Игор Џамбазов со ново шоу „ЏИШ“

  • Креатор на темата Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување Време на започнување
не беше кујзнае што,сите очекувавме враќање во голем стил,вака незнаеме за кого беше шоуто наменето,дали за деца до 13год или??..недефиниран концепт некако,на големиот мултиталентиран генијалец
 
Го гледав, тапа, голема тапа. Од секогаш ми беше силеџија Игор ама сега се надмина, упорно да сакаш да протуркаш концепт кој е мртов веќе 20 години е лудило. Незнам дали користи интернет ама топло му препорачувам да потроши неколку дена на јутјуб да види во кој правец се движи хуморот денес
 
гледам и прво мислам чекај мене ли само ми е досадно или пријателов ја промашил работава? не му посветив ни 100 процентно внимание, играв менаџер у меѓувреме...во секој случај разочарувачки...не знам дали прво пуштила на тест публика или па никој немал муда да му каже дека е катастрофа...како и да е треба да се врати на водење квизови, за тоа најмногу го биваше.
 
Кој очај...

Мало дете што реди имиња по азбучен ред + Битолчанец кој пренесува прекари + автокефална Кумановка, лигавење со Калиопи и ко гратис на сето тоа ја расипа поезијата на Петре М. Андреевски.

Игоре, не сме во времето на комунизмот. Не можеш со стереотипни карактеристики за градови да направиш хумор.
Се надевам на подобрување во следната емисија, преголеми беа очекувањата ама благо речено катастрофа беше ова.
 
Не е Игор крив, ние имавме преголеми очекувања, и сега е големо разочарувањето.
 
Баш делот со поезијата, односно делот со Дениција најмногу ми се допадна и делот со Казабланка, другото под очекувањата... Искрено се надевам дека ќе смени нешто во наредните епизоди, сепак тоа е Игор Џ.
 
Никогаш не не бивало за ништо и затоа гледаме хрватски или српски ток шоуа, а да не ги спомнувам од европа или америка.
 
Баш делот со поезијата, односно делот со Дениција најмногу ми се допадна и делот со Казабланка, другото под очекувањата... Искрено се надевам дека ќе смени нешто во наредните епизоди, сепак тоа е Игор Џ.
Мислиш ќе има други епизоди? Одма да се укине треба, дури и мене ми е срам за него :)
 
Јас сум еден од оние кои долго го чекаа ова шоу. Е сега, немав можност да го гледам синоќа ама си го изгледав оваа вечер. Незнам дали поради екстремно лошите коментари тука ги намалив драстично очекувањата па некако не ми се виде баш катастрофално. Далеку од она што го очекував ама катастрофа не баш, музиката посебно беше добра. Е сега концептот е промашен, тоа да. Нема да верглам многу, сеуште е рано, сигурен сум (т.е. се надевам) дека Игор ќе го испегла шоуто и ќе го нарави малку по-класично.
 
Мислиш ќе има други епизоди? Одма да се укине треба, дури и мене ми е срам за него :)
Aбе што знам, јас очекувам да продолжи, но со промени и тоа драстични, ноо...Еднаш го гледав на едно интервју во кое зборуваше за ова шоу, зборуваше како со години го сонувал и како со години си создавал идеји и замисли и сега незнам што да очекувам во тој поглед...Или ќе биде најгледано шоу евер (секако ако го промени концептот) или пак веднаш ќе прекине со тоа, а можеби и ќе продолжи да си го тера сонот.
 
Aбе што знам, јас очекувам да продолжи, но со промени и тоа драстични, ноо...Еднаш го гледав на едно интервју во кое зборуваше за ова шоу, зборуваше како со години го сонувал и како со години си создавал идеји и замисли и сега незнам што да очекувам во тој поглед...Или ќе биде најгледано шоу евер (секако ако го промени концептот) или пак веднаш ќе прекине со тоа, а можеби и ќе продолжи да си го тера сонот.
дали продуцентите го зезнале нешто не знам ама дефинитивно не е пријатно за гледање....Игор е супер шоумен но ваков пад да направи, просто неверојатно. Македонскиот Чарли Шин :)
 
Фатив делови во неделата, несакајќи. Катастрофа... тоа со пеењето и гушкањето со Калиопи, тоа со дитрим или како и да се викаше, као дете кога е у соба... значи буквално се` беше лошо. Ми беше страв да ја отворам темава да не најдам позитивни коментари.. ќе се откажев од форумов. Фала што не ме разочаравте.
Како што веќе напоменавте, се знае кој е најдобриот концепт... мада со одличен хумор би поминало и ова ама не е смешен бе, не е.
Нека глеа Saturday Night Live да види што се хумористични скечови.
А му треба и повеќе народ.
 
Неверојатна катастрофа, навистина не очекував од Игор вакво бедно шоу. За жал место напред тој се врати до толку назад што мислам дека никогаш не бил учесник во ваква катастрофална продукција. Патем освен него не треба да се заборави и продукцијата која му ја сервира оваа цела бламажа. Неспорно е дека Игор е човек кој има сестрани способности но обид сетоа тоа да се спои во 1 саат шоу е навистина аматерски и пред се чуден за човек со толкаво искуство.
Игор треба полека но сигурно да се зафаќа со посерозни проекти , наместо да се глупира со глумење дечиња и педери. Но сепак можеби тој е и најмалку виновен но тој е огледало на нашето медиумско сивило. Ми останува да се надевам дека или ќе пропадне овој проект или ќе го сменат 102,5% концептот и ќе се концентрират на еден правец а не вака чорба каша.
Мое лично мислење е дека Игор треба да се вдоми во некое шоу во стилот на Stefan Raab со шоуто Tv Total. Се работи за шоу кое се емитува секојдневно и е комбинација од секојдневните настани кои се прикажуват на сатиричен начин, гафови , разни помали квизови со гостите во студиото, а еднаш месечно и играње покер, при крај на емисијата секогаш има по неколку гости , најчесто луѓе кои се актуелни со нивните програми , дали издадена книга, нова песна или албум , некоја изложба или било шо друго што е интересно за јавноста.
 
Да се разбереме, Тони има многу подобра смисла за хумор, мислам со Део растураа, мене барем ме смееја. Верке монтажерке беа 100 пати подобри алтер его ликови од сите заедно што ги создал Игор.

Еј што се деси бе со Део?
 
Снимени се четири емисии досега, така да продолжува :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom