Никој не ти сугерира да го величиш Игор. Да, шоуто му е катастрофа, околу тоа нема дилема. Да, тој е виновен за тоа бидејќи концептот е негов. Но, не мора да летаат навреди дека бил пропалица, сељак, ретардиран и слично. Игор не е само ЏИШ, туку е и Волшебното самарче и Џандар збира и повеќе.
Уште кога ги видов рекламите си реков дека ЏИШ ќе биде или нешто ептен добро, или нешто ептен лошо. Испадна ова второво и поради тоа не планирам да го гледам повеќе. Само некако премногу навреди паднаа (не зборувам само за тука, туку и за други социјални мрежи) мислиш ова е нешто најлошо што се случило во историјата на телевизиите во Македонија. Како луѓето да заборавија какви дебилни работи има на другите телевизии. Не велам дека ЏИШ не е глупост, туку дека има далеку поглупи работи на Шител и Канал5 кои до сега не привлекле волку лоши реакции. Фор факс сејкс, Драган Вучиќ има квиз за турски серии каде дели награди од типот на стограмско кафе.
А МТВ ако е паметна, треба да го укине ЏИШ и да ги усмери парите на попаметни работи од домашна продукција. 'Домашна' е клучниот збор.