Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
На “Кјуриосити” на Марс му отпаѓаат делови?

17.10.2012
За 62 работни денови колку што е на Марс, при анализите на примероците на површината, камерите на роверот “Кјуриосити” забележаа необични светли предмети на тлото. Засега, не се знае за што точно станува збор, но најверојатно е тоа дел отпаднат од роверот.



Сите истражувачки работи на неговите инструменти се засега стопирани, додека не се утврди точно за што станува збор, односно, од каде испаднале од роверот. Се работи за неколку сантиметри долг објект. Според првите размислувања, можно е тоа да биде дел од изолацијата или заштитната лента. Не се исклучува можноста дека е тоа дел кој останал уште од времето на спуштањето на роверот на тлото на Марс. Во секој случај, штом се утврди дека на роверот нема некој главен дел со што би се предизвикале некакви испади во неговата работа, неговите инструменти ќе имаат можност да го анализираат непознатиот објект.



Поради ова, контролорите на мисијата во моментот ги прегледуваат контролните фотографии на самиот ровер. Навистина, нема многу причина за грижа или некаква техничка неисправност на 2.5 милијарди американски долари вредниот робот, но на Марс работите не се препуштаат на случајност само така..

www.astronomija.com.mk
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Дали вртлозите од прав создаваат метан во атмосферата на Марс?

18.10.2012
Метанот на Марс веќе со години претставува предмет на интерес на научниците. Овој непостојан гас е измерен во изненадувачки високо количество во атмосферата на Марс во одредени периоди, а понекогаш и во прилично големи изливи. Научниците го земаат ова како доказ дека Марс е ‘активна’ планета, било тоа да е на геолошки или биолошки план. Група истражувачи од Мексико доаѓаат до друго решение за постоењето на метанот – неочекувано, тие ги земаат како извор песочните бури и вртлозите од прав.

Марсовски вртлог од прав висок околу 20 километри, фотографиран на 14-ти март 2012 година.

Механизмот кој го објаснуваат се базира на ефектот на електронско празнење над ледени површини. Празнењата, предизвикани од електризирањето на песочните бури и вртлозите од прав, ги јонизираат гасовитиот CO2 и молекулите на водата, такашто со рекомбинација на молекулите се добива метан. Ваков експеримент е направен и во вештачки услови, пришто количеството на добиениот метан било три пати поголемо отколку со фотолиза.
Научниците не ја исклучуваат можноста метанот да доаѓа и од други извори, односно механизмите да делуваат паралелно. Сепак, тоа што песочните бури и вртлози се создаваат многу брзо, значи дека исто толку брзо можат и да создадат метан, што би ги објаснило неговите изливи.

Постоењето на метанот на Марс е следено од 1999 до 2009 година од научниците кои ја проучувале неговата атмосфера со телескопи од Земјата. Откриено е активно испуштање на метан на места за кои е познато дека се лежишта на прастар мраз. Исто така, забележано е и дека големите изливи на метан се случувале во текот на потоплите годишни времиња на Марс – пролет и лето, што е воедно и период кога песочните бури и вртлози најчесто се создаваат.
Метанот е гас со краток животен век. Фактот дека на Марс постои долго време укажува дека таму мора да постои активен процес на негово создавање. Во минатото постоело размислување дека тоа е знак на живот на оваа планета и дека метанот го создава некоја форма на живот.
Брзите промени на количествата метан, иако тој е само елемент содржан во траги во атмосферата на Марс, е нешто што тешко се објаснува. Теоријата на мексиканските научници е сеуште само теорија, но да се надеваме дека тие ќе го продолжат своето истражување за создавањето на метанот во сезоните на песочни бури и вртлози од прав.

http://astronomija.com.mk
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 14:02 ---
Дали вртлозите од прав создаваат метан во атмосферата на Марс?

18.10.2012
Метанот на Марс веќе со години претставува предмет на интерес на научниците. Овој непостојан гас е измерен во изненадувачки високо количество во атмосферата на Марс во одредени периоди, а понекогаш и во прилично големи изливи. Научниците го земаат ова како доказ дека Марс е ‘активна’ планета, било тоа да е на геолошки или биолошки план. Група истражувачи од Мексико доаѓаат до друго решение за постоењето на метанот – неочекувано, тие ги земаат како извор песочните бури и вртлозите од прав.

Марсовски вртлог од прав висок околу 20 километри, фотографиран на 14-ти март 2012 година.

Механизмот кој го објаснуваат се базира на ефектот на електронско празнење над ледени површини. Празнењата, предизвикани од електризирањето на песочните бури и вртлозите од прав, ги јонизираат гасовитиот CO2 и молекулите на водата, такашто со рекомбинација на молекулите се добива метан. Ваков експеримент е направен и во вештачки услови, пришто количеството на добиениот метан било три пати поголемо отколку со фотолиза.
Научниците не ја исклучуваат можноста метанот да доаѓа и од други извори, односно механизмите да делуваат паралелно. Сепак, тоа што песочните бури и вртлози се создаваат многу брзо, значи дека исто толку брзо можат и да создадат метан, што би ги објаснило неговите изливи.

Постоењето на метанот на Марс е следено од 1999 до 2009 година од научниците кои ја проучувале неговата атмосфера со телескопи од Земјата. Откриено е активно испуштање на метан на места за кои е познато дека се лежишта на прастар мраз. Исто така, забележано е и дека големите изливи на метан се случувале во текот на потоплите годишни времиња на Марс – пролет и лето, што е воедно и период кога песочните бури и вртлози најчесто се создаваат.
Метанот е гас со краток животен век. Фактот дека на Марс постои долго време укажува дека таму мора да постои активен процес на негово создавање. Во минатото постоело размислување дека тоа е знак на живот на оваа планета и дека метанот го создава некоја форма на живот.
Брзите промени на количествата метан, иако тој е само елемент содржан во траги во атмосферата на Марс, е нешто што тешко се објаснува. Теоријата на мексиканските научници е сеуште само теорија, но да се надеваме дека тие ќе го продолжат своето истражување за создавањето на метанот во сезоните на песочни бури и вртлози од прав.

http://astronomija.com.mk
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Вечерва не го пропуштајте метеорскиот дожд од Халеевата Комета

Станува збор за Ориониди, метеорски дожд настанат од најпознатата комета – Халеевата комета.



Во максимумот може да се очекува до 25 метеори за еден час. На веднаш по полноќ на 21.10 препорачливо е да се набљудува небото. Орионидите се познати како доста брзи и сјајни и оставаат сјајни траги. Исто така знаат да бидат разнобојни во зависност од интеракцијата на нивниот состав и атмосфера при нивното уништување.
За време на Орионидите, активни се уште и Геминидите и Тауридите, така што покрај брзите и сјајни Ориониди, можно е да се забележат и огнени топки од овие два побавни извори.
Метеорскиот рој доби име Орионид бидејќи се смета дека потекнува од Бетелгез, втората најсјајна ѕвезда во созвездието Орион.

Линк
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Зошто не наоѓаме други планетарни системи како нашиот?

24.10.2012
Многу планетарни системи кои се откриени од астрономите се многу поразлични од нашиот. Голем број од нив имаат огромни планети кои се движат во компактна конфигурација, многу блиску до нивната ѕвезда. Како екстремна спротивност на овие планетарни системи е новооткриениот сончев систем кој содржи 5 планети наредени во област која е една дванаестина од орбитата на Земјата!

Артистички концепт на претходните мултипланетарни сончеви системи откриени од Кеплер (NASA/Tim Pyle)

„Ова е екстремен пример за компактен сончев систем,“ вели истражувачот Дерин Рагозин од Универзитетот во Флорида. „Ако успееме да го сфатиме ова, би требало да можеме да сфатиме и како овие видови на системи се формираат и зошто голем број од планетарните системи кои ги откриваме изгледаат многу различно од нашиот сончев систем.“ Овој нов систем, моментално познат како „KOI-500“ бил откриен со податоци од леталото Кеплер.

„Највозбудливото нешто е дека Кеплер најде илјадници ѕвезди со по неколку планети кои се во транзит,“ вели тој. „Овие системи се најполни со податоци и тие не само што ќе ви кажат многу за планетите, туку исто така го покажуваат и начинот на кој тие се составени.“

Според астрономите фактот дека скоро сите сончеви системи кои досега се пронајдени се толку многу различни од нашиот можеби е дека ние сме „чудните.“ Една студија која била спроведена во 2010 година покажала дека околу 10-15 проценти од ѕвездите во Универзумот би можеле да поддржуваат системи како нашиот, со земјени планети кои се најблиску до ѕвездата и неколку гасовити џинови во надворешниот дел.

Изненадувачките нови откритија на планетарни системи од податоците на Кеплер кои содржат неколку планети „спакувани“ во мал простор околу нивните ѕвезди домаќини допринесува кон размислувањето дека ние можеби на некој начин сме уникатни. Но, се верува дека системот KOI-500 некогаш во минатото бил многу посличен со нашиот сончев систем.

„Од архитектурата на овој планетарен систем, ние веруваме дека овие планети не се формирале на нивната сегашна локација,“ вели Рагозин. „Планетите оригинално биле поодалечени едни од други и најверојатно мигрирале во ултра-компактната конфигурација која можеме да ја видиме денес.“



Постојат неколку теории за формирањето на големите планети во нашиот надворешен дел од сончевиот систем кои вклучуваат движење и мигрирање на планетите нанадвор и навнатре за време на процесот на формирање. Но, зошто внатрешните планети, вклучувајќи ја и Земјата, не се доближиле повеќе?

„Ние не знаеме зошто ова не се случило и во нашиот сончев систем,“ вели Рагозин, но тој исто така додаде и дека „KOI-500 ќе стане темел за идните теории кои ќе се обидуваат да објаснат како компактните системи се формираат. Познавањето на овие системи ќе инспирира нови генерации на теории кои можеби ќе најдат објаснување и за тоа зошто нашиот сончев систем испаднал толку поразличен од останатите.“

http://astronomija.com.mk
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Зошто не наоѓаме други планетарни системи како нашиот?
Причината за ова треба да се бара во степенот на развој на денешната технологија.
Досега се откриени преку 800 планети во стотина сончеви системи од десетици илјади набљудувани ѕвезди. Тоа што се откриваат планети кои се наоѓаат во огромна близина на матичната ѕвезда е заради методите, како на пример методот на транзит, каде онолку е поголема веројатноста колку што планетата е поблиску до матичната ѕвезда за да се погоди орбитата на планетата да биде во иста линија со нејзината матична ѕвезда и нашата планета. Колку е подалеку планетата од матичната ѕвезда, толку е помала веројатноста таа да помине "пред" нејзе и со тоа скоро и не постои шанса да биде детектирана со овој метод.
Тоа изгледа некако вака:


Колку е планетата поблиску, толку има поголема ротација околу ѕвездата, толку поголема е и веројатноста да биде забележана.
Доколку е подалеку, скоро и невозможно е да помине пред ѕвездата, т.е. егзопланетата, нејзината ѕвезда и нашата планета да се во линија со цел да биде детектирана. Дури и да се случи тоа, временскиот период би бил прекраток за детекција со денешнава технологија.

Пишав за овој метод, затоа што со овој метод на транзит се откриени најмногу планети.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Всуштност е пеколно ладно: Марс не е Земјолик како што изгледа

27.10.2012
Mars ain’t no kind of place to raise your kids; in fact it’s cold as hell” пееше Elton John во “Rocket Man”, и иако песната е напишана во 1972, 4 години пред првото успешно слетување на Марс, неговите временски прогнози се точни. Иако фантастичните слики пратени од Curiosity укажуваат на карпест пејсаж кој лесно може да се помеша со сушниот реон во југозападниот дел од Америка, но мора да запомниме три работи: Ова е Марс, гледаме во внатрешноста на кратен стар неколку милијарди години и дека е ладно.



Jeffrey Marlow, на неговиот блог “Martian Diaries” пишува:
„Во првите 30 сола, температурата на воздухот се движеше од -75°с навечер до 0°с на пладне. Два фактори се потребни за да има толкава температурна разлика. Марсовската атмосфера е многу тенка, со малку молекули во воздухот да се загреат и оладат. Со тоа има поголема соларна моќ преку ден, а помала атмосферска топлина преку ноќ, па големината на промените на температурите се зголемува. Истотака има и многу малку водена пареа и сувоста на воздухот уште повеќе ја нагласува температурната разлика“.

Во тој поглед Марс е како Земјина пустина, дури и по екстремно топол ден температурите навечер паѓаат до -75°с. Со тоа што на Марс, Сонцето е само 50% од колку што свети на Земјата и густината на атмосферата е само 1% од густината на атмосферата на Земјата.

„Пустините на Земјата имаат екстремни температурни разлики. Па ако на земјина пустина и дадеме многу тенка атмосфера и ја ставиме 50% подалеку од Сонцето тогаш ќе добиеме нешто слично на Gale Кратерот на Марс.“- Изјави Ashwin Vasavada.

И иако пладневните температури може да се искачат нешто над 0°с ( температура на која смрзнува водата), тоа не значи дека можеме да најдеме вода во течна состојба.



Со атмосферскиот притисок малку над термодинамичната тројна точка на водата (точка помеѓу температурата и притисокот во која се создаваат услови водата да коегзистира во трите агрегатни состојби, цврста, течна и гасовита, во таканаречен термодинамичен еквилибриум. За водата таа точка е 273,16 Келвини) и температури околу 0°с, многу е веројатно дека локалните вдлабнатини имаат теператури над 0°с. Ashwin Vasavada признава дека во тие вдлабнатини можно е да има вода во течна состојба ако се исполнат сите услови.

Но не се очекува хидроцентрала во кратерот Gale во скоро време. „Не очекуваме Curiosity да види течна вода, бидејќи, ако постои таа или брзо ќе испари или повторно ќе смрзне. Со толку малку водена пареа во атмосферата, сите водени молекули на површината брзо ќе се претворат во гас.“- објаснува Vasavada

http://astronomija.com.mk
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Гледам не е отворена темава (а не знам зошто, според мене е монументално откритие ова), па еве јас да отворам:



Конечно пронајдена планета во најблискиот ѕвезден систем Алфа Кентаури!



Со почетокот на истражувањата од Февруари 2008 се до Јули 2011, еден тим од истражувачи во обзерваторија во Женева, снимаат мерења на радијалната брзина на Алфа Кентаури Б со помош на HARPS echelle спектографот. Со 459 мерења, тие ги филтрираат податоците со помош на познатите причинители на варијабилност кај ѕвездата во однос на спектрум на боја и интензитет. На 16ти Октомври 2012та, тимот објавува во магазинот Nature дека пронашле планета околу Алфа Кентаури Б, која е со маса колку Земјата, во тесна орбита околу ѕвездата. Планетата е пронајдена со помош на Доплеров Метод на детекција.




Планетата е оддалечена е од планетата за 0,04 AU (астрономски единици), со што е надвор од рамките на Голдилокс зоната. Таа оддалеченост исто така ја става во фиксирана положба каде со едната страна е секогаш свртена кон ѕвездата/сонцето. Планетата има 1,13 Земјини маси, со што се смета дека е цврста, силикатна планета, која е за само малку помасивна од Земјата. Површината се смета дека изнесува околу 1200 Целзиусови степени. Со ваква температура, доволно голема да ги стопи повеќето силикати и метали, големи порции од нејзината површина е веројатно да се стопени, и планетата би изгледала како топка од лава и магма :). Барем од страната која е свртена кон ѕвездата.







За потврда или отфрлање на сегашните карактеристики на планетава, и додаток на нови, ќе бидат уште две истажувања кои почнаа паралелно со тимот од Женева, и се очекува да бидат при крај до 2013 година, со што освен новини и потврди за планетава, можеме да добиеме и нови планетарни кандидати :). A доста голема е веројатноста за други планети. Со самото тоа што една е откриена, скоро 100% гаранција постои дека ќе има барем уште неколку други. Според најновите модели на планетарна миграција, акрециони теории и планетарни и ѕвездени модели, самата конфигурација на Алфа Кентаури, како тринарен систем (ѕвезда како нашата, поладна и помала портокалова ѕвезда, и црвено џуџе), дека не елиминира постоење на планети погодни за живот, уште помалку било какво присуство на други планети околу било која од овие ѕвезди.





Она што е специјално кај овој систем е што и Алфа Кентаури А, и Алфа Кентаури Б, можат да имаат планети погодни за живот кои орбитираат околу нив. Тука е и Проксима Кентаури, црвеното џуџе, кое исто така може да има планети кои се погодни за живот. Научниот колегиум во голем дел беше скептичен дека воопшто ќе најдат планети во овој систем бидејќи стандардната мисла беше дека скоро секој соларен систем кој има планети има барем еден гасен џин, а во овој систем не беа откриени никакви гасни ни ледени џинови. Поради откритиево на планетава, сега се преформулираат одредени научни теории околу планетарните формации и акреционите теории. Ова претставува пример дека дури и во тесно спакуван систем од три ѕвезди, може да постојат планети со стабилни орбити.





Искрено, многу се надевам на последните шпекулативни научни модели (врз основа на детални анализи и модели за кои не можам да одам во детали во ова време), каде беше претпоставено дека кај Проксима Кентаури ќе има светови кои се во вечна ноќ, кај Алфа Кентаури А светови кои се помасивни (Супер-земји), а кај Алфа Кентаури Б, водени светови :). Дава еден многу комплексен систем, кој во исто време би бил и воодушевувачки.
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59
dali e tocno deka mars pocna da se vrti zapad od kade zaogjala sonceto? sonceto od zapad zagreva tamu?
i site planeti ke ja imaat slicnata sudbina tocno e?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Дали ми се прочита негде дека во среда ќе поминувал некој астероид многу блиску ?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ништо, мислев ќе има некое шоу, ќе се гледа, тоа ни со телескоп нема да се види.
Мислам дека има таков евент, нешто се организира, ваљда од астрономсково друштво во МК. Мислам дека дефинитивно ќе се гледа со телескопи.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
случајно ми дојде прашањево и незнаев во која тема да го поставам, чисто онака за размислување, ме интересира по која логика мапата на светот е таа што е сега, "горе" да е артикот "доле" антартикот а не е обратно :\



зошто не е вака :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom