oрочам пари на 3 месеци, со камата од околу 2,50% камата дали каматата ќе се пресметува и испаќа месечно или на крајот од орочениот период на целокупната орочена сума пати 2,5%?
 
Зависи каков пакет ќе одбереш. Има банки кои месечно ислаќаат, на истек на рок а има и однапред камата што даваат ама се е тоа на подолг рок.
 
Конкретно за НЛБ даваат 3% камата за орочување на 3 месеци. Ако ставам 100,000 денари значи секој месец ќе треба да земам по 3000 илјади денари камата а севкупно 9000 денари за сите три месеци. Така?
 
Не, 3% е годишно, не месечно.
На 100.000 денари ќе имаш мизерни 250 денари месечно.
 
Конкретно за НЛБ даваат 3% камата за орочување на 3 месеци. Ако ставам 100,000 денари значи секој месец ќе треба да земам по 3000 илјади денари камата а севкупно 9000 денари за сите три месеци. Така?

Сите камати се на годишно ниво. Имаш добар одговор погоре.
 
Конкретно за НЛБ даваат 3% камата за орочување на 3 месеци. Ако ставам 100,000 денари значи секој месец ќе треба да земам по 3000 илјади денари камата а севкупно 9000 денари за сите три месеци. Така?
Оп полека не е ова лихва.:) 100.000 ден месечно ќе имаш 250 ден. камата. Дали месечно ќе ги зимаш или на 3 месеци ич не е важно.
 
Мамицу им ја шалајбајзерка а камата за кредит може на месечно ниво да пресметува, крвопијци!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom