Значи намерно ти цитирам еволуционист, за да увидиш дека и меѓу нив има такви што ги гледаат бизарностите на таа „теорија“. Кога сме кај него, еве ти еден цитат од таа книга:
„Универзалниот заклучок на палеонтологијата... е дека, иако карпите континуирано даваа нови, возбудливи, па дури и бизарни форми на живот... никогаш не покажале некоја од Дарвиновите милијарди преодни форми. И покрај неверојатно зголемените геолошки активности во секое катче на планетата, и покрај откривањето на многу необични и досега непознати форми, безбројните поврзувачки алки се уште не се пронајдени, а фосилните наоди се уште остануваат во прекин, какви што биле кога Дарвин ја пишувал неговата книга Потекло на видовите. Меѓуформите останаа недофатливи, како што биле отсекогаш, а нивното отсуство цел век подоцна е една од највпечатливите карактеристики на фосилните наоди“
(Мајкл Дентон, Еволуцијата: Теорија во криза [Chevy Chase, Md.: Adler & Adler, 1986] стр. 162.)