kooperativa
Г-ин Пола Милениум
- Член од
- 2 октомври 2012
- Мислења
- 7.633
- Поени од реакции
- 8.601
така е, иако од принцип не треба да се плаќаат тие 500 денари. тоа е борбата. ти и други се среќни и задоволни што ги откачиле од топлификација, ама тие 500 ден се твои, и само твои. ти си РАСКИНАЛ секаква соработка со нив, и нема зошто да плаќаш. ух, испадна ко да те карам, сори.Да ви ја кажам мојата приказна околу домашното затоплување. Користевме парно греење од топлификација кое што не се покажуваше најдобро како за цена така и за топлината што ја одржуваше. Малце по малце станарите од целата зграда започнаа да се исклучуваат од парното греење и со секој исклучен станар цената на парното се накачуваше. Плус имаше и некој проблеми со мерачот кој мери колку треба да кошта сметката и од топлификација немаа абер да го поправат, па цената достигна до 6500 денари месечно! Сега цела зграда се исклучивме и дома кај нас поставивме електрични грејни тела(незнам што марка се ама околу 50 евра кошташе едно). Презадоволен сум од тоа како греат нонстоп е како сауна дома. Можеш кога сакаш да ги исклучиш ако не си подолго време дома. И знаете колку ми стига сметка за струја? 6000 денари. А претходно пред да имаме електрични грејни тела струјата беше околу 2000-2400 денари месечно. Значи сега за греење плаќам околу 3500 денари. Станот има 70 метри квадратни и потребни беа 5 грејни тела да се купат, што значи јас уште оваа година ке ги извадам парите што сум ги потрошил за да ги купам, а веќе од следната година ке заштедувам по 3000 месечно. Уствари кој 3000 денари...јас ги користам и плаќам за нив само 4-5 месеци во годината зима-есен,за разлика од парното кое се наплаќа цела година. Значи огромна заштедувачка! И плус да ги израчунаме оние 500 денари кои треба да ги плаќам секоја година за парното кое не го користам, пак сум доста во плус!