А кој кур србиве седнаа да преговараат? Од една страна се држат до резолуцијата на ОН а од друга страна преговараат со Косово како држава, Дачиќ се ракува со Тачи пред камери како да се сретнал со Путин! Со преговорите фактички го признаа Косово како независна држава и јасно е дека од преговорите може да изборат само некоја небитна одстапка на локално ниво, србите на косово да решаваат сами како ке го собираат ѓубрето од улиците, водоснабдувањето, канализацијата и слични локални глупости....
А зашто и ние и било кој преговара под нивни услови?
Зашто ние прифативме да немаме национален симбол на знаме или грб?
Зашто прифативме во нашиот устав да се откажеме од грижата за македонските малцинства во соседните држави?
Зашто прифативме да преговараме за НАШЕТО име?
Зашто прифативме крвниците и душманите наши да седат у власт?
Зашто прифативме да ги ослободиме воените злосторници од одговорност?
Зашто прифативме неприродно скроени општини, само за Албанците да имаат мнозинство?
И уште многу, многу работи, кои ни се наметнати од ЕУ и западот, а нашите претставници во власта одлучија дека е исправно да се прифатат.
Една од најсмешните работи е претставувањето на овие несреќи, како работи кои мораат да се направат во национален интерес.
Според се, некој со барем малку логика, ќе сфати дека ЕУ и западот, прави се што е спротивно на интересите на Србија и Македонија, во сите случаи. Дали фантастичните теории за заговор против Православните имаат потпора во реалноста? Не знам, но факт е дека секоја одлука за секој проблем, до сега, оди на штета на Македонија и Србија. Ги ставам во ист кош само затоа што подеднакво им се нанесуваат неправди.
Непобитен факт во целата работа е безрбетништвото и на нашите и на српските политичари, кога се во прашање националните интереси, во корелација со таканаречените евроатлански интеграции. Мислам дури дека српските политичари ги шијат нашиве, во лижење газови, што е скоро и невозможно, али ете се потрудиле (они прифатија и HAARP и GMO).