Косово е пример, за тоа што ги чека Македонците кои се затекнале на тие територии.
Ова е само една од многуте битни причини да не се дозволи населување на Албанци во доминантно македонски територи, односно да не им се продават недвижнини.
Приштина ги заборави Македонците од Рестелица
Десетмина загинаа во лавината што поклопи 20 куќи, но освен прогласување ден на жалост, косовската влада ништо не стори за локалното население, се жалат жителите на селото
Рестелица вчера се потсети на тажниот настан од лани кога лавина уби десет жители од селото. Лавината затрупа 20 куќи, но повеќето биле испустени, додека настрада речиси целото семејство Река. Несреќата ја преживеа малечката Амсера за која сега се грижи нејзиниот вујко.
И покрај големите ветувања од сите страни, особено од косовската влада, за една година, како што изјавуваат жители од Рестелица воопшто не е направено ништо.
Жителите од ова село и денес живеат во страв да не се повтори трагедијата што ги снајде нивните соселани. Независно од многуте ветувањата на владата дека ќе ја помогне Рестелица, тоа не се случи. Жителите беа принудени самоиницијативно да сторат нешто, наведува Kосовската телевизија во репортажата од настраданото место.
Ќасип Kуш, потпретседател на Општина Драгаш, вели дека освен ангажирањето на луѓето од генерален аспект, по трагедијата во Рестилица, ништо не е сработено на терен.
- Ние како општина го сторивме тоа што можевме во расчистување на теренот и имаме усвоено проект за заштита, што го реализиравме со една австриска организација, но владата на Kосово не стори ништо за да ни помогне во овој аспект. Затоа ние упатуваме апел до владата, но и до сите кои може да ни помогнат за да го обезбедиме теренот од лавини - изјавил Kуш.
И покрај сите напори на жителите да се заштитат од евентуални идни лавини и одрони, тие велат дека таков ризик не е елиминиран.
Абид Хоџа, исто така жител на Рестелица вели дека засадиле илјадници дрвца за заштита од нови лавини.
- Засадивме илјадници дрвца и поставивме челични мрежи на местото каде што се случи лавината. Тоа го сторивме за да спречиме повторување на трагедија, но граѓаните и натаму не се чувствуваат безбедни. Неколку семејства го напуштија овој дел од селото поради безбедност и страв дека може да се соочат со снежни лавини - вели тој.
Претставници на Сојузот на Македонците со исламска религија ги посетиле вечните почивалишта на десеттемина Македонци што ги загубија животите на 11 февруари лани, кога лавина затрупа дванаесет куќи во селото Рестелица, општина Драгаш во Kосово.
- Им оддадовме почит. Тоа е голема трагедија во која целосно згасна цело семејство Македонци. Во големата трагедија што го снајде семејството Река од селото Рестилица, преживеа само малата Амсера. Откако закрепна во болницата во Приштина, беше згрижена кај нејзиниот вујко во Призрен, кој веќе го доби старателството врз неа. Опкружена е со љубов на своите роднини, но знаете во детските очи се чувствува голема тага за најблиските - вели Исмаил Бојда, претседател на Сојузот.