Goodfellas (1990)
Нема да пишувам многу бидејќи воопшто не сум воодушевен од филмот и го сметам за еден од најпреценитети филмови според рејтинг на IMDB. Не сум сигурен како издржав 2 часа и 20 минути да го догледам, веројатно да не имаше толку висока оцена немаше ни да го погледнам. Од мене добива 6/10
Goodfellas преценет филм?
Го исхејта најдобриот гангстерски филм на сите времиња, ок според многумина Кум е подобар, ама за мене Добри Момци е совршенство, неверојатен спој на одлична глума, одлично разработена приказна, течна нарација и ѕверски саундтрак. Најискрено не можам да му најдам ниту една маана (ако ги тргнеме на страна бројните goofs по кои Скорсезе е познат), глумата е перфектна, нема ниту една вишок сцена, приказната тече совршено, има хумор, драма, насилство, што повеќе сакаш од крими филм? Што конкретно не ти се допадна?