Инаку ТНБ има ставено во проекциите за до 2017 исплата на дивидена. Види во биланс на состојба разлика на капитален раст во однос на добивка ќе видиш дека во 2016 планираат да оди само 50% од добивката од 2015 во капитални резерви...остатокот оди во дивидена... А за данокот не ми јасно како толку малку плаќаат и сега. Да не прават некои даночни ујдурми...Може ќе го видиме Јанчевски некој ден како го изнесуваат со лисици на рацете и го прават цимер на Велија
...
Инаку според мене најголем проблем во планот на ТНБ е падот на капитална адекватност...Ако го имплементираат Базел 3 до 2017-2020. Може да ги натераат да го зголемат капиталот што значи и аш дивиденда пак. Незнам дали помислиле на тоа сега капитална адекватност е минимум 8% според Базел 2 ама според Базел 3 може да бараат и 10-13% а ТНБ планира од 14% да намали на 12% до 2017. Тој дел не ми се допаѓа и незнам колку е реален. Како и да е намалување на капитална адекватност ја прави банката поризична.
Како и да е проблемите им беа со структурата на Тиер 1/2 имаа преголем Тиер 2 (мислам дека тоа беше поради емисија на коорпотативни обврзници на ТНБ на странски пазари плус имаа и емисија на приоритетни акции) тоа е начесто т.н. субординарен долг или џуниор долг. Фино што сакаат да го испразнат Тиер 2 и успеале доста до сега ама...мислам дека имаат проблем со капитална адекватност. Така да не ми ме чудело да се попишмата за дивидена во 2016 и да се решат повторно да докапитализираат. Се зависи од Богов кога планира и дали планира да го спроведи Базел 3.
Инаку фино работи банката ми изгледа на добро менаџирана...А цената е багателна. Но проблем е структирата на капиталот и големината на билансот...не сум голем оптимист за дивиденда во 2016...плус и планираат 50% од добивка што е преоптимистичи. Но ако одржат стабилен РОЕ од 10% би било одлично што мислам дека можат.