Типична ситуација у која првпат се наоѓам али знам дека ова често се дешава, али ете, не знам што да правам. Со девојчево сме заедно речиси два месеци. Све тргна супер, али по 2 недели имаше момент у кој ми кажа дека осеќа ко нешто да и фали и дека нешто не е ко што треба. И ја се слагав со неа пошто и мене нешто не ми штимаше, па зборевме убаво и заклучивме дека може е пошто премногу често се гледаме. Под тоа подразбирам секој втор ден дека излегувавме, пред по или за време на часеви се гледавме. плус и за време на викендот по еднаш (иста генерација сме у школо, 4та год средно по 18 години, да не мислите дека сум од оние по 12 години што имаат тука што се бламираат).
И добро, намаливме малце со гледање, почна и она почесто да ми се јавува, да прави контакт со мене т.е. и она почна поише да иницира за гледање и мислев дека работите станаа супер. И нејзе и е убаво со мене, и мене со неа. Не гледав ама баш никаков проблем. Али вчера како гром од ведро небо ми дојде коа ми кажа дека уште не се осеќа убаво и дека и фали нешто. Главното нешто што го потенцираше е тоа што веќе сме заедно речиси 2 месеци, а она не осеќа никаква приврзаност према мене. Знае дека рано е за чувства и такви ствари, али вика дека осеќа како да ја нема таа волја за да се видиме кога се пружа прилика. Сеа ни ја неам чувства према нејзе, али ипак ми е убаво со неа и нејќам да прекинеме. Она вика дека се осеќа како ја да идам у нагорна линија у смисла на тоа колку сакаме да напредуваме у односот, а како она да иде по хоризонтална лента. Ја прашував и дали и е убаво со мене, ми вика дека и е супер, дека нема никаква замерка, дека имало моменти коа и било преубаво со мене, дека сум фин, добар, ваков таков (знаете сите оние ствари што се како комплимент), али како едноставно да нејќе да продолжи ради тоа што и фали тоа што би ја натерало да сака да се гледа со мене, и мисли дека ако вака продолжиме тоа нема да води кон ништо.
Пробав да ја разубедам, да и кажам дека све ова со тек на време може да се смени, дека не е до мене или до неа да го смениме туку дека може само по себе да си дојде, али она е убедена дека вака ќе биде и у иднина, дека ништо нема да се смени. И сега знам дека она сака да прекинеме, а ја очајно нејќам, али она нема баш срце да ми каже дека ми прекинува, па ме прашува дали и мене ми е стварно толку убаво со неа, па чека да го кажам најмалото негативно нешто за да каже "ете и тебе не ти е тоа тоа", па да се сложам со неа и ја да кажам дека е најдобро да прекинеме. Али ја не мислам така и не можам да го кажам тоа пошто мене стварно ми е супер, а и она вика дека и нејзе и е супер со мене. Ептен ми се свиѓаше како почнаа да се движат работите, и сеа ова наеднаш ми го кажа и не знам што да мислам или што да правам, не знам дали постои начин да и докажам дека работите може да се сменат, не знам ни дали има начин, нити дали стварно може да се смени. Тотално сум изгубен, а стварно не би сакал туку-така да прекинам без да пробам да направам нешто. И ги знаете оние муабети, повеќе ме гледала другарски, не знам што, али доволно сум свесен дека тоа се само изговори колку да се ублажи болката, да не ја свиѓав ние немаше ни да имаме некоја релација у животот. А супер се слагаме и у карактери, слични мислења имаме за многу ствари и знам дека со неа има потенцијал за поголеми ствари. Али ете... ова се деси...
Па ќе ве замолам за искрено размислување и совет, без муабети за тешење, туку искрено да кажете што да правам.