Фан Клуб: Јувентус

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.160
Поени од реакции
18.174
Сега прочитав една интересна работа за која не сум сигурен дали е точна, затоа што не сум ја проверил :)

L'ultima edizione della Champions League senza alcuna squadra inglese ai quarti è quella 95/96

Последен пат кога во 1/4 финале во ЛШ немало англиски тим била сезоната 1995/1996...
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.411
Поени од реакции
86.942
Осеќам дека ќе ни се падне Барса...:cenzura:
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Yo, имате нов член на фан клубот. Од одамна ве читам само не ми се пишуваше :). Во врска со ждрепката во петок мислам дека најлесно можеме да поминеме со ПСЖ (знаете колку е "јак" ибра против јуве), а и со кој и да било да играме имаме добри шанси за победа.
CM08 а? Којзнае колку си ме пцуел пред некоја недела кога зборев дека е премногу невидлив на утакмиците :P. Инаку добре ни дојде, за ЛШ јас лично се надевам дека ке ни падне Малага. Поголемиот дел од тимот им е составен од ветерани и незнам колку ке можат да се држат со нашиве на физички план, а најдобар играч им е 20 годишно дете, така да не верувам дека ке имаме поголеми проблеми да го сопреме него. Галата ми се втор избор, а ПСЖ трети само зошто сакам да го гледа босанецот глуп како губи у ЛШ пак :свиркам: :D
 
Член од
13 март 2013
Мислења
9
Поени од реакции
7

хаха. Па добро имаше некоја утакмица на која не беше на највисоко ниво, ама сепак средниот ред со него е најдобар.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
565
Поени од реакции
256
Не знаев дека на 3 натпревари е казнет. Како и да е, и со него и без него сме појаки, само уште да ни ги извлечат ПСЖ. ;)
Со 2 натпревари е казнет, еден паузираше против Валенсија и уште еден ќе одмара на првиот натпревар од 1/4 финалето.
 
commandante

diablo blue
Член од
16 мај 2008
Мислења
393
Поени од реакции
72
И јас би сакал како TheWhiteMamba да ни се паднат Малга, Галата или ПСЖ (по тој редослед), но ми се чини дека ќе немаме толкава среќа и ќе ни се падне некој од Реал, Барса или Баерн. Не сум ваљда до толку па да ни се падне единствениот тим шо не го набројав :)
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Дечки дали имате инфо како играат Габриел Апелт и Алберто Маси? Некако се ми иде дека и тие ке завршат во некој второкласен клуб во Серија А и цела кариера така ке си шетаат низ Пескара, Сиена и слични (n). Мора секоја сезона да влегува барем по еден младинец во прв тим, имаме едни од најдобрите младински школи во Европа а не го користиме тоа.
 
JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
За тие што ги интересира,еве го финансискиот извештај на клубот за првата половина на 2012/2013
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.542
Поени од реакции
17.365
Juventus net son of Bebeto

Juventus have reportedly done a deal with Flamengo for attacking midfielderMattheus – the son of former Brazil ace Bebeto.
The 18-year-old, who had refused to sign a new contract with his Brazilian club, has been netted for a fee of around €2m.
Mattheus first hit the headlines as a baby given that his father’s cradle-rocking goal celebrations during the 1994 World Cup were in his honour.
Mattheus is a Brazilian Under-20 international.

:rolleyes:
 
JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Дечки дали имате инфо како играат Габриел Апелт и Алберто Маси? Некако се ми иде дека и тие ке завршат во некој второкласен клуб во Серија А и цела кариера така ке си шетаат низ Пескара, Сиена и слични (n). Мора секоја сезона да влегува барем по еден младинец во прв тим, имаме едни од најдобрите младински школи во Европа а не го користиме тоа.
Со ова играчко искуство тешко дека ќе успее некој од младинциве да се врати во тимот.Дури и да биде вратен некој тешко дека ќе се избори за некоја минутажа во овој тим на Јуве.Земи го за пример Мароне,според мене одличен играч,кој добива премала минутажа во тимот.Подобро ќе биде следната сезона да иде на позајмица негде,каде ќе игра редовен фудбал,отколку да си ги троши годините на клупа.

Најдобро ќе биде екипите со добри младински школи(Јуве,Интер,Милан,Рома),да си направат сопствени Б клубови ,како Барса и Реал,каде младинците ќе играат редовен фудбал,ќе стекнуваат искуство и најдобрите од нив полека ќе си се враќаат во А тимот.
Што фајде од тоа да се праќаат во второлигашки екипи,или во послабите екипи во Серија А,каде поголемиот дел од нив и таму седат на клупа и не ја добиваат потребната минутажа.

Еве и Алберто Маси,кој летото беше на проба во Јуве и се смета за еден од подобрите млади дефанзивци не добива некоја јака минутажа во Тернана.Апелт беше повреден но сеа се враќа во првиот тим на Про Верчели.
Од другиве младинци во Серија Б,Боаки има одлична сезона во Сасуоло со 9 гола и 4 асистенции,а беше повикан и од Гана за Афричкиов куп.Сасуоло моментално се први и најверојатно следната сезона ќе ги гледаме во Серија А,голманчево Леали си е стандарден првотимец во Бреша и веќе забележа 24 настапи.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.542
Поени од реакции
17.365
Дечки дали имате инфо како играат Габриел Апелт и Алберто Маси? Некако се ми иде дека и тие ке завршат во некој второкласен клуб во Серија А и цела кариера така ке си шетаат низ Пескара, Сиена и слични (n). Мора секоја сезона да влегува барем по еден младинец во прв тим, имаме едни од најдобрите младински школи во Европа а не го користиме тоа.
http://www.goallegacy.net/t26535-juventini-watch

страна по страна
--- надополнето: 14 март 2013 во 18:26 ---
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Oвие двојки се паднале денеска на тест (пробното) влечење
• Real Madrid - Borussia Dortmund
• Barcelona -Juventus
• Malaga - Bayern
• PSG - Galatasaray
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
http://www.goallegacy.net/t26535-juventini-watch

страна по страна
--- надополнето: 14 март 2013 во 18:26 ---
Убава статистика, против никој немаме негативен скор (y)
--- надополнето: 14 март 2013 во 19:08 ---
Oвие двојки се паднале денеска на тест (пробното) влечење
• Real Madrid - Borussia Dortmund
• Barcelona -Juventus
• Malaga - Bayern
• PSG - Galatasaray
Има уште едно, кај што сме се паднале со ПСЖ, ама ај иди откри кое е вистинското :pos:
 
Член од
28 октомври 2010
Мислења
354
Поени од реакции
102
Убава статистика, против никој немаме негативен скор (y)
--- надополнето: 14 март 2013 во 19:08 ---

Има уште едно, кај што сме се паднале со ПСЖ, ама ај иди откри кое е вистинското :pos:
Реал Мадрид – Борусија Дортмунд
Барселона – Галатасарај
Баерн Минхен – Малага
ПСЖ - Јувентус
Јас ов аго најдов :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom