Ако сака полн буџет, Србија до вторник мора да се откаже од Косово!

Статус
Затворена за нови мислења.

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Поентата на Вучиќ е како Еу и С АД се служат со закани да остварат нивни интереси . Инаку за твоја информација пред релативно брзо време Русите на Србите им дадоа дебел кредит по поволни услови! Без притоа да ги уцеенуваат! Повеќе кредити даде Русија за Србија.Некој се земени некој допрва ќе се дадат. Не можам ме мрзи сите кредити да ги барам што ги има дадено Русија или што ќе ги даде.
Еве министар за финансии Динкик што вели-одбиване ке биде индиректна изолациja. Србиja несмее и да помисли за вакво нешто.
Основни трговски партнери - Германиja и Италиja.
http://www.rts.rs/page/tv/ci/story/17/РТС+1/1297834/Млађан+Динкић,+министар+економије.html
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Па што да проба, тоj во дневник на РТС jaсно рече-мора да бираме мегу две злини. Или признаване на Косово без привилегии за северниот дел или да се повлекат от преговорите и да не прифатат ништо. И двете са многу штетни за Србиja. Прашане е што ке решат сега.
И малите деца вече знаат,дека целта е создаване на нешто како република Србска и праване на Косово возможно повеке нефукционална држава. Печелане на време и един ден да се решат и БиХ и Косово. Таа приказна помина во БиХ, но чичо Сам и тетка Меркел видеха,за што станува прашане во Бих и тежко да дозволат уште един пат да видим република Србска но на Косово.
На Србите веќе Косово почна да им станува терет. Сите потајно сакаат да го признаат и да го тргнат тој проблем од глава. Ама им треба виновник. На евробирократите не им е проблем да бидат тоа. Мислам дека конечно се најдоа. Србите од Косово ќе ја обвинуваат власта, власта ќе ја обвинува ЕУ и решен проблем. А вујко Сем и хер Ханс немаат толку исти гледишта за Балканов. На Америте им одговара Косово, БиХ и Македонија да останат во сегашниве граници и дисфункционални, додека пак Германците се поочигледно форсираат поделба и создавање на функционални држави.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Косово покрај тоа што е амерички протекторат и продолжена рака на контра разузнавачката служба, стана и буквално колонија на САД И Германија.

Треба само да виде кој ја зема концесијата за експлоатација на рудните богатства на Косово како лигнитот, и секако концесијата за телефонски оператор таму за да малку биде појасно зошто беше направен преседанот.

Германија веќе почна да игра на карта за експолоатација на природни богатства, имаше и убава анализа на офнет за тоа зошто е пропаднат и обезвреднет Кипар веднаш по откривањето на големата количина на извори на гас.

Инаку Србија не ја заболе за Косово во моментот, дури и да им го дадат не би го сакале.
Да контролираш онолкава територија од сопствен буџет и население кое не плаќа никакви давачки кон државата и цело време гледа истата да ја уништи не покрај тоа што не е рентабилно, туку е и невозможно.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Србите сами се криви за ситуацијава.Продаваа имоти на Косово за 2-3 пати повисоки цени од пазарните на Албанци.И сега тие Срби викаат "Косово је срце Србије".И сега Србија што корист има од Косово со 1,7 милиони Албанци?Само терет ќе и биде.
Требаа да мислат пред 50-60 г.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Србите сами се криви за ситуацијава.Продаваа имоти на Косово за 2-3 пати повисоки цени од пазарните на Албанци.И сега тие Срби викаат "Косово је срце Србије".И сега Србија што корист има од Косово со 1,7 милиони Албанци?Само терет ќе и биде.
Требаа да мислат пред 50-60 г.
Isto kako Makedoncite...samo sto cenata e posto poto....samo da izbegaat!
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Со Дејтонскиот мировен договор е потпишано дека Хрватска го гарантира Суверентитот и Територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.Плус Саудиска Арабија фрла милиони долари за развивање на Исламот во БиХ, а и турскиот премиер Ердоган рече ,,БиХ е мала Турција на балканот'' што значи дека и Турција ќе ги брани своите интереси таму,така да пред да се отцепи Република Српска треба малце да се замисли каква ќе биде реакцијата на тие околу нив...

Србија постапува многу глупаво,сака да се држи и со ЕУ и со Русија а тоа неможе.Кога така постапуваат ова што им се случува е сосема заслужено,како и на остатокот од светот..
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
ПАДНА УЛТИМАТУМ ОД БРИСЕЛ
Додека го читав овој текст ми текна на Македонија и со кој уцени она ќе се најде откако Запад ќе ги испегла Србите. И како со сила ќе ни бараат да менуваме име . И после неколку дена прочитав текст кој како јас да сум го пишувал. Секоја чест на текстот.


Басна за стапот и морковот

Тактиката во спроведувањето успешни преговори по евроатлантска матрица е следна: се фрла јадица со примамлива мамка. На неа први натрчуваат таканаречените капиталци, односно горните, елитни или управувачки слоеви. Ако рибата што ја залапала јадицата во меѓувреме сфати дека е на пат да заврши во тава за пржење и почне да се батрга, риболовецот го активира методот на стап и морков




Заинтересирано и сконцентрирано ја следев последната рунда од преговорите на Белград и Приштина во Брисел што ги олеснува Кетрин Ештон во името на ЕУ. И цело време имав чувство на веќе видено и преживеано, складирано некаде во свеста како сознание и информација, ама дури сега, со временска дистанца и ослободено од емоции, ја согледав сликата во целина. Имам намера да ја споделам со вас само поради една причина: она што денес го доживува Србија на патот до остварување на своите стратегиски цели, нѐ очекува и нас за некое време.

И ние, како и Србија, одамна ја имаме залапано јадицата и нам ни е поставен не еден ами повеќе ултиматуми ако сакаме да добиеме членство во ЕУ.

Србија треба официјално самата да си ампутира дел од телото, а Македонија самата официјално да се самоубие. Настанот што се одигра во Брисел е поучен од повеќе аспекти, а мене особено ме интересира дали и колку Македонија сега има политичка и интелектуална сила да им парира на ваков вид преговори каде што во финишот таканаречениот олеснувач-посредник се претвора во суров кршач на коски.

Политиката на сила што сѐ уште доминира во овој наш свет во транзиција има соодветна дипломатија. Таа не е квалитетно различна од гангстерајот. Тоа што дипломатите пред новинарите говорат како питии и носат смокинзи и бели ракавици ич не значи дека си имате работа со господа. Зад затворени врати, на преговарачките сеанси, во билатералните средби, а далеку од очите на јавноста, фрчат навреди, закани по живот, уцени од секаков тип, пцости и вулгарности што пристоен свет не може ни да ги замисли. Се разбира, за да стигнете до тоа ниво, претходно треба да сте поверувале дека оние што во првата фаза ви се понудиле да ви го штитат дуќанот од криминалци се пристојни луѓе. Ќе се разбудите дури откако ќе ви дојдат на крајот на неделата да си ги побараат парите за заштитата. Ако не им ги дадете, веднаш почнува курсот за превоспитување, кога директно и болно ќе разберете во каква игра сте се впуштиле. Ако и натаму се копрцате верувајќи дека си имате работа со цивилизирани господа, ќе се сретнете со цел спектар казни од истурање бомби до изведба на атентати.

Во ваков вид политика на сила многу важна ставка е утврдувањето на точката на топење на оние што преговараат. Заговорниците на политиката на сила не се впуштаат во олеснување, кобајаги посредување и помагање доколку претходно не направиле психопортрет на преговарачите, народот, односно теренот. Тоа го прави агентура како претходница. Кој го следеше Викиликс има претстава за што зборувам.

Тактиката во спроведувањето успешни преговори по евроатлантска матрица е следна: се фрла јадица со примамлива мамка. На неа први натрчуваат таканаречените капиталци, односно горните, елитни или управувачки слоеви. Ако рибата што ја залапала јадицата во меѓувреме сфати дека е на пат да заврши во тава за пржење и почне да се батрга, риболовецот го активира методот на стап и морков. Со други зборови, на рибарски супериорен начин му вели на кленот: Ако не ме препотуваш и мирно се согласиш да те спржам, нема да те болат тие неколку последни минути. Значи, ќе ќариш морков и за тебе и за другите рипчиња од твојот сој. Ако пак мрдаш многу, има да те клепнам по глава со стапот, при што ти ќе умреш експресно, а твоите од јатото ќе умираат на рати и пак на крајот ќе се најде некој „рационален“ (лаком) клен што ќе прифати уште полоши решенија во преговорите што ќе ги водиме ние.

Преговорите во изведба на евроамериканците, нивната политика во светот не е ништо друго, освен басна за стапот и морковот. Оваа басна има наравоучение, кое гласи: кога изборот ти е стап или морков, имаш само еден избор - ќе го јадеш стапот, а добивката ти се сведува на твоја слободна одлука дали ќе умреш засилен со бета-каротин или на оној свет ќе отидеш со витамински дефицит.

Тоа им се случи на Србите сега во Брисел. Ја залапаа јадицата со датум за почнување на преговорите за членство во ЕУ. За да стигнат дотука, претходно поверуваа (или така си ги лажеа луѓето) дека признавањето на Косово не било услов за почнување на преговорите. Се залажуваа дека имаат гаранција со тоа што овој ултиматум не бил запишан во ниту еден официјален евроатлантски документ. Решија оптимистички на ЕУ да ѝ доверат функција на олеснувач, медијатор или посредник во преговорите со Приштина и така да покажат добра волја и кооперативност со оној што го молат да ги зачлени. И сега, да простите, го папаат. Имаат избор змија да ги апне или магаре да им го бапне. „Изборот“ ама ич не е филозофски.

Зошто го кажувам сето ова?

Прво, зашто ние на ова поле сме паталци со стаж. Уште од времето кога се јавивме на конкурсот за независна држава што го објави ЕЕЗ. Имаме елити поради кои етапно залапуваме јадици што ги фрла пасиониран риболовец што ужива во играта на која мисли дека ѝ го знае исходот. Предозирани сме со бета-каротин, кој го примаме преку пишани извештаи, додворувачки изјави што немаат тежина на гаранции, а сепак редовно го јадеме и стапот. И пак не ни текнува да прогласиме макар еднаш дисконтинуитет, па да апстинираме.


Имено, од некои необјасниви причини, а по искуството со ЕУ и НАТО да исполнуваме дури и непристојни услови, да завршуваме зададени задачи и директиви и за тоа да сме само казнувани, ние доброволно, како и Србија, се согласивме да ги користиме посредничките услуги на ЕУ и да го релативизираме местото каде што единствено треба да преговараме - ООН. Имено, таму Србија ја штити резолуцијата 1.244 (ООН не смее без одлука на СБ да ја прими во членство државата Косово дури и ако ја признаат сите држави на светот и членки на ООН), а Македонија резолуцијата 817, чија содржина сите ја знаете. Македонија дури е во подобра позиција, зашто со Привремената спогодба, уште еден плод на избор во цајтнот помеѓу стапот и морковот, токму тој фамозен единствен член 11 што силеџијата што ја составувал од позиција на арогантност дозволил да фигурира, е во наша полза и неочекувано за силниците поради променетите светски услови, доби потврда со хашката пресуда.

Е, ама, од некои причини, ние овде се израдувавме дека Филе ќе му олеснува на Нимиц, па тука почна да се рекламира перспективниот морков што ни го нуди Штефан Филе како примарна преговарачка позиција. Со таков „мандат“ како еден вид преговарачка предигра (евроатлантски синхронизирана) во следната риболовна сеанса ни влета олеснувачка европска тројка пред локалните избори за да утврди точка на топење на власта и опозицијата.

Уште една замка им наместија на Србите, а тие дури сега ја видоа. Олеснувачката Ештон како притискач во сенка, во Брисел го повика претставникот на Стејт департментот. Имено, кога како олеснувач ќе ја добиете леди Ештон, треба да сте на јасно дека таа еднострано ќе навива за Грција, а ќе ја слуша Америка. Ќе навива и за голема Албанија (стапот), зашто преку рамковниот договор (испреговаран со виткање раце и кршење коски) во преамбулата на Уставот на Македонија самите како кленови сте прифатиле државата Македонија да ја претворите во фирма во која, иако мнозинството акции ги имаат Македонците, сепак златната акција (одлучувачкиот глас) што сте ја спечалиле во Втората светска војна, со политичко-експертско-медиумски консензус сте им ја подариле на група бандити во 2001 година.


Србија се изненади кога разбра дека Ештон како свој олеснувач, а во полза на Приштина, го викнала Филип Рикер. Белград, ете, не се сети да ја повика самоиницијативно Москва на неформална советодавна испомош како член на СБ. Макар за рамнотежа во психолошката игра на нерви. Не ги имаше на ум преговорите во Рамбује, Дејтон и Куманово. Ниту научи нешто од случаите со Либија и Сирија за важноста на деталите во пегланите резолуции на Советот за безбедност што значат некогаш живот или смрт.


Македонија, од друга страна, си остана врзана само за едниот столб на политиката на сила - западниот, без оглед на драматично променетите светски услови. Не побара ниту најде поддржувач „заштитник“ во некоја од петте членки со право на вето на СБ при ООН.

Јас само се надевам дека уште сега нашите идни преговарачи ќе бидат луѓе што не се палат на моркови, со интегритет, висок коефициент на интелигенција, многу знаење, цврст ’рбетен столб и самосвест за да не заврши цел еден народ во тавче како пржена риба. Можеби наивно верувам дека претстојната заедничка седница на владите на Македонија и Србија ќе биде искористена за расветлување на преговарачката рунда што заврши како што заврши.

Автор: Mирка Велиновска

.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=451397555&id=13&prilog=0&setIzdanie=22848.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Да.После Србите,на рeд сме ние за "решавање".
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Како и обично, одлична колумна од Мирка и големо предупредување што не чека во Македонија!

Во понеделник, српското раководство ќе треба да се изјазни за ултиматумот што им е даден. Се работи за класична уцена. За време на разговорите имало дерење, посебно од страна на Тачи спрема Вучиќ, изгелда тој дивјак не можел да се контролира.

Вучиќ кога го видел предлогот што им бил даден, рекол вие мора да се шегувате со нас. Ештон се однесувала како ништо да не се случувало порано, само испорачала барање од Србите и ЕУ и Америка очекуваат истото да се исполни без приговор. Сега изгледа Србиве не знаат како да му кажат на народот.

Основано претпоставувам дека Николиќ и Дачиќ се многу добро кеширани од ЕУ и Америка да го завршат процесот на крадење на Косово од Србија.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
ИВИЦА ДАЧИЋ:

Ово што је предложено – не може да прође
http://www.politika.rs/rubrike/tema-dana/Ovo-sto-je-predlozeno-ne-moze-da-prodje.sr.html

Се јави и СПЦ
Дух данашње Европске уније није, нажалост, дух добре старе Европе. Ми и даље јесмо за идеју слободног духовног и економског обједињавања европског континента, али никако нисмо за пројекат поробљавања или понижавања било које европске државе, па ни наше Србије.
Уверени смо да ниједно државно руководство Србије, па ни данашње, нема ни право ни мандат да пристане на услове који нису испостављени ниједној другој држави кандидату за чланство у Европској унији. Улазница је прескупа. Србија не би смела да пристане да унапред плати такву цену за робу која јој можда никад неће бити испоручена. Она то никад у својој историји није учинила, без обзира на чашу жучи коју је због тога из века у век морала да испија.
Најважније предизборно и непосредно постизборно обећање вас који сте добили народно поверење да у бурном и смутном времену водите државни брод Србије било је да ни под каквим условима нећете ни предати, ни издати, ни продати Косово и Метохију, историјску Стару Србију.
http://www.politika.rs/rubrike/Politika/Patrijarhov-apel-Drzavnom-vrhu-Srbije.sr.html

Судејки по ова,тешко дека ќе го прифатат ултиматот.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
Na eden ili na drug nacin kje mora da go prifatat ultimatumot .... ete kako toa inace ide sto go objasnila Mirka Velinovska. 3te fazi niz koi celi drzavi pagjaat ... nie go preziveavme toa nesto so Boris Trajkoski

1. Korupcija na momentalnata Politicka Garnitura ( se davaat milionski sumi na aktuelnata politicka vlast od strana na evroamerickite kurvi so cel da bidat mirni poslusnici i milenici na zapadnite interesi dodeka gi sporoveduvaat taka kako sto oni sakaat )
2. Predizvikuvanje na problem i butanje od vlast na taa Politicka Garnitura ( vo slucaj ako ne se podkupi vlasta sleduva obid na butanje na taa vlast (vo forma na protesti i buntovi) i stavanje na vlast druga politicka garnitura koja predhodno se imaat dogovoreno so evroamrickite kurvi deka kje sluguvaat na nivniot plan a za taa smetka da zemat golemi pari od nivnite gospodari )
3. Predizvikuvanje na Vojna t.e. ubistvo na Liderite na Vlastta vo opredelenata zemja koja im e na meta (ponekogas i bukvalno ubistvo na Glavata na vlastta poradi ne poslusnost i ne pokoruvanje na evro americkite kurvi. Takov bese slucajot i so Kadafi koj ne e opisan vo filmot. Vojnata obicno predhodno e opravdana so cel napadot ili vojnata da bidat opravdani od svetskata auditorija i da izlezat cisti od likvidiranjeto na vlasta koja sluzela na sobstvenite nacionalni i drzavni interesi nasproti evro americkite interesi.

Ete vo odoj del toa nogu nogu ubavo e opisano. Ne znam kolku e istina no mene mi izgleda 110% istina.
I koga kje poglednes tuka na balkanot e nogu lesno da se napravi toa osobeno koga gi imas albancite kako osnoven argument za predizvikuvanje na 3tata faza od nivniot plan.

 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Судејки по ова,тешко дека ќе го прифатат ултиматот.
Ни могат да го примат, ни могат да го одбиjaт. Тоа е проблемот.


Дачиќ: Србија сака продолжување на преговорите со Приштина

Белград сака да го продолжи дијалогот со Приштина и е подготвен дури и на дирекни преговори со косовските претставници без посредништво на ЕУ, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ во интервју за парискиот весник „Монд“.
Дачиќ нагласува дека Србија не може да го прифати сегашниот предлог-договор што во вторникот ЕУ им го достави на Белград и на Приштина, но во исто време, според него, не може ниту да го одбие бидејќи во тој случај не би добила датум за почеток на преговорите членество во Унијата.
- Србија сака да се сврти кон иднината, односно да го реши прашањето со паралелните структури и да најде начин за интегрирање на Србите во приштинскиот систем. Но, предлозите од Косово се понижувачки, неприфатливи и неприменливи на теренот. Ситуацијата е речиси смешна. Не ни нудат ништо. Како да го прифатиме тоа, истакнува Дачиќ во интервјуто.
Според него, станува очигледно дека целта на преговорите била да се натераат Србите да прифатат се да биде во согласност со косовските закони.
- Штом е тоа толку лесно, зошто ме викаа да преговарам? (Косовскиот премиер Хашим) Тачи можеше да отиде на северот и сам да го реши проблемот. За тоа имаше 14 години, додава Дачиќ.
Запрашан дали до вторник кога истекува рокот што Брисле им го даде на Белград и Приштина за прифаќање на понудениот договор, може да биде постигнат компромис, Дачиќ одговара дека Србија не може да го прифати предлогот, додавајќи дека во според со него Планот на Ахтисари претставува „дар од Бога“.
Дачиќ оценува дека Србија се наоѓа „во жива кал во која тоне се подлабоко се секое движење“ и дека „никој не и пружа рака за помош“.
- Немаме поддршка како Тачи, кој зад себе ги има не само САД, туку и ЕУ. Ние сме целосно сами... Пред седум векови ја браневме Европа од Турците, а сега таа иста Европа на напушта... Тоа треба да се промени, истакнува Дачиќ во интервјуто за „Монд“.
http://alfa.mk/News.aspx?id=54042#.UWGC3qLQlKU
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Условите што ги дадоја се неприфатливи , а алтернативате е уште полоша
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Само што го одбија предлогот Србите.

Меѓутоа, соочени со можна репрекусии и можен напад на северот на Косово, бараат итно да се продолжат разговорите под капата на ЕУ.
 
1

1292

Гостин
Само што го одбија предлогот Србите.

Меѓутоа, соочени со можна репрекусии и можен напад на северот на Косово, бараат итно да се продолжат разговорите под капата на ЕУ.
Дежер: Није судњи дан

Америка подржава наставак дијалога

Како што си и мислев, западниве блефираа. Кога видоа дека планот не им успеа одеднаш вторник стана еден обичен ден а преговорите си продолжуваат најнормално.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom