Епизодава беше натпревар во глума, кој од кој подобар. Претставувањето на новите ликови од House Tully беше направено со стил, едниот од нив (постариот) иако имаше само 2 линии текст веќе ми е еден од омилените во шоуто.
Се наежив на сцената кај гостилницата и на разделбата со Hot Pie (awesome as always). Дали ви текнува за која гостилница станува збор, од 1вата сезона? Последното место каде House Stark беше заедно и од каде сите срања почнуваат, со исклучок на "инцидентот" на Bran во Winter
hell, овај Winterfell де...
Ми се допаѓа темпото на разработка на карактерот на еден од главните антагонисти на серијата - Jaime (заедно со Theon и Tyrion можеби еден од најкомплексните ликови во серијата според мене). Ова најмногу ме плашеше како ќе се одвива бидеќи не е лесно со толку малку скрининг да се доловат мотивите зад неговите дела. Тежок никаквец е, тоа ни е на сите јасно од предходните сезони, но среќа за сите е што Nikolaj Coster-Waldau е одличен глумец па се надевам дека во понатамошниот тек на серијата ќе успее да го долови карактерот на начин на кој само читателите можат да го сфатат. Уживам во секоја сцена со него и заедно со Theon ми се омилени антагонисти! Love-hate relationship.
И да сцената со масата може да се каже дека беше хајлајт според мене. Најголемите играчи на едно место, целата таа сцена дури и пред да почне дијалогот беше толку моќна, самиот body language и позиционирање на масата ги покажуваше амбициите на секој од членовите на малиот совет.
За најмалку интересна сцена би ја одбрал таа со броделот, не дека ми сметаа разголените убавици, туку мислам дека од толку квалитетни сцени оваа ми беше некако out-of-place и исфорсирана. Освен како plot-device и comic relief неможам моментално да насетам која друга улога ја имаше сцената и во кој контекст ни ја прикажаа. Претпоставувам D&D знаат каде тераат и сигурно не е ставена туку така.
Back to the hibernation chamber until next week.