Најекономично греење и ладење

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Да ви ја кажам мојата приказна околу домашното затоплување. Користевме парно греење од топлификација кое што не се покажуваше најдобро како за цена така и за топлината што ја одржуваше. Малце по малце станарите од целата зграда започнаа да се исклучуваат од парното греење и со секој исклучен станар цената на парното се накачуваше. Плус имаше и некој проблеми со мерачот кој мери колку треба да кошта сметката и од топлификација немаа абер да го поправат, па цената достигна до 6500 денари месечно! Сега цела зграда се исклучивме и дома кај нас поставивме електрични грејни тела(незнам што марка се ама околу 50 евра кошташе едно). Презадоволен сум од тоа како греат нонстоп е како сауна дома. Можеш кога сакаш да ги исклучиш ако не си подолго време дома. И знаете колку ми стига сметка за струја? 6000 денари. А претходно пред да имаме електрични грејни тела струјата беше околу 2000-2400 денари месечно. Значи сега за греење плаќам околу 3500 денари. Станот има 70 метри квадратни и потребни беа 5 грејни тела да се купат, што значи јас уште оваа година ке ги извадам парите што сум ги потрошил за да ги купам, а веќе од следната година ке заштедувам по 3000 месечно. Уствари кој 3000 денари...јас ги користам и плаќам за нив само 4-5 месеци во годината зима-есен,за разлика од парното кое се наплаќа цела година. Значи огромна заштедувачка! И плус да ги израчунаме оние 500 денари кои треба да ги плаќам секоја година за парното кое не го користам, пак сум доста во плус!
така е, иако од принцип не треба да се плаќаат тие 500 денари. тоа е борбата. ти и други се среќни и задоволни што ги откачиле од топлификација, ама тие 500 ден се твои, и само твои. ти си РАСКИНАЛ секаква соработка со нив, и нема зошто да плаќаш. ух, испадна ко да те карам, сори.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.736
Поени од реакции
2.553
Osven Hidroset (GLAVNI UVOZNICI) prodava li nekoj drug Fujitsu.
Биро Пандев од Струмица. Само не очекувај да се поефтини од Хидросет.

Инаку да, главен увозник, а само еден модел имаат од целата палета на Фуџитсу. Можеби да реагираш до централата во Германија?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Да ви ја кажам мојата приказна околу домашното затоплување. Користевме парно греење од топлификација кое што не се покажуваше најдобро како за цена така и за топлината што ја одржуваше. Малце по малце станарите од целата зграда започнаа да се исклучуваат од парното греење и со секој исклучен станар цената на парното се накачуваше. Плус имаше и некој проблеми со мерачот кој мери колку треба да кошта сметката и од топлификација немаа абер да го поправат, па цената достигна до 6500 денари месечно! Сега цела зграда се исклучивме и дома кај нас поставивме електрични грејни тела(незнам што марка се ама околу 50 евра кошташе едно). Презадоволен сум од тоа како греат нонстоп е како сауна дома. Можеш кога сакаш да ги исклучиш ако не си подолго време дома. И знаете колку ми стига сметка за струја? 6000 денари. А претходно пред да имаме електрични грејни тела струјата беше околу 2000-2400 денари месечно. Значи сега за греење плаќам околу 3500 денари. Станот има 70 метри квадратни и потребни беа 5 грејни тела да се купат, што значи јас уште оваа година ке ги извадам парите што сум ги потрошил за да ги купам, а веќе од следната година ке заштедувам по 3000 месечно. Уствари кој 3000 денари...јас ги користам и плаќам за нив само 4-5 месеци во годината зима-есен,за разлика од парното кое се наплаќа цела година. Значи огромна заштедувачка! И плус да ги израчунаме оние 500 денари кои треба да ги плаќам секоја година за парното кое не го користам, пак сум доста во плус!
Ми звучи неверојатно! 5 грејни тела (претпоставувам панелни конвектори) веројатно од типот Thermor AEG Aerlec....во 70 квадрати стан и сметката за струја САМО 6500 (или само за загревање 3500) и плус велиш вклучени нон-стоп, а квалитетот на греење одличен (како сауна)... ! Во што живееш? Во Low Energy House, или во passive house? По мое размислување сосема неверојатно! Велиш 5 грејни тела, претпоставувам 3 со поголема моќ 2-2,5Kw/h а две со помала 1,5Kw.... тоа е околу 10 Kw инсталирана моќ.. и како кажуваш нон-стоп вклучени! Како со толкава потрошувачка успеваш да потрошиш енергија за греење во износ од само 3,500 месечно!? Со толку ниски сметки се оние кои се греат со термални пумпи - инвертери, кои трошат по 1-1,5Kw/h а не 10. Со десет одиш над 2,000 Kw месечно гарант!
 
Член од
7 март 2011
Мислења
35
Поени од реакции
25

Грешка имам погоре во постот, имам 4 грејни тела и вкупно имаат 7kW. Да марката на грејните тела е Thermor. И толку е сметката до 6500 денари. Живеам во обичен стан во зграда во Аеродром. Но види сега не се грејните тела нонстоп уклучени. Уклучени се нон стоп само преку викенд. Преку неделата има периоди од некои 5-6 саати кога дома нема никој па ги исклучуваме. Тоа ми беше поентата горе во постот дека многу се флексибилни и ти си бираш кога ке ги уклучиш.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Wow...Изненаден сум од ниската сметка за Јануари. 3300 ден. Топлам една соба од 40 кв. со клима инвертер, купатило скоро преку еден ден по 20тина минути со греалица за купатило Валијант која троши 800 вати и проточен бојлер кој го користам како што спомнав за кратки туширања околу 4-5 пати неделно.
Тука вклучувам и машина за садови и шпорет кој ги користам повремено и не многу често.
Во секој случај пријатно сум изненаден од сметката и потрушувачката на инвертерот кој беше вклучен нон стоп со тоа што навечер и кога излегував ја намалував температурата на 17-18 степени, додека кога сум дома на 21/22.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
И како шо протестираа телевизиите против плаќање на ММИ така можат и бар еднаш да застанат зад народот и да протестираат поради укинување на дневна ефтина тарифа за струја и за некористење парно-а наплаќање за некористењето :mad:
Ама секој си го гледа својот гз, интерес, извор на финансии у оваа држава.
Нема такви во власта.... изгледа засекогаш е завршено со дневната евтина струја. Ништо од комисиската расправа, ако добро разбрав на вестите на Алфа!?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Нема такви во власта.... изгледа засекогаш е завршено со дневната евтина струја. Ништо од комисиската расправа, ако добро разбрав на вестите на Алфа!?
Да, за жал ништо од дневна ефтина струја:mad:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Dr Zmigo , @ Олимпија
Дајте линк, јас имам спротивна информација

Ова е страницата од Собрание каде стои дека за точките 6 и 7 Законодавно-правната комисија не расправала, а ќе расправа на 11. 02. 2013 на првото продолжение
Еве погледнете:
http://www.sobranie.mk/ext/sessiondetails1.aspx?Id=0cd9576b-6e15-4518-8eb7-d6a752f92b5e

На Алфа телевизија го најдов ова но нема податоци од каде е информацијата
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=63093

Слична вест има и на 24 вести:
http://24vesti.mk/„aman“-ne-dobi-amin-od-vlast
 
Не е сеуште изгласано, во моментов оди на собраниски канал....
иако на АЛФА потврдива со веста
АМАН не доби амин за враќање на дневната евтина струјата

Изгледав се до крај... Тоа беше комисија за економски прашања. И се беше убаво.... добро... добро.... и на крај не се прифаќа.
Ќе видиме како до крај ќе се одвиваат работиве
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
1. Fujitsu ASYG12LEC - 660Eur + 65Eur (montaza) = 725Eur
2. Carrier X Power Gold 42NQV035M 780Eur - 790Eur Ukupno so montaza
3. Daikin FTXN35K/RXN35K 650Eur (ne znam dali e so montaza)
4. Fujitsu ASYG12LLCA - 660Eur + 65Eur (montaza) - 725Eur
5. Toshiba Avant RAS-137SKV 810Eur (ukupno)

Ima li nekoj drug ideja sto da zemam vo ovoj cenoven rang, iskustva itn
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
1. Fujitsu ASYG12LEC - 660Eur + 65Eur (montaza) = 725Eur
2. Carrier X Power Gold 42NQV035M 780Eur - 790Eur Ukupno so montaza
3. Daikin FTXN35K/RXN35K 650Eur (ne znam dali e so montaza)
4. Fujitsu ASYG12LLCA - 660Eur + 65Eur (montaza) - 725Eur
5. Toshiba Avant RAS-137SKV 810Eur (ukupno)

Ima li nekoj drug ideja sto da zemam vo ovoj cenoven rang, iskustva itn
Имам два модели на Ел Џи со тие перформанси кој би ти биле во тој ценовен ранг.

LG S12 MH - 520 евра без монтажа.

LG S 12 AF - 550 евра без монтажа. Фирмите што ги препорачаа земаат отприлика 60-65 евра за монтажа.

Го имам вториот модел од причина што го зедов на промоција за 490 евра и засега сум презадоволен од перформанси и потрошувачка.
Мислам дека и првиот модел би бил одличен и можеби подобар од причина што е произведен во Кореа, за разлика од втроиот модел кој е произведен во Турција.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
13
Поени од реакции
6
Nekoj da go ima ili koristel Carrier X Power Gold
Веќе 3 месеца го користам тој модел,и тоа најјакиот од 7.5kw(Имам заебан простор за греење од 90тина квадрати отворен простор: 60kв салон плус 30тина кв поткровје, нешто ко галерија му доаѓа)

Претходната зима користев парно на струја и сметката ми беше 12-13000 во најјакиот студ, и тоа на стар струјомер што повеќе вртеше ефтина одколку скапа струја. Оваа зима се грејам само со клима и на НОВ струјомер ми стигна околу 7000ден сметка. Климата до сеа не покажа апсолутно никаков пробпем. Освен на -16 на пример кога мораше да се пушта и панелче. Со тоа што самиот простор е специфичен и целата топлина "бега" нагоре. Во нормална просторија/салон не верувам дека ќе имаше потреба и од тоа.

У секој случај нема да згрешиш со моделов.
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Zboruvame li za Carrier X Power
A dali na -16 rabotese i duvase??? Bidejki Samsung kaj moj prijatel na -16 se isklucuva
I od kade ja zema i kolku
Fala
 
Kajgana Shop

На врв Bottom