Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

G

Geezer

Гостин
Овој негов цитат, овие зборови, од сликава погоре, треба да бидат во учебник! Нека ги прочитаат сите и нека стават прст на глава.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.638
Поени од реакции
31.857
Еден од ретките новинари кој беше пример за тоа како треба да делува опозицијата како да укажува машки, со факти, основано на грешките со цел да се пофали или турка владата ако не ја бива. Новинар кој со критиките придонесуваше барем до некаде да се замислат главите кои ја водат државата, било во режимот на едните, било во режимот на другите. Тука сега се отвора една длабока дупка и недостиг на нешто вакво.
Нека почива во мир...........
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.996
Поени од реакции
7.151
Многу забегани работиве во нашава држава, штом ќе се каже ваква вест, одма на сите прва помисла им е дека е ликвидиран човекот. Исто ко за поштата кога се запали, прва помисла на сите дека сами ја запалиле.
Стварно сме забеган народ, и се‘ си останува на шпекулации, и ние се‘ си забораваме за ден-два, и така.

Инаку, почивај во мир младичу.
Длабоко сочувство до фамилијата и блиските.
Не се работите туку-така забегани, него светот едноставно така функционира. Атентати, местенки, исценирани работи!!! Тоа е реалноста, за жал... новинар од таков профил ќе заврши на ваков начин?! My ass...Како еднаш не се случи некој криминалец, некој апаш, олигарх....за сите лоши работи шо ги правел, да му се врати казната и вака од обична сообраќајка да загини? НЕМА, ТОА ВО ОВОЈ СВЕТ НЕ СЕ СЛУЧУВА! Али случаеви како овој, има низ светот да ги риниш со лопата....
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.058
Поени од реакции
761
Добро, како беше можно да загине у Мерцедес С класа од последна генерација? Па луѓе, тоа е кола која е неверојатно многу безбедна и при удар и при управување. Гумите на тој мерцедес и да се дупнат можат безбедно да возат уште 80 до 100 километри, бидејќи не се издишуваат целосно.
 
Ќе цитирам еден твитерџија: ''Штом после вакви ситуации, одма помислуваме дека е случен атентат, покажува во каква држава живееме''.
Тажната реалност.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.996
Поени од реакции
7.151
Ќе цитирам еден твитерџија: ''Штом после вакви ситуации, одма помислуваме дека е случен атентат, покажува во каква држава живееме''.
Тажната реалност.
Нема шо да се помислува, јасно е како ден тоа :(
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.263
Поени од реакции
9.044
Добро, како беше можно да загине у Мерцедес С класа од последна генерација? Па луѓе, тоа е кола која е неверојатно многу безбедна и при удар и при управување. Гумите на тој мерцедес и да се дупнат можат безбедно да возат уште 80 до 100 километри, бидејќи не се издишуваат целосно.
Гумата е распукана, не е издишана
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Добро, како беше можно да загине у Мерцедес С класа од последна генерација? Па луѓе, тоа е кола која е неверојатно многу безбедна и при удар и при управување. Гумите на тој мерцедес и да се дупнат можат безбедно да возат уште 80 до 100 километри, бидејќи не се издишуваат целосно.
Издишено е некое црево за глицерин изгледа.Со маказа или цвик-цангла
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Добро, како беше можно да загине у Мерцедес С класа од последна генерација? Па луѓе, тоа е кола која е неверојатно многу безбедна и при удар и при управување. Гумите на тој мерцедес и да се дупнат можат безбедно да возат уште 80 до 100 километри, бидејќи не се издишуваат целосно.
Ми изгледа како Е класа, уште по безбеден, само многу битно е дали бил врзан со каиш
 
Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.024
Поени од реакции
645
Ми изгледа како Е класа, уште по безбеден, само многу битно е дали бил врзан со каиш
Е класа му беше, во моја близина живееше... Нека му е лесна земја.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Матна сообраќајка.
Таа кривина со Rover 620ti ја имам фатено со 240 km/h,а последните 4-5 метри со половина десна страна возев на песокот и морав да намалаувам со моторно кочење да не излетам од патот.

Лесна му земја
Умрел човеков ама ти битно се пофали.
Читај поубаво и свати ја мислата што сакав да кажам.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Ќе цитирам еден твитерџија: ''Штом после вакви ситуации, одма помислуваме дека е случен атентат, покажува во каква држава живееме''.
Тажната реалност.
Ќе цитирам еден форумџија... „Штом после вакви ситуации, одма помислуваме на случен атентат, покажува дека многу серии гледаме.“
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Ќе цитирам еден форумџија... „Штом после вакви ситуации, одма помислуваме на случен атентат, покажува дека многу серии гледаме.“
појасни те молам??
 
Гледаме и тоа држи вода. Но, сериите изгледа се пресликаа во реалност, во нашава земја. Околу нас. Или се во фаза на пресликување.
Не коментирам ништо, не е човечки, нека поминат неколку денови и недели, па ќе дискутираме пак.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
појасни те молам??
Па некој вика дека не чини државата штом одма помислуваме на атентати. Јас велам дека гледаме премногу серии и филмови. Во претходната година имаше еден куп сообраќајки и починати по нашите патишта, тешко тој што си оди. Не мора да има нешто криминално зад таа несреќа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom