Треба да одлучам какви цевки за централно греење да пазарам (за во под, треба кошулица на подот да се става потоа). Опциите се:
- турски, некои алупласт или алуфлекс, реалативно евтини, близок роднина ми ги фали многу, наводно истите ги користела топлификацијата во Словенија
- италијански, некои 30-тина % поскапи од турскиве и наводно не многу поквалитетни
- австриски Херц, некаде дупло поскапи и наводно најквалитетни на наш пазар
Роднинава се колне во турскиве, негов ортак професионално ги користи во сите инсталации без проблеми (плус ќе ми ги најде за набавна цена). Од друга страна кога ќе се зацементира кошулицата секакви интервенции заради евентуални порблеми се многу сложени и скапи.
Се работи за накај 150 метри должина и мислам дека можам да си ја дозволам разликата до тие австриските Херц... прашањето е дали вреди разликата во квалитет?