„Американците со години го подготвуваат проектот голема Албанија“

Ф

ФилипМакедон

Гостин
САД и Албанците: залетувања и опомени


Скоро секогаш кога некој има максимална поддршка, кога добива незамисливи подароци (Косово – држава), ја губи ориентацијата и неизбежно се залетува.
Ристо Никовски
Така, и Албанците ги злоупотребија покровителството и заштитата кои ги имаат од САД. Амбициите во Тирана, и не само таму, пораснаа бидејќи достигнувањата, во решавањето на „албанското национално прашање“, во последниве 15-тина години, беа над сите големоалбански соништа, кои тие и те како ги имаат.
Губењето самоконтрола особено дојде до израз во подготовките за прослава на 100 годишнината на албанската држава. Предизвикот беше преголем. Меѓу повеќето екстремности, демонстрирани во тие рамки, Бериша порача и дека албанските територии се од Превеза (Грција) до Прешево (Србија) и од Скопје до Подгорица. Навлезе во четири суверени земји. Реагираше висок претставник на Стејт департментот кој, за МИА, изјавил – „САД не го поддржуваат прецртувањето на националните граници на Балканот. Непродуктивен и дестабилизирачки е секој обид да се стори тоа“ (1 декември 2012).
Со идентична изјава излезе и американскиот амбасадор во Тирана. Тоа беше првата сериозна опомена од Вашингтон која, меѓутоа, остана без резултат.
Националистички провокации од Тирана продолжија и се ширеа. Кулминираа околу преместувањето на споменикот во Прешево. Бериша рекол – „тоа покажа дека Србија е расистичка држава“; дека „етничките Албанци на Балканот мораат еден ден да се обединат во една држава“; дека „тој акт покажал уште еднаш дека има само еден начин – обединување на албанскиот народ, за Албанците да ја уживаат слободата која со крв ја стекнале“.
Во меѓувреме, по дипломатски канали, САД сигурно повеќе пати јасно им ставале до знаење на надлежните во Тирана, ама и на Албанците пошироко, дека (пре)нагласените големоалбански, националистички истапи, барем во моментов се - контрапродуктивни. Во Тирана, очигледно, тоа не го есапеле (мора да се констатира дека Албанците во земјава, барем јавно, не ја злоупотребуваат кризата низ која врвиме. Не треба да има никакви дилеми дека е тоа резултат на спомнатите пораки).
Во Вашингтон, пукна филмот. Стејт департментот испрати Меморандум до албанското МНР. Текстот не е објавен ама главните поенти, намерно во секој случај, протекоа до медиумите. Без тоа, потегот ќе беше залуден. Било оценето дека - нагласената националистичка реторика на Тирана води кон конфронтации; е оддалечување од регионалните приоритети; се отвора простор за насилно однесување; ги еродира мирот и стабилноста на регионот; може да ги загрози односите со САД. Во Мемото најексплицитно се порачувало – не се мешајте во внатрешните работи на Србија! Се тврди дека во него се нотирало и дека споменикот во Прешево бил илегално изграден за да се провоцира српската власт.
Користењето на формата Меморандум зборува дека се работи за исклучително сериозен политички демарш. Потврда за тоа е и посетата на Рикер, кој во Тирана пристигна веднаш потоа и остана неколку дена. Во интервју за ТВ Топ канал, тој нагласи дека САД се цврсто против промени на границите (не кажа само од кога?!?). Оцени дека „повиците за обединување на сите Албанци или за обединување на групи, базирано на етничка или национална припадност, се контрапродуктивни и неодговорни“. Меѓутоа, на забелешка од новинарот, дека во Преамбулата на албанскиот Устав пишувало дека аспирација на Албанците било национално обединување, што значи дека Бериша настапува уставно, Рикер немаше соодветен коментар. „Како што јасно реков – границите во Европа се поставени“, заклучи тој.
Пред Тирана, Рикер бил во Брисел и се сретнал и со Тачи, и со Дачиќ, кои таму преговараа. Овие средби покажуваат дека Вашингтон е концентриран на средување на односите меѓу Косово и Србија, што е последна, клучна етапа од нивниот проект „Косово-држава“. Непотребните залетувања на Тирана се штетни кога, поради своите европски амбиции, Србија е спремна на концесии. Класичната политика на стап и морков доаѓа до израз – Србија ќе попушта околу Косово, а ќе напредува кон Европа. За да се постигне тоа, во моментов, САД се на страната на - Србија.
Фактот што на албанската залетаност реагираше Вашингтон, а не Брисел, заслужува посебно внимание. Во основата, екстремните национализми се предизвици со кои се справуваат НАТО и ЕУ, а не САД. Ова е само уште една потврда дека сите конци во регионот ги држат САД, особено кога се Албанците во прашање. Не дозволуваат никој да им се меша, а начинот на кој е реагирано покажува дека е доведена во прашање американската регионална политика. ЕУ, пак, потврди дека нема релевантни надворешно-политички и безбедносни капацитети.
Сите овие случувања, сепак, воопшто не значат дека има какви било суштински промени во американската политика во регионот. Тврдењата дека „Вашингтон ги буди Албанците од сонот за голема Албанија“ (ударен текст во Нова Македонија од 19 февруари 2013), се преуранети и нереални. Мемото е само опомена за залетаните дека тие се само извршители на туѓа политика и дека не смеат да се истрчуваат. Преговорите кои се водат меѓу Белград и Приштина, се сега приоритет и не смеат да се доведат во прашање. Целта на САД е да се осигури иднината на Косово, кое е нивни капитал, а Албанците остануваат главен партнер на Балканот. Токму преку нив, за првпат во историјата, САД станаа доминантен фактор во регионот и немаат намера да се повлечат.
Случајот личи на едно историско искуство. Сите се бунат, пцујат... пресветли кнеже, му носеле јатаците загрижувачки вести од теренот на српскиот водач, Милош Обреновиќ. Релаксиран, вождот наредувал нови давачки. Така било се додека, еден ден, јатаците, задоволно, не му пренеле дека на теренот се е мирно и тивко, никој не кревал врева. Загрижен, Милош наредил веднаш да се попушта, да се намалат даноците... Нешто се спремало...
Идентично на тоа, и Тирана ја преминала црвената линија и затоа е реакцијата на Вашингтон. Меѓутоа, не треба да се залажуваме. Проблем е реториката. Таа мора да се промени. Агендата останува апсолутно иста. Проектот „Голема Албанија“ не само што не е напуштен туку, со косовската независност, тој е веќе околу 70 проценти и реализиран. Останува само уште делот од Македонија. Трите општини во Јужна Србија и четирите во Црна Гора, со доминантно албанско население од по неколку десетици илјади, се многу помалку важни за албанската кауза. Грција сè уште не е на дневен ред. Залагања на САД за непроменливост на границите, од друга страна, се чист блеф. Македонија тие ја рушат од внатре. А, со промена на името на државата, ќе се разнебитат и Македонците.
САД немаат објективен интерес да дозволат скоро спојување на Албанија и Косово. Многу полесно им е вака да ги контролираат. А сигурно се свесни и дека обединувањето лесно може да води во граѓанска војна. Албанците се единствени за националната кауза ама, како политички противници, се гледаат само преку нишан. И во Албанија, и на Косово, и во Македонија...
Во секој случај, исклучително е добро што, одеднаш, Вашингтон „се сети“ дека - Тирана зборува за „албански територии“ надвор од државата; се меша во работите на соседните земји каде има Албанци; отворено се залага за се-албанско обединување, конфронтирајќи се со четири држави... иако сето тоа е дамнешна практика. Досега се затвораа очите како ништо да не се случува.
За жал, новите тонови не водат кон промена на политиките кои ја загрозуваат Македонија. Во прашање е само инцидент.
Ристо го почитувам,затоа што со своите изјави неколку пати се стави свесно на нож... и како и секогаш она што го пишува го пишува искрено без задни намери... всушност тој со оваа изјава сака да ни каже,дека држава Македонија,со население кое има чувства кон "Македонското" не им одговора,затоа што доколку се создадат услови таа држава да стекне моќ,ке предизвика поголема регионална нестабилност(обединување на другите делови),но од друга страна не им одговара оваа држава во овие граници да ја нема,затоа што пак ке предизвика проблеми(караница измеѓу Србија,Грција и Бугарија),што би значело креирање на маса која ке нема национални чувства према оваа држава,но ке нема ни против за нејзиното постоење,односно на Албанците им се даде токава слобода во сите институционални делови на државава,што на нив не им одговора оваа држава,овој систем да пропадне(нешто налик Швајцарија)... Никовски сака да ни наговести дека во план е таквото население да стане доминантно,со цел Македонскиот идеал и идеја да бидат загушени... што би се рекло,многу паметен империјален начин да се реши балканскиот проблем,на жалост на наша штета...
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Ако ја нападнеа Југославија тогаш ќе си го дадеа најголемиот автогол на сите времиња.
Вака сега имаат 2 и пол албански држави,а тогаш кој знае дал и и во Албанија ќе ги имаше ако се дрзнеа да ја нападнат Југославија.
Точно така во право си, но Енвер Хоџа се заебал со Кина,тогаш Албанија имаше соработка само со Кина, но наместо Кина да имаа соработка со САД, тогаш можеа многу лесно да ја нападнат Југославија..
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Точно така во право си, но Енвер Хоџа се заебал со Кина,тогаш Албанија имаше соработка само со Кина, но наместо Кина да имаа соработка со САД, тогаш можеа многу лесно да ја нападнат Југославија..
Па Југославија стоеше одлично тогаш со САД.Која би била целта на САД да сака Албанија да ја нападне Југославија.Југославија во тоа време им беше мост помеѓу САД и НАТО и источниот блок.Не за џабе беа заебанциите Тито со шоферот седи на раскрсница и шоферот го прашува,друже Тито лево да идам или десно....и овој му вика,дај жмигавец за лево,а сврти десно.

Југославија имаше и руско и свое и америчко оружје,единствена комунистичка земја која ги имаше целосно отворено своите граници и кон истокот и кон западот.Примаше Југославија кредити од сите страни и со сите тргуваше.....
На САД,се до крајот на 80тите години им требаше таква една држава.

Албанија немаше никаква сила да ја нападне Југославија.Југославија со секој сегмент и пред самиот распад беше огромна сила за Албанија.Дури ни големата албанска популација во СФРЈ немаше многу да може да им помогне...
Од надвор не беше лесно да ја уништиш таа држава,но од внатре,со толку мешано население кое нема до крај расчистено сметки и те како можеш.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
американците со нивната вмешаност секаде се прашувам до каде е денот кога ќе надрљаат за се’
нека продолжат вака да иритираат држави па да се изнасмееме на исходот
Погледнете какви слободи и права си земаат само , иако ова е “смешка“ во споредба со шпионажата, прислушкувањата и слично, но сепак ....

Американската компанија FCKH8 http://www.fckh8.com/
испечатила 10 000 детски боенки «Миша и неговите мами одат на Олимпијада».
И бесплатно ќе ги делат на руските деца за време на Игрите во Сочи









 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.406
"Мали" проблеми, по патот:

Косово не може во ОН

Косово нема да биде член на Обединетите Нации, изјавиле за приштинскиот весник „Трибуна“ дипломатски извори, додавајќи дека на официјална Приштина тоа и е одамна кажано.

Како што пишува весникот, на Приштина и е дадено до знаење да се откаже од таа цел во офаа фаза од договорот со Белград, што се толкува како „болен компромис за косовската страна“.

Невозможноста за членството на Косово во ОН потсетува на статусот на Тајван, земја која прогласи независност, но меѓународно е се’ уште дел од Република Кина, пишува весникот.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
"Мали" проблеми, по патот:

Косово не може во ОН

Косово нема да биде член на Обединетите Нации, изјавиле за приштинскиот весник „Трибуна“ дипломатски извори, додавајќи дека на официјална Приштина тоа и е одамна кажано.

Како што пишува весникот, на Приштина и е дадено до знаење да се откаже од таа цел во офаа фаза од договорот со Белград, што се толкува како „болен компромис за косовската страна“.

Невозможноста за членството на Косово во ОН потсетува на статусот на Тајван, земја која прогласи независност, но меѓународно е се’ уште дел од Република Кина, пишува весникот.

\Се додека некоја голема сила стои зад тебе, не е ни битна таа формалност, твоите интереси и во ОН и во совет за безбедност... ќе ги турка голема сила, се додека си и потребен и и служиш на нејзините интереси, нема тука љубов нни симпатии - то е се политика и интерес. Косово не беше ни во 1999 година ни во ОН ни самостојна па се крена НАТО и сила огромна воена да ги отцепи од Србија (која беше меѓународно и призната и членка на ОН). Ако може да бирам, јас одмна би менвал наше членство и признание од ОН за една таква заштита од светска суперсила
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.406
\Се додека некоја голема сила стои зад тебе, не е ни битна таа формалност, твоите интереси и во ОН и во совет за безбедност... ќе ги турка голема сила, се додека си и потребен и и служиш на нејзините интереси, нема тука љубов нни симпатии - то е се политика и интерес. Косово не беше ни во 1999 година ни во ОН ни самостојна па се крена НАТО и сила огромна воена да ги отцепи од Србија (која беше меѓународно и призната и членка на ОН). Ако може да бирам, јас одмна би менвал наше членство и признание од ОН за една таква заштита од светска суперсила
Да, Тајван живее со години прилично добро, баш на овој начин.

Сепак, целта и на Албанците и на САД, е Косово да влезе во ООН. Албанците не претендираат на тајванска судбина, туку сакаат целосна легитимност. А тоа стварно ќе биде тешко, баш ради Тајван. Тука Србија више не се ни прашува (од страна на Кина), некои руски дипломати пуштаа некакви знаци дека доколку попушти Србија, може да го признаат Косово, а од друга страна други руски политичиари даваа сигнали дека они ќе го следат патот на Кина, односно, независно што Србија ќе прави, они Косово нема да го признаат. Сметам дека ќе го признаат, ако Србија попушти, а Кина - никогаш.
Така што, веројатно целосна независност нема да има Косово, пошто у ООН уште се води како дел од Србија (како Тајван што е, во ООН, дел од Кина)
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Србија или Македонија што се во ОН се утепаја од дар и бериќет што видоа од тоа членување.. се сложувам со постот на членот над мене.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Да, Тајван живее со години прилично добро, баш на овој начин.

Сепак, целта и на Албанците и на САД, е Косово да влезе во ООН. Албанците не претендираат на тајванска судбина, туку сакаат целосна легитимност. А тоа стварно ќе биде тешко, баш ради Тајван. Тука Србија више не се ни прашува (од страна на Кина), некои руски дипломати пуштаа некакви знаци дека доколку попушти Србија, може да го признаат Косово, а од друга страна други руски политичиари даваа сигнали дека они ќе го следат патот на Кина, односно, независно што Србија ќе прави, они Косово нема да го признаат. Сметам дека ќе го признаат, ако Србија попушти, а Кина - никогаш.
Така што, веројатно целосна независност нема да има Косово, пошто у ООН уште се води како дел од Србија (како Тајван што е, во ООН, дел од Кина)
ќе се соединат со Албанија, референдум во албанија, референдум на косово и кој ќе им каже не?
Светска политика е на компромиси, руси ќе замижат за косово, американците за некои интереси на русија.. и така за русите србија веќе не е стратешка точка за која вреди да се во губиток н а друго место
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Па не се секавм дека Руси гинеле за православен интерес на Балкан , Обратно знам многу примери.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Не ми е јасно тоа ГО ПОДГОТВУВААТ,сака некој да ме убеди дека тоа неможеја до сега да го направат ? и ако не можеа кој би ги спречил.. прочуените МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТИ кои се СТОТИЦИ ИЛЈАДИ или ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom