HBO и франшизата Game of Thrones имаат големо изненадување за македонските љубители на популарниот серијал. Имено, жената на Peter Dinklage, познат како џуџето Tyrion Lannister од серијата, Меланија Арсовска - Dinklage е со македонско потекло а нејзината баба потекнува од Мариово. Минатото лето Mеланија и Peter биле во кратка посета на родното место. Сосема случајно, продуцентите на серијалот ги виделе сликите од Македонија, по што се заинтересирале за локациите, бидејќи веќе подолге време не можеле да најдат соодветен терен на кој би биле изградени кулисите за замокот на Lannister-ите. Камениот терен околу Мариово и Штавица, каде се снимени неколку филмови до сега, се испоставило дека е совршен.
После снимањето во Мароко и Северна Ирска, Македонија е третата светска дестинација каде ќе се снимаат две епизоди од 4-тата сезона а во нивната изработка ќе биде ангажиран и дел од македонската докажана филмска елита: FX3X кои работат на специјалните ефекти и Лабина Митевска која го синхронизира Змејот!
Како куриозитет, дознаваме дека за улогата на змејот се водела мртва трка помеѓу Сашко Коцев, Гораст Цветковски и Лабина, но сепак пресудни атрибути Лабина да ја добие улогата биле хуморот и машкоста.
http://www.centrala.mk/vest/431/lambe-pistolero-posle-postot
(да, веста е пригодна, во контекст на датумот :р)
у старт се глеа дека е заебанција, CastleRock е карпа на брег.....