Накратко, спрема Библијата, Бог ги создал Адам и Ева, од кој настанаа сите други луѓе, вклучително и Ное и жена му и децата. По големиот потоп, на земјата останаа од луѓето Ное, жена му трите сина со жените и тие повторно ја населија земјата. Денес имаме разни раси на луѓе, и библиската прикаска дека потекнуваат сите од исти предок, не може да опстои без помош на науката - еволуцијата.
Не сум нешто религиски настроен само не гледам каде религијата вели дека еволуцијата не е точна.
Има нешто Бог го создал светот за шест дена, а седмиот се одмарал.
Ама што се шест дена за Бог?
Може да бидат 6 милениуми за нас.
Религијата не е наука и секој може да си ја интерпретира како сака и како му одговара.
И да правиш споредби е непотребно, некорисно, а и џабе си го арчиш времето.
Ако сака некој за верува во Зевс ќе верува ниту има начин ниту ќе се пронајде начин за докажување на „натприродна„ сила како што и самиот назив кажува натприродна е и не се покорува на законите на природата така да џабе е муабетот.
Јас верувањето во Бог го изедначувам со љубовта према девојка, родители, пријател, брат/сестра итн.
Може 99% да си сигурен дека те сакаат ама 1% останува на верба.
Едноставно не постои доказ дека некоја особа ја љубиш повеќе од себе си, така да останува на тоа да се види од делата твои кои се на некој начин „доказот“ за постоењето.
П.С Уште еднаш ќе напоменам глупаво е и непотребно, а и невозможно е да се дискредитира религија со помош на наука бидејќи двете се фундаментално различни.
Само ќе губиш време и нерви поздрав