- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.288
- Поени од реакции
- 84.406
САД и Албанците: залетувања и опомени
Скоро секогаш кога некој има максимална поддршка, кога добива незамисливи подароци (Косово – држава), ја губи ориентацијата и неизбежно се залетува.
Ристо Никовски
Така, и Албанците ги злоупотребија покровителството и заштитата кои ги имаат од САД. Амбициите во Тирана, и не само таму, пораснаа бидејќи достигнувањата, во решавањето на „албанското национално прашање“, во последниве 15-тина години, беа над сите големоалбански соништа, кои тие и те како ги имаат.
Губењето самоконтрола особено дојде до израз во подготовките за прослава на 100 годишнината на албанската држава. Предизвикот беше преголем. Меѓу повеќето екстремности, демонстрирани во тие рамки, Бериша порача и дека албанските територии се од Превеза (Грција) до Прешево (Србија) и од Скопје до Подгорица. Навлезе во четири суверени земји. Реагираше висок претставник на Стејт департментот кој, за МИА, изјавил – „САД не го поддржуваат прецртувањето на националните граници на Балканот. Непродуктивен и дестабилизирачки е секој обид да се стори тоа“ (1 декември 2012).
Со идентична изјава излезе и американскиот амбасадор во Тирана. Тоа беше првата сериозна опомена од Вашингтон која, меѓутоа, остана без резултат.
Националистички провокации од Тирана продолжија и се ширеа. Кулминираа околу преместувањето на споменикот во Прешево. Бериша рекол – „тоа покажа дека Србија е расистичка држава“; дека „етничките Албанци на Балканот мораат еден ден да се обединат во една држава“; дека „тој акт покажал уште еднаш дека има само еден начин – обединување на албанскиот народ, за Албанците да ја уживаат слободата која со крв ја стекнале“.
Во меѓувреме, по дипломатски канали, САД сигурно повеќе пати јасно им ставале до знаење на надлежните во Тирана, ама и на Албанците пошироко, дека (пре)нагласените големоалбански, националистички истапи, барем во моментов се - контрапродуктивни. Во Тирана, очигледно, тоа не го есапеле (мора да се констатира дека Албанците во земјава, барем јавно, не ја злоупотребуваат кризата низ која врвиме. Не треба да има никакви дилеми дека е тоа резултат на спомнатите пораки).
Во Вашингтон, пукна филмот. Стејт департментот испрати Меморандум до албанското МНР. Текстот не е објавен ама главните поенти, намерно во секој случај, протекоа до медиумите. Без тоа, потегот ќе беше залуден. Било оценето дека - нагласената националистичка реторика на Тирана води кон конфронтации; е оддалечување од регионалните приоритети; се отвора простор за насилно однесување; ги еродира мирот и стабилноста на регионот; може да ги загрози односите со САД. Во Мемото најексплицитно се порачувало – не се мешајте во внатрешните работи на Србија! Се тврди дека во него се нотирало и дека споменикот во Прешево бил илегално изграден за да се провоцира српската власт.
Користењето на формата Меморандум зборува дека се работи за исклучително сериозен политички демарш. Потврда за тоа е и посетата на Рикер, кој во Тирана пристигна веднаш потоа и остана неколку дена. Во интервју за ТВ Топ канал, тој нагласи дека САД се цврсто против промени на границите (не кажа само од кога?!?). Оцени дека „повиците за обединување на сите Албанци или за обединување на групи, базирано на етничка или национална припадност, се контрапродуктивни и неодговорни“. Меѓутоа, на забелешка од новинарот, дека во Преамбулата на албанскиот Устав пишувало дека аспирација на Албанците било национално обединување, што значи дека Бериша настапува уставно, Рикер немаше соодветен коментар. „Како што јасно реков – границите во Европа се поставени“, заклучи тој.
Пред Тирана, Рикер бил во Брисел и се сретнал и со Тачи, и со Дачиќ, кои таму преговараа. Овие средби покажуваат дека Вашингтон е концентриран на средување на односите меѓу Косово и Србија, што е последна, клучна етапа од нивниот проект „Косово-држава“. Непотребните залетувања на Тирана се штетни кога, поради своите европски амбиции, Србија е спремна на концесии. Класичната политика на стап и морков доаѓа до израз – Србија ќе попушта околу Косово, а ќе напредува кон Европа. За да се постигне тоа, во моментов, САД се на страната на - Србија.
Фактот што на албанската залетаност реагираше Вашингтон, а не Брисел, заслужува посебно внимание. Во основата, екстремните национализми се предизвици со кои се справуваат НАТО и ЕУ, а не САД. Ова е само уште една потврда дека сите конци во регионот ги држат САД, особено кога се Албанците во прашање. Не дозволуваат никој да им се меша, а начинот на кој е реагирано покажува дека е доведена во прашање американската регионална политика. ЕУ, пак, потврди дека нема релевантни надворешно-политички и безбедносни капацитети.
Сите овие случувања, сепак, воопшто не значат дека има какви било суштински промени во американската политика во регионот. Тврдењата дека „Вашингтон ги буди Албанците од сонот за голема Албанија“ (ударен текст во Нова Македонија од 19 февруари 2013), се преуранети и нереални. Мемото е само опомена за залетаните дека тие се само извршители на туѓа политика и дека не смеат да се истрчуваат. Преговорите кои се водат меѓу Белград и Приштина, се сега приоритет и не смеат да се доведат во прашање. Целта на САД е да се осигури иднината на Косово, кое е нивни капитал, а Албанците остануваат главен партнер на Балканот. Токму преку нив, за првпат во историјата, САД станаа доминантен фактор во регионот и немаат намера да се повлечат.
Случајот личи на едно историско искуство. Сите се бунат, пцујат... пресветли кнеже, му носеле јатаците загрижувачки вести од теренот на српскиот водач, Милош Обреновиќ. Релаксиран, вождот наредувал нови давачки. Така било се додека, еден ден, јатаците, задоволно, не му пренеле дека на теренот се е мирно и тивко, никој не кревал врева. Загрижен, Милош наредил веднаш да се попушта, да се намалат даноците... Нешто се спремало...
Идентично на тоа, и Тирана ја преминала црвената линија и затоа е реакцијата на Вашингтон. Меѓутоа, не треба да се залажуваме. Проблем е реториката. Таа мора да се промени. Агендата останува апсолутно иста. Проектот „Голема Албанија“ не само што не е напуштен туку, со косовската независност, тој е веќе околу 70 проценти и реализиран. Останува само уште делот од Македонија. Трите општини во Јужна Србија и четирите во Црна Гора, со доминантно албанско население од по неколку десетици илјади, се многу помалку важни за албанската кауза. Грција сè уште не е на дневен ред. Залагања на САД за непроменливост на границите, од друга страна, се чист блеф. Македонија тие ја рушат од внатре. А, со промена на името на државата, ќе се разнебитат и Македонците.
САД немаат објективен интерес да дозволат скоро спојување на Албанија и Косово. Многу полесно им е вака да ги контролираат. А сигурно се свесни и дека обединувањето лесно може да води во граѓанска војна. Албанците се единствени за националната кауза ама, како политички противници, се гледаат само преку нишан. И во Албанија, и на Косово, и во Македонија...
Во секој случај, исклучително е добро што, одеднаш, Вашингтон „се сети“ дека - Тирана зборува за „албански територии“ надвор од државата; се меша во работите на соседните земји каде има Албанци; отворено се залага за се-албанско обединување, конфронтирајќи се со четири држави... иако сето тоа е дамнешна практика. Досега се затвораа очите како ништо да не се случува.
За жал, новите тонови не водат кон промена на политиките кои ја загрозуваат Македонија. Во прашање е само инцидент.