Џоце, шансите тука се бинарни - или кец или нула (или ќе успее или не).
Мој совет, мораш да се потрудиш во друштвото да изгледаш како позитивна и подоминантна личност. Ако си од оние повлечените типчиња, што седат, завршено е уште пред да почне
Зборувај малку погласно и гестикулирај со рацете, швркни некој виц, заебанција или слично, значи направи нешто за да и останеш во очи, да види дека си духовит (но не и сељак, па затоа пази да не претераш со истакнувањето). Исто така, ако си бил малку повлечен до сега, немој наеднаш да се несвојствено за тебе да се промениш преку ноќ и да пробуваш да си алфа-мажјак (а гарант имате во друштвото некој лепотан - пичкарош што му работи устата со двеста на саат).
Значи, полека изгради си свој став, респект, и најважно од се:
мораш да бидеш духовит! Не само да кажеш по некоја шега на секои 15 минути, туку интеракцијата со другите сврти ја на подуховито ниво
Јас порано бев повлечено момче, син на интелектуалци и никад не сум бил улично воспитан женкар. Ама со текот на времето, маката ќе те научи и на тоа школо...
И да знаеш, и на најискусните момчила им се плеткаат јазиците пред онаа што им е посебна
Значи ова ти се од мене хинтови, а ако ти си веќе духовит, насмеан човек, работата ти е пола завршена, уште да и привлечеш внимание.