Sura
Gooner 4 Life
- Член од
- 6 мај 2010
- Мислења
- 3.422
- Поени од реакции
- 1.923
Really!? London councillor claims he 'once slept with an Arsenal striker'
100 % Адебајор бил.....
.....Хммммм или РвК (Робин ван Курва)

100 % Адебајор бил.....



Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дочекавме уште еден катастрофален пораз, играме уште една катастрофално - трагикомична сезона. И секогаш истиот муабет се врти, сите не преплавуваат емоции и бараме работи и промени кои всушност не ги разбираме.
Што знаеме ние, фановите, оддалечени на илјадници километри од самиот клуб, ако се земе предвид дека и луѓето околу клубот па дури и самите вработени (на пониските скалила во хиерархијата) не знаат што всушност се случува внатре.
Ние ќе побараме да биде избркан Венгер, да ги продадеме Вермален, Кошеилни, Волкот, да го шитнеме Жиру... но јас ќе кажам дека не е проблемот во индивидуалниот квалитет и формата на играчите. На хартија изгледаме прилично силни. Но нешто е фундаментално погрешно во овој клуб, играчи како Вилшир, Подолски, Казорла и Артета да неможат да создадат шанса за гол против клубови како Брајтон и Бирмингем и речиси без борба да се предадат со Баер.
Пред некое време налетав на текст кој ја анализираше борбата во самиот борд во времето кога се одлучуваше клубот да започне да гради стадион и да се пронајде сопственик кој ќе инвестира (за жал истиот при форматирање на компјутерот го изгубив). Самиот автор потенцираше дека има инсајдерски информации, но никој од нив не можел да му ја претстави ситуацијата која доведе до заминување на Дин и до промена на политиката на управување со тимот, тука станува збор за играчите, купувањето нови и смешно малите цени за продажба на нашите ѕвезди.
Според него таа борба сеуште не е завршена и тоа е примарната причина за лошите резултати, затоа што и самиот Венгер е вовлечен во превирањата во бордот. Никој не знае кои беа вистинските причини за да се избрка Дин, човекот кој со Венгер се најзаслужени за трансформацијата на Арсенал.
Клубот заработува но никој не знае и неможе да објасни како тие средства се управуваат, Арсенал не ги соопштува деталите од задолжувањата за изградбата на Ешбуртон Гров (Емирати), и не ги дава комплетните информации и точниот износ на ратите. Моделот според кој клубот функционира е неверојатно ефикасен, од финансиска гледна точка, затоа што кој било друг модел, неможеше да ја подржи комплетната обвнова на инфраструктурата и до извесен степен да ја задржи компетитивноста на тимот.
Затоа што и мене ми е пукнат филмот, исто како и на вас, истражував малку повеќе за бордот и самата изградба на стадионот. Целата борба во клубот се води за тоа кој ќе ја собере славата кога самоодржливиот модел ќе почне да „штанца“ пари и кога клубот ќе биде во состојба да ги донесе најдобрите играчи и да се натпреварува со „големите момци“ дома и во Европа.
Ова не мора да биде комплетно точно, секако заклучоците се подложни на оспорување, и не велам дека сум целосно во право, но никој не може да ме убеди дека, речиси истите луѓе кои порано одобруваа скапи трансфери, освојуваа титули а играчите ги продаваа за неколкукратно повисоки цени, не се во состојба да го повторат тоа.
Јас како што имам читано,Дин не се согласувал со Хил Вуд за носењето на Кронке за газда(ако предходно двајцата биле за Кронке) и затоа тој го напушта бордот и ги продава своите акции на Усманов.Хил Вуд успеал да ги натепра Н.Смит и Физман да ги продадат своите акции на Кронке.одлично напишано, само како поправка, Дин своеволно го напуште бородот поради несогласувањата со бордот за новиот стадион. Негова замисла беше да се преселиме на Вембли и да го делиме со некој од другите лондондски клубој.
Друже не знам што е со тебе, посебно со твојот вид ... или пак нерви.Утре во тимот сакам да ги видам лево Жервињо десно Чемберлен и шпиц Жиро , а во средина Росицки , Диаби и Џек...![]()
Абе пријателе нели Жервињо на почетокот беше ГОЛ МАШИНА, Дека ќЕ експлодирал оваа сезона ??? Јас стварно не можам да ве сватам. Човекот игра просечни 15 мин и вие сакате да дава головижервињо со челото слободно нека си се врати во матичната...
Абе пријателе нели Жервињо на почетокот беше ГОЛ МАШИНА, Дека ќЕ експлодирал оваа сезона ??? Јас стварно не можам да ве сватам. Човекот игра просечни 15 мин и вие сакате да дава головиЗа тие 15 мин топката стига само 2-3 пати до него , стварно не е кој знае шо ама треба да му се даде шанса . Еве утре нека биде стартер и нека му даде стариот малце повеќе време за игра ќе видите .
![]()
Така нека биде .Што збориш бе брат, па колкупати жервињо до сега бил стартер па пак играл со главата во нозе. Незнае кај тера коќе ја земе топката!
Не ама во право си за една работа друже, имаше сигурно 10тина членови тука што гарантираа како Жерви ќе бил најдобар наш играч оваа сезона гол машина и слични лоши епитети ...Така нека биде .
Aјде сите кои го тврдела тоа да се јават (или на кого му текне нека ги тагира во пост), да не барам назад во коментариНе ама во право си за една работа друже, имаше сигурно 10тина членови тука што гарантираа како Жерви ќе бил најдобар наш играч оваа сезона гол машина и слични лоши епитети ...![]()
Мн ми се гледа големо да го читам на пијано и така ништо нема да решиме и да го прочитам ...ај утре на трезно :|
Челото ???????? ВТФ немој да ме јебаш поарно ја да играм место него 100% подобро ќе изиграм![]()