Зборнав онака приближно, не знам колку е точно цената во моментот. Лани мене ми ја понудија Енергија 3-та за 65.700 ден.Kade toa ima Toshiba Daiseikai za 1000evra???
Mislam vo Makedonija.
Можно е дека голема клима а мала просторија па поради тоа да се исклучува брзо.Не требало да земаш клима од пониска класа за да загрееш просторија која без проблем ќе си ја загревал со Инвертер од 12.000, односно 3.5 КВ клима.
Троши многу повеќе енергија и нема никаква функционалност.
За тие пари си можел да земеш Тошиба Даисекаи 12-ка и да си немал никакви проблеми.
Ама нејсе пошто ова е завршена работа, сепак не е нормално климата да се однесува така.
Дали забележа кога ја монтираа дали беше употребена вакуум пумпа пред да ја наполнат со фреон монтерите?
Добро се изолирани цревата надворешно? Климата е уште под гаранција, викни ги тие што монтираа и од каде што ја купи.
Не е возможно клима со толкава можност да не затопли просторија од 30 КВ.
--- надополнето: 17 март 2013 во 10:45 ---
.
Dzabe go spomenuvas tuka panasonic, ovde priznavaat samo toshiba, toshiba i toshiba i po nekoja fujitsu
Jas bi odel so najkvalitetnata opcija za sekoj slucaj poradi taa pricina sto intervencija otposle e teska i skapa. Iskreno ne ocekuvam da bide kojznae kolkava razlikata vo kvalitet so turskite ali bi gi izbral avstriskite onaka da ne mi e "sube" da spijam na raet
Искрено на неколку места ми ги фалеа турските (Firat е иначе фабриката) ама разликата до варијантата со Herz некако не беше претерано голема, па решив да одам со „австриските„. Ги ставив во наводници зошто сега фабриките им се во Романија, Бугарија и други источно европски земји.Инаку сум имал искуство со ПВЦ цевки од турско производство за водовод и истите имаат одличен квалитет.
Во случај да е големка разликата во цена, распрашај се и посети објекти каде што имаат инсталирано турска инсталација.
Не мора ништо да значи земјата на потекло.
Добро ни дојде....Здраво на сите. Нов сум на форумот па ќе поставам едно прашање за поискусните, гледам има луѓе што се разбираат.
Ме интересира дали има некој искуство со електрично подно греење. Запознаен сум топловодното, ама за ова не успеав да прочитам некој што има искуство со него.
Мислам дека е релативно ново на пазарот и има две три фирми што го носат.
Во принцип е исто како топловодното ама наместо цевки се пуштаат кабли во кошулицата и наводно работи на температура до 27С.
Има варијанта од некои од поквалитетните и да се монтира под паркет.
Поз
Прозорски клими се наоѓаат, не секаде но се наоѓаат Последен пат видов во Техномаркет. Изгледа сега нема но прашај:Вака, климата би се користела за ладење, догревање, но најмногу за вентилирање на мала просторија каде што интензивно се пуши.
Просторијата е многу мала, некаде 10 квадрата максимум, но во најтоплите денови би се отварала врата да лади (колку што може) натамошни простории. Изолацијата е слаба, најмногу на вратите и прозорите (стари, расклатени). Собата е директно на југ, па знае да стане многу жешко, па и функцијата ладење не смее да се занемари.
Гледам, прозорски клими слабо има кај нас, а и има повеќе непогодности поврзани со нивната монтажа, па јас би сакал да поминам, ако може, со нормална клима (било сплит било инвертер). Значи, главното прашање ми е која клима да ја одберам, со „потпрашања“ поврзани со:
1. Филтрите. Гледам има многу видови, но не ме интересираат бактериски и слично (иако веројатно и тие не се за потценување), туку кој тип на филтер најдобро ќе филтрира чад од цигари. Со ова оди и да биде лесен за одржување итн.
2. Ако може да препорачате квалитетни мајстори за монтажа, затоа што малку е комплицирано местото каде што би се монтирала, па не сакам фушерај (нели, и без тоа не сакам, но добро...)
3. Цена до некаде 40.000 (може и да се растегне ако има ептен добра причина) - затоа што гледам само поскапите имаат филтри, а и нека има поголема сила за да работи економично и да ги лади другите простории.
Благодарам.
Па, најголема мана е што ќе го затвори единствениот прозор (и до половина да е, многу е), треба да се менуваат стакла итн. И бучавата.Прозорски клими се наоѓаат, не секаде но се наоѓаат Тоследен пат видов во Техномаркет. Изгледа сега нема но прашај:
http://www.technomarket.com.mk/browselist/135/air-conditioner
За ветилирање можат да се употребуваат само прозорски клими.