Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.314
Поени од реакции
15.480
јас го купував додека излегуваше списанието од Ѓоре Ценев,мислам дека се викаше Вселена,но за жал престана со излегување.Мене математиката а посебно физиката одлично ми одат,но за да пратам интернетски дебати ми треба малку подбро познавање на англискиот.Во темите за Ф1 добро се снаоѓам со англискиот ,но овде треба малку од почеток да се зафатам со работите
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

Нема проблем, ако сакаш, можаме преку пп да теи помогнам да се информираш за некои основни работи, другото ќе можеш и сам, само ќе ти наведам од каде да се информираш понатаму :).
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Еве кој сака повеќе да се занимава:
https://www.coursera.org/course/introastro
Може да се запише на on line курс по астрономија. Јас го поминав, мене ми беше интересно, опфатено е скоро се што може да ве интересира за астрономија и космологија. Детали видете на сајтот. Регистрацијата и посетувањето на курсевите се бесплатни. Можете да ги решавате и тестовите ако имате време и да земете сертификат.
Се' на се' одличен курс за тие што сакаат да научат повеќе, а и што имаат време се разбира :D

п.с. На страната има стотици други курсеви, за се' и сешто.
 
S

Sagan

Гостин
Анимација која поверно ги отсликува случувањата во нашиот Систем

На екваторот, Земјата ротира околу својата замислена оска со брзина од околу 460 метри во секунда.
Околу Сонцето, Земјата се движи со брзина од 30 километри во секунда.
Сонцето, со се сите планети од нашиот Систем, се движат околу центарот на нашата галаксија со брзина од 220 километри во секунда.
Галаксиите у наша близина меѓусебе се поместуваат со брзина од 1000 километри во секунда.

(ова како утеха за сите кои си мислат дека никад не прошетале никаде :LOL: )
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.314
Поени од реакции
15.480
на следниот линк има одлична представа за големините на све што постои.кој знае нешто повеќе за компјутерите нека го превземи и постира како видео,ама јас незнам како оди тоа(ми го објаснуваа,ама не ми иде нешто)

http://htwins.net/scale2/
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.505
Поени од реакции
2.424

Еее, баш пред некој ден за оваа анимација мислев...
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Има некој од тука што студира Астрономија и Астрофизика на ПМФ? Ми треба некој си вовед во овој факултет зошто сакам да го запишувам.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.505
Поени од реакции
2.424
Има некој од тука што студира Астрономија и Астрофизика на ПМФ? Ми треба некој си вовед во овој факултет зошто сакам да го запишувам.
Има Астрономија и Астрофизика на ПМФ...?:eek: Мислам дека си грешка.
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Има Астрономија и Астрофизика на ПМФ...?:eek: Мислам дека си грешка.
Па ок, тоа е смер. Првите 2 години мислам е иста програма за цела физика, па потоа се разделуваат во смерови од кои една од нив и Астрономија и Астрофизика

http://fizika.pmf.ukim.mk/index.php/mk-MK/template-info/2012-04-19-10-19-26/i/2012-04-23-10-22-26
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.505
Поени од реакции
2.424
Па ок, тоа е смер. Првите 2 години мислам е иста програма за цела физика, па потоа се разделуваат во смерови од кои една од нив и Астрономија и Астрофизика

http://fizika.pmf.ukim.mk/index.php/mk-MK/template-info/2012-04-19-10-19-26/i/2012-04-23-10-22-26
Да, да сум слушнал за ова дека вака оди, али не знаев дека имало и кај нас.
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Па ок, тоа е смер. Првите 2 години мислам е иста програма за цела физика, па потоа се разделуваат во смерови од кои една од нив и Астрономија и Астрофизика

http://fizika.pmf.ukim.mk/index.php/mk-MK/template-info/2012-04-19-10-19-26/i/2012-04-23-10-22-26
Во задолжителните предмети сите насоки се скоро исти, со разлика во 1-2 предмети. Само се различни изборните предмети понудени за одредените насоки. Како што гледам предмети специфични за насоката Астрономија и Астрофизика се:
Археоастрономија
Галактичка и екстрагалактичка астрономија
Ѕвездени атмосфери
Основи на набљудувачка астрономија
Ѕвездена астрономија
Астрономија - посебни поглавја

Разгледај си сам поубаво :)
http://fizika.pmf.ukim.mk/index.php/mk-MK/2012-04-21-21-24-18
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Небесното тело Сајдинг спринг со пречник од 50 километри би можело да удри во Црвената планета и да предизвика вистинска катастрофа.

Кометата Ц/2013 А1, или популарно наречена Сајдинг спринг, се претпоставува дека ќе удри во Марс во октомври 2014-тата година, а овој удар претставува огромна опасност за планетата Земја.

Доколку Сајдинг спринг удри во Црвената планета, би се создал кратер 10 пати поголем од големината на кометата и таа би експлодирала со јачина од 20 милијарди мегатони. Ваквиот удар би предизвикал катаклизма на Земјата.

Според последните пресметки, кометата покрај Марс би требало да прелета на раздалеченост од околу 34.000 километри, но нејзината точна траекторија ќе биде позната дури за околу една година. Непредвидливата орбита на кометата лесно се менува како што небесното тело се приближува до сонцето, бидејќи заробените гасови поради топлината се претвораат во моќни гејзери, кои, како моторот кај ракетите, можат да ја пренасочат Сајдинг спринг од одредената траекторија.

Американскиот астроном Фил Плат тврди дека сударот на Сајдинг спринг со Марс би можел да предизвика удар 25 милиони пати појак од најјаката тестирана нуклеарна бомба на Земјата.

„Ако кометата Ц/2013 А1 удри во Марс, тоа би претставувало катаклизма не само за оваа планета, туку и за целиот Сончев систем. Опасност им се заканува и на природните сателити на Марс, Фобос и Деимос, кои од јачината на ударот би можеле да ја променат својата орбита. Кој знае како тоа би влијаело на Црвената планета или дури и на Земјата. Од јачината на ударот во вселената би одлетале помали делови, кои лесно би можеле да паднат на Земјата, а многу од нив би биле поголеми од последниот метеор кој падна во Русија“ – рекол Плат.

Тој напоменува и дека дури и кометата да го промаши Марс, би можеле поради микрометеоритите да изгубиме некои сонди и роботи кои се наоѓаат таму.

Сајдинг спринг е откриен на 3-ти јануари оваа година, а низ вселената се движи со брзина од 120.000 километри на час. Моментално се наоѓа близу до Јупитер, околу милијарда километри од сонцето.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Gacho - Не може таков вид небесно тело да има толкави реперкусии за Земјата, не па целиот соларен систем. Некогаш новинариве што известуваат за вести од астрономијата знаат да претераат во статиите. Може да знам од каде ти е изворот за веста?
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Фала за линкот, ама нигде не се спомнуваат реперкусии за нашата планета или целиот Сончев систем. Но почетокот на статијата личи како тоа што членов пишал и овде, може читал повеќе статии па искомбинирал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom