Македонска берза

Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Во истиот документ ги читав табелите, за мене бројките се поверодостојни од изјавата, колку што знам не можат да поделат дивиденда без да платат данок на добивка.
--- надополнето: 4 април 2013 во 23:51 ---

... па видели.
Не ми изгледаш многу убеден во ова што го тврдиш, но од друга страна кога би сакал да купувам веројатно би ја употребувал твојата реторика.. ;)
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Не ми изгледаш многу убеден во ова што го тврдиш, но од друга страна кога би сакал да купувам веројатно би ја употребувал твојата реторика.. ;)
Сакаш да кажеш дека блефирам? Ако сакаш да ти го пратам продажниот налог за ТНБ од минатата недела. Дај немој со вакви муабети.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Сакаш да кажеш дека блефирам? Ако сакаш да ти го пратам продажниот налог за ТНБ од минатата недела. Дај немој со вакви муабети.
Poleka, ne sakav da te navredam. Zatoa i smesko staviv. Ako sum ti gi povredil cuvstvata-izvini. Samo seriozni muabeti od sega
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ок е, не се навредувам толку лесно.
Темава е за озбилни муабети и да се споделуваат информации, ако сакам некого да зае*ам може да го направам тоа и без форумов.

ПС. Еве доказ дека моментално нема куповни налози за ТНБ
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Инаку ТНБ има ставено во проекциите за до 2017 исплата на дивидена. Види во биланс на состојба разлика на капитален раст во однос на добивка ќе видиш дека во 2016 планираат да оди само 50% од добивката од 2015 во капитални резерви...остатокот оди во дивидена... А за данокот не ми јасно како толку малку плаќаат и сега. Да не прават некои даночни ујдурми...Може ќе го видиме Јанчевски некој ден како го изнесуваат со лисици на рацете и го прават цимер на Велија :D...
Инаку според мене најголем проблем во планот на ТНБ е падот на капитална адекватност...Ако го имплементираат Базел 3 до 2017-2020. Може да ги натераат да го зголемат капиталот што значи и аш дивиденда пак. Незнам дали помислиле на тоа сега капитална адекватност е минимум 8% според Базел 2 ама според Базел 3 може да бараат и 10-13% а ТНБ планира од 14% да намали на 12% до 2017. Тој дел не ми се допаѓа и незнам колку е реален. Како и да е намалување на капитална адекватност ја прави банката поризична.
Како и да е проблемите им беа со структурата на Тиер 1/2 имаа преголем Тиер 2 (мислам дека тоа беше поради емисија на коорпотативни обврзници на ТНБ на странски пазари плус имаа и емисија на приоритетни акции) тоа е начесто т.н. субординарен долг или џуниор долг. Фино што сакаат да го испразнат Тиер 2 и успеале доста до сега ама...мислам дека имаат проблем со капитална адекватност. Така да не ми ме чудело да се попишмата за дивидена во 2016 и да се решат повторно да докапитализираат. Се зависи од Богов кога планира и дали планира да го спроведи Базел 3.
Инаку фино работи банката ми изгледа на добро менаџирана...А цената е багателна. Но проблем е структирата на капиталот и големината на билансот...не сум голем оптимист за дивиденда во 2016...плус и планираат 50% од добивка што е преоптимистичи. Но ако одржат стабилен РОЕ од 10% би било одлично што мислам дека можат.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
субординарен долг или џуниор долг.
Тој долг е 30 милиони евра и треба да го вратат во следните 5 години, значи по 6 милиони секоја година помалку во ставката профит.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Тој долг е 30 милиони евра и треба да го вратат во следните 5 години, значи по 6 милиони секоја година помалку во ставката профит.
Да треба да го вратат тоа или барем најголем дел од него не е непоходно цел ама треба најголем дел...и да продолжат со докапитализација во следните години 5 години...што во пракса значи нема дивиденда...Но проблем е што ако Богов бара поголема адекватност на капитал тоа ќе биде проблем за сите банки не само за ТНБ сите големи банки имаат окулу 14% CAR. Не ми изгледа реално дека е можно да се спроведе Базел 3 во Македонија во оргиналната форма мислам дека има системски проблем. Што се однесува до ТНБ мислам дека нема да им е проблем се да вратат зеамот и да се докапитализираат покажуваат голема отпорност на кризи...и 2009 и 2012 имаат солидна добивка за условите на работа...тоа е добро само не ми се допаѓа CAR воопшто. Во основа добра фирма ама направиле некој потези во минатото за што мора да плаќаат сега...
 
Член од
22 јуни 2009
Мислења
89
Поени од реакции
3
Fabrika Karpos ke ja prodadat za 180 denari/akcija i posle ke vredi 750 denari/akcija. GIM si ja zema za dzbe pari. Bogami i ke bide...eden od poserioznite igraci vo idnina. karpos sigurno za 1 godina ke stane x5 od denesnata cena.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496


Гувернерот на НБРМ Димитар Богов најави прегрупирања на македонската банкарска сцена. Тој во интервју за телевизијата 24 Вести вели дека очекува окрупнување на македонскиот банкарски сектор, без да прецизира за кои имиња станува збор.
„Ќе има спојувања и преземања меѓу постоечките банки“, изјави Богов, не исклучувајќи ја можноста за појавување и на некое име од надвор, кое како што рече тој, сепак не е од најзвучните светски имиња.
Според Богов многу е поверојатна опцијата за внатрешни окрупнувања на банкарската сцена. Разбирливо неговата позиција не дозволува да се открие повеќе се додека сопствениците на самите банки не навестат за што поточно станува збор.
Дека банкарскиот сектор во земјава го очекуваат големи поместувања, претходно, практично најави дотогашниот директор на Стопанска Банка Скопје, Глигор Бишев, која е во тројката најголeми македонски банки, заедно со Комерцијална Банка и Тутунска Банка. Бишев, за многумина неочекувано, замина за прв човек на Шпаркасе Банка, поради што сега многумина сметаат дека токму од оваа банка ќе се покренат идните случувања во банкарскиот сектор, кои можат да завршат со спојување, окрупнување или пак преземања на некои од постоечките банки во земјава.
Во Македонија во моментов егзистираат 16 банки, при што за некои медиумите постојано шпекулираа дека се на продажба, но во практиката во последниве две години немаше големи поместувања. Најголем дел од нив се или доминантно со странски капитал, или пак во акционерската структура имаат некоја од меѓународните финансиски институции. Од трите најголеми банки, две се во сопственост на странски банкарски групации.
------------------------
Ќе биде ли Шпаркасе-Комерцијална ???
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Јас повеќе мислам на спојување Шпаркасе со Тутунска, власиве нема да ја дадат Комерцијална за евтини пари, плус Тутунска има далеку подобар кадар, млад, добро обучен… Со самото преминување на Бишев во Шпаркасе претпоставував дека ќе има вакво нешто.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Јас повеќе мислам на спојување Шпаркасе со Тутунска, власиве нема да ја дадат Комерцијална за евтини пари, плус Тутунска има далеку подобар кадар, млад, добро обучен… Со самото преминување на Бишев во Шпаркасе претпоставував дека ќе има вакво нешто.
А зарем мислиш дека Јанезите ќе ја дадат ефтино нивната најпрофитабилна подружница?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
А зарем мислиш дека Јанезите ќе ја дадат ефтино нивната најпрофитабилна подружница?
Па мислам дека би беле поевтини од КБ, плус веќе имале еден неуспешен обид да ја купат. Згора на тоа КБ е тесно поврзана со политичка партија, а и од НБРМ очекувам да се заангажираат за да се продаде Тутунска поради сите муабети што се вртат за централата.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Два интересни наслови кој ги засегаат банките и акционерите на истите.
Чистка во банкарските биланси: Дали новите правила на НБРМ ќе удрат врз профитот?

Богов: Време е да се види дали банките покажуваат реални профити!

Да не ги копирам зошто малку се подолги текстовите...
Во пракса значи...дека ако за 5 години не ги елиминараат хипотеките последователно за секоја година ќе треба да одвојуваат 20% од проценетат вредност за резервации. Целта е да се стимулираат банките од биланси да ги тргнат запленетите имоти. Во праска ништо не се менува но може да има влијание како се изразуваат профитите и како одат во капитални резерви доходите. Трикот е што постепено се префлра вредноста од средства во обврски на запленетиот имот и со тоа да паѓа капиталот на банката (барем сметководствено). Целта е колку што разбирам да се стимулира продажбата на имоти ако не сакаат да ги прогласат дека не се ликвидни или не докапитализирани. Значи може сметководствено да се намали нето добивка а да појавуаат чудни растови на капиталот на банката на таа при продажба на имот- кој наводно не вреди ништо. Значи имотот може да има 0 вредност сметковдствено а пазарно да има одредена вредност.
Значи треба внимателно да се читаат финалните извештаи. Според мене проблем ќе биде толкувањето на извештајот зошто не е баш исто како до лани. Што значи дека банкарскиот капитал може да биде поценет. Просто кажано Богов сака да ги направи извештаите полоши од што се за да може после да ги тера Банките да обезбедуваат ликвидност и да се докапитализираат со продажба на наводно „безвредни“ имоти.
Со ова може да се подобри ликвидноста и капитализацијата на банките што е добро...само сметководството ќе стане чудно и позамрсено.
За џабе тупи Богов дека профитите на банките биле нереални сега ќе бидат уште понереални...кај се видело недвижен имот да губи 20% вредност годишно? Фината е да се чита во обврски- структура на резервации таму може да се крие нешто што не е обврска туку средство...може сега профитите да беа преценети ама со ова најверојатно ќе бидат потценети и доста нестабилни ако некоја банка се одлучи многу имот да продава што им бил запленет долго време...сума сумарум ова би требало да го направи банкарскиот систем постабилен и посигурен но ќе биде малку потешко за проценка на вредноста на банката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom