Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Така паднал договор... како што паднал за унифициран календар, временски зони, мерки итн.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Out Of Reality - Нема логика (или не сум запознаен). Уште од пред неколку века мислам исцртани се мапи кои го прикажувале распоредот на копната кој го гледаме денес по географски учебници или атласи. Секогаш можеш да ја свртиш мапата ако така повеќе ти одговара :).
 
Член од
12 февруари 2013
Мислења
8
Поени од реакции
1
A sto e Astronomija?

Dali Astrofizika e posoodveten termin?

Kolkumina go poznavaat stellar C.O sistem I nebesna trigonometrija,sonceviot sistem negovatatistorija planetite djinovi planetoidite sostavot na sonceto I kako toa 'dise' pa za da 'letaat' kon vremeto nazad mnogu nazad-a long time ago in a galaxy far far away?

Eden sovet namesto programi I linkovi ucebnici bre v raka, na amazon se sitna para a nekoi ima I tuka.

Prifatete go sovetot I ne samo sto ke znaete nesto astronomija tuku ke sakatet da znaete poveke a rabotite naokolu veke ke gi gledate so 'drugi oci'.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
A sto e Astronomija?

Dali Astrofizika e posoodveten termin?

Kolkumina go poznavaat stellar C.O sistem I nebesna trigonometrija,sonceviot sistem negovatatistorija planetite djinovi planetoidite sostavot na sonceto I kako toa 'dise' pa za da 'letaat' kon vremeto nazad mnogu nazad-a long time ago in a galaxy far far away?

Eden sovet namesto programi I linkovi ucebnici bre v raka, na amazon se sitna para a nekoi ima I tuka.

Prifatete go sovetot I ne samo sto ke znaete nesto astronomija tuku ke sakatet da znaete poveke a rabotite naokolu veke ke gi gledate so 'drugi oci'.
За да се бават со астрономска тригонометрија, прво треба да детално да изучуваат триангулација(Паралакси ова-она). За да го сфатат ова, треба да ги разработат основите на геодетската триангулација и елипсоидна геодезија а освен ако не го студираат тоа нема да го сфатат. Така да, нека си се задржат на линковите.
 
Член од
12 февруари 2013
Мислења
8
Поени од реакции
1
Vistinata e deka koga se otvori ovoj podforum imase koj da ja razjvaka I lagano objasni taa materija pa da se odi ponatamu ama...koga ke vidis I ne vredi!!!

Ne vredi be od petni zili da educiras I davas del od sebe ne poradi faktot sto nema da go cenat, tuku bidejki ne vredi.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Метеориве се навистина ужасни.... како минува денов доаѓаат се пострашни извштаи од Русија

http://off.net.mk/vesti/razno/meteoriti-go-rokaat-ural

http://kajgana.com/video-poglednete-gi-strashnite-udari-na-meteorite-koi-go-pogodija-ural

Се оди до таму што се шират гласини дека метеоритот бил со тежина од 10 тони кога влегол во нашата атмосфера и дека истиот бил гаѓан со ракета? Гласини кои руската војска ги отфрла. Сепак штом кажале 10 сигурно бил нешто повеќе, а штом се спомнува и гаѓање, голема е шансата и навистина да го имало.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.880
Поени од реакции
6.940
Метеориве се навистина ужасни.... како минува денов доаѓаат се пострашни извштаи од Русија

http://off.net.mk/vesti/razno/meteoriti-go-rokaat-ural

http://kajgana.com/video-poglednete-gi-strashnite-udari-na-meteorite-koi-go-pogodija-ural

Се оди до таму што се шират гласини дека метеоритот бил со тежина од 10 тони кога влегол во нашата атмосфера и дека истиот бил гаѓан со ракета? Гласини кои руската војска ги отфрла. Сепак штом кажале 10 сигурно бил нешто повеќе, а штом се спомнува и гаѓање, голема е шансата и навистина да го имало.
Знајш ти шо ќе се случи да не акни камен од 10 тона?:eek: Раката сега ќе ти беше на Марс, буквално....не е потребна многу голема маса за да има катастрофални последици. Кинетичката енергија е таа што создава многу енергија. Ова се по мое, остатоци од некој метеорски дожд, или пак парчиња од некоја комета, пошто најавија дека оваа година треба да видме доста комети, па можда некоја дошла порано :D
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Ама ќе не цивнел

Asteroid 2012 DA14 safely passes over Earth, 17,500 miles above Indonesia
Feb 15, 2013 23:31 Moscow Time
An asteroid as large as an Olympic swimming pool has raced past the Earth at a distance of just 27,700km (17,200mi) - the closest ever predicted for an object of that size.
It passed far closer even than the geosynchronous satellites that orbit the Earth, but there was no risk of impacts or collisions.
Its closest approach was at 19:25 GMT.
For regions in darkness, it should remain visible until about midnight through good binoculars or a telescope.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Гледам некои вести не се покриени овде, па еве се решив јас да покријам :).



Потврдена втората планета во системот 47 Ursae Majoris



Фил Грегори, кој оригинално излезе со планетата кандидат во 2010та година, преку ре-анализа на HARPS информациите, со свои алгоритми, успеа да го потврди статусот на 47 Ursae Majoris c, како постоечка планета. Вкупно анализите покажуваат тренд на три планети, од кои третата (47 Ursae Majoris d) е се уште со статус на непотврдена. Ѕвездата е слична на нашето сонце (нашето е G2V класа, а 47 UMa е G1V), но до сега се откриени само гасовити џинови, без земјести планети, така да далеку од тоа да системот е соларен аналог.


 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Уште еден бум со фантастични информации од областа на астрономијата и планетологијата, од кој друг ако не повторно - the man - Филип Грегори :). Имено:


Системот Gliese 667C можно е да има не една, туку три планети во Голдилокс зоната



Системот Gliese 667 е соларен систем од три ѕвезди, кој се наоѓа во соѕвездието Шкорпија (Знам, и јас го помислив истото :D), оддалечен од нас едно 22 светлосни години. Составен е од пар K-тип (портокалови) џуџиња кои орбитираат едно околу друго многу блиско, и М-тип (црвено) џуџе кое орбитира околу парот оддалечено за едно 200 астрономски единици. Системот е од значајност, бидејќи е релативно близу, во астрономски рамки, и потврдени беа две планети, од кои едната е во Голдилокс зоната. Сега има и нови податоци кои дигаат прашина...

^ ^ ^ Хипотетички приказ на планетата 'c', заедно со сите три ѕвезди Gliese 667 A, B, и C на небото. До сега само планетите 'b' и 'c' беа познати и потврдени во јавноста.

^ ^ ^ ^ Хипотетички приказ на планетите 'b' и 'c' од системот Gliese 667C
Преку ре-анализа на HARPS податоците преку т.н. bayesian analysis и фузија на Markov chain Monte Carlo алгоритам (кој знае што се овие две работи, нека ни објасни ако може за што се работи, на нас малку повеќе лаички настроените), Филип добива неверојатни резултати, и тренд консистентен со вкупно 5 планети, од кои три во Голдилокс зоната (зоната погодна за живот). Црвените џуџиња имаат доста помала Голдилокс зона од таа на Сонцето и затоа е доста неверојатно што добиените резултати до сега сугерираат токму на тоа. Причината што токму три планети се наоѓаат во таква тесна зона е тоа што орбиталниот систем е доста спакуван. Со други зборови, орбитите на планетите се доста близу една до друга, растојанието меѓу нив доста потесно од тоа што го имаме забележано кај други сончеви системи, особено во нашиот.


Од новите планети, доста спектакуларен е распоредот на планетите 'c' и 'd' (види го графикот доле после пасусов), и ви станува јасно. Растојанието помеѓу тие две планети е најмалото обзервирано до сега (0.007 AU), само 2,7 пати растојанието помеѓу Земјата и Месечината. Ако се потврдат за точни информациите, ќе треба да се прегледа дефиницијата за гравитација и нејзината интеракција помеѓу сонцето и неговите планети, бидејќи овие информации се косат со досегашните теории за орбитална динамика и стабилност. Можно е да треба да се доработи моделот, сепак ова се прелиминирани информации, и треба да се доврши анализата, и потврди преку елиминација на т.н. лажни позитиви. Но искалкулираниот модел сега за сега беше ставен во симулација од 5 милијарди каде покажува стабилност, што е доволно индикација за валидноста на податоците според мене. Инаку, една година на планетата 'd' трае колку само еден наш месец :D.



^ ^ ^ ^ Темносивата лента ја означува Голдилокс зоната на Gliese 667C. Светлосивите ленти ги означуваат внатрешната и надворешната граница на Голдилокс зоната во екстремни околности, како на пример 50% облаци од водена пареа кај внатрешната граница (ефект на стаклена градина), и 50% облаци од јаглерод диоксид кај надворешната граница, кај дадени планети ако се наоѓаат на тие места со некаква орбита. Линиите со точки ги претставуваат теоретските граници на екстремните околности, со 100% обвивка на облаци (дали од водена пареа или јаглерод диоксид).
Планетата 'b' е надвор од таа зона, а планетите 'c', 'd' и 'e' се сместени внатре во истата. Планетата 'f' е надвор од таа зона исто така, но на периапсисот (најблиската точка до сонцето од нејзината орбита) доаѓа во контакт со истата. Моделите што ги гледате се калкулирани во симулација со времетраење од 5 милијарда години (повеќе од староста на нашиот сончев систем).
Испрекинатата линија во коса положба ја означува границата после која секоја планета со орбита повнатре од таа граница станува со плимозаклучена орбита (само едната страна на планетата е изложена кон сонцето секогаш, и другата страна е секогаш свртена спротивно со сонцето, како Месечината према Земјата).


^ ^ ^ ^ Споредба на нашиот, и Gliese 667 системот, и распределбата на планети во однос на погодност за живот (Голдилокс филтер). Прикажани се како на претходниот графикон (но овој пат со букви) крајните внатрешни предели каде има 100 или 50% облачна покривка од водена пареа, и надворешните крајни граници каде има 100% облачна покривка од јаглерод диоксид. Да напоменам дека планетите не се прикажани во размер, нити растојанието на планетите и нивните орбити е прикажано во вистински рамки за споредба.

Планетите 'е' и 'f' - Планетата 'е' има маса само два пати поголема од Земјата, и ако се потврди за точна, ќе биде планета која е најслична на Земјата во однос на маса и радиус, и наблиската земјеста планета во Голдилокс зона, шампион во повеќе категории :). Планетата 'f' е интересна во тоа што поголемиот дел од својата орбита го поминува надвор од Голдилокс зоната, но кога се доближува најблиску до сонцето (периапсис), влегува во самата зона. Значи дел од својата "година" (која трае само три месеци), мразот кој најверојатно го има, се топи и се создаваат океани, кои повторно замрзнуваат.


Инаку за погоре, планетите 'c' и 'd' - можно е тоа што го обзервираме да е процес на формација на планети кои делат една иста орбита - двојна планета. Разликата меѓу планета и нејзина месечина е доста очигледна, но двојна планета е веќе друго, се работи за планети кои делат иста орбита и се подалеку една од друга отколку што е некоја планета и нејзина помала месечина. Како што можете да видите од графикот на пасусов, двеве планети се доста големи и разликата го маса и радиус се доста мали, што пак влегуваат во карактеристиките на ко-орбитални планети, или уште наречени - двојни планети. Прво беше теоретски претпоставено дека постојат вакви планети, нa пример кај системот KOI-730, каде за прв пат се мислеше дека е фатена таква поставеност на планетите. Првичните индикации говореа за два гасни џина како делат една иста орбита, но подоцна ваквите тврдења беа отфрлени, но научната теорија позади ваквата замисла се уште држи. Ова е возможно преку таканеречените Лагранжови точки (види графиците под пасусов), каде е овозможено стабилност на планетите од закривување на својата орбита и евентуален судир една со друга, со тек на време. Колку што знам, единствените стабилни места се точките L4 и L5, a L3 мислам дека не е стабилна точка (ако грешам, некој нека ме поправи).



^ ^ ^ Од тоа што имам читано, единствено L4 и L5 се стабилни точки за да се смести некоја планета во иста орбита со некоја друга. Ако и другите можат да бидат стабилни, поправете ме.


^ ^ ^ Планетите се стабилни само ако при орбитирање одржуваат агол од 60 степени во сооднос со сонцето и другата планета со која делат орбита

Толку тесни орбити укажуваат и на нешто друго - висока геолошка активност и вулканизам. Гравитационите сили сигурно создаваат доволно голема внатрешна фрикција и движење да и долго после раните фази на старост на планетите да постои огромна доза вулканизам. Интересно би било ако некоја цивилизација никне на една од трите планети. Толку тесно спакуван систем, сигурно лесно би заискрил и љубопитност кај домородците кои на периоди од месец-два ќе гледаат како огромни небесни тела им шетаат по небото (со тек на развиток, ќе препознаат и континенти, океани, кратери, и баш тие знаци на светови погодни за живот би ги инспирирале што побрзо да ги посетат планетите), а блискоста на небесните тела ќе значи полесна и помала потрошувачка на енергија и ресурси за интерпланетарни летови. Инаку, кога сме кај изгледот, еве нешто интересно, како би изгледало некое зајдисонце на некои од водечките системи погодни за живот:



^ ^ ^ Сонцето и Кеплер 22 се G-тип, жолти џуџиња, Gliese 667C и Gliese 581 се M-тип црвени џуџиња, а HD 85512 e K-тип портокалово џуџе. Од споредбите на типовите, можете да забележите сличности со стеларниот спектар на пркажаните ѕвезди и видот на зајдисонце присутен кај некој хипотетички свет на кој се домаќини истите.

^ ^ ^ ^ Ова се водечките системи сега за сега по стапка на погодност за живот. Начинот на кој е визуелизиран Gliese 677C c е консистентен со карактеристиките на системот, кои укажуваат на тоа дека планетите може да имаат активен вулканизам и повисока стапка на јаглерод диоксид од Земјата.


Навистина се надевам дека човеков ќе успее да ги убие сите критики упатени кон него што вакви бомбастични податоци ги изнесува пред елиминацијата на лажни позитиви, бидејќи ни фали вакво потврдено откритие. А, ако се потврди, системов ќе биде еден од најинтересните, најпрочуените, најистражуваните соларни системи после Gliese 581, можеби дури и ќе го бутне во сенка истиот.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.387
Шкорпион,ме интересира дали си член на некое астрномско друштво,бидејќи за вакви објаснувања треба да се има добра подлога.Јас како не многу редовен форумџија(повеќе ги посетувам оние за формула1,т.е. на нив сум од А до Ш) прв пат овде ја читам оваа тема,и ете ми излезе работа за неколку денови(недели):icon_lol:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Шкорпион,ме интересира дали си член на некое астрномско друштво,бидејќи за вакви објаснувања треба да се има добра подлога.Јас како не многу редовен форумџија(повеќе ги посетувам оние за формула1,т.е. на нив сум од А до Ш) прв пат овде ја читам оваа тема,и ете ми излезе работа за неколку денови(недели):icon_lol:
Не, не сум член на никакво астрономско здужение ни организација. Астрономијата ми е интерес/хоби на кое сум посветил доволно време да научам некои чисто основни работи. Се што знам е од телевизија (документарци и слично), неколку книги и енцоклопедии, и од интернет (блогови со таа тематика, научни публикации и трудови во електронска форма, форуми за астрономија итн.). Дека користам технички изрази звучи како да знам доста, но сепак мислам дека не сум уште до оној степен до кој сум сакал да се надградам. На пример, се уште не ми оди математиката и физичките равенки/пресметки кога се работи за астрономија, но се тера. Учиш нешто ново секој ден, што се вели :).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom