Прашања до Атеистите II

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Отко ти ќе ми одговориш што е постаро, кокошката или јајцето (со ображение оф корс)
Море, на поставено прашање, се дава одговор, а не уште едно прашање...

Што се тиче то јајцата и кокошките, то не е одговор, туку избегнување одговор. Познато е дека кокошките носат јајца, а во одредени услови, од јајцата се раѓаат пилиња, идните кокошки и петли.

Во краен случај, и кокошките и јајцата имаа свој почеток, а не бесконечен и беспочетен низ од релација „јајце-кокошка„, што му доѓе дека и атеизмот има свој почеток во човечката историја и дека не е беспочетен...

Чак би рекол дека е познато и каде се историските почетоци од атеизмот, ама ја‘ би сакал тоа да го образложи токму атеист, а не теист, за да видиме кај се почетоци од атеизмот и заш‘о е таа социо-појава толку омасовена во нашево, а не во некое историски познато време.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920

Море, во прашањето беше одговорот, читај меѓу редови.
Но ај чим сакаш, подетално. Да се договориме што е тоа масовно и што е тоа бог.
За да биде нештото масовно треба да има некој си попис, а бидејќи таков од антички времиња нема, не можеме да знаеме што е масовно.
Бидејќи атеизмот се однесува на било кој аспект на бог или богови, значи не се однесува само на христијанското поимање на бог.
Зборот Атеист доаѓа од грчкиот Теос=Бог и Префиксот А=без. Како таков постои од античка грција. Има познати философи и писатели кои од тогаш, го спорат постоењето на богови (не постоело Христијанството, тогаш, нели биле политеисти).
А атеисти (како неверување во боговите) постоеле и порано, откако и “постоел/е“ бог/ови. Колку биле и каде биле, ако немаш друга работа оди па број ги.
Се надевам појасно.
Следно Прашање?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.477
Поени од реакции
58.714
Чак би рекол дека е познато и каде се историските почетоци од атеизмот, ама ја‘ би сакал тоа да го образложи токму атеист, а не теист, за да видиме кај се почетоци од атеизмот и заш‘о е таа социо-појава толку омасовена во нашево, а не во некое историски познато време.
Атеизмот постоел пред религиите. Атеизмот е природна состојба, а не верувањето во виша сила. Поинаку - ако луѓето не измислеа божества, немаше да иа потреба од зборот атеизам. Секој човек е атеист во првите неколку години од животот, додека врз него не започне процесот на индоктринација од страна на семејството и околината при што од најмали нозе му се наметнува извртена слика за реалноста во која егзистираме.

Како и да е, конкретно на твоево прашање - како што се зголемува знаењето кај светската популација така се зголемува и бројот на атеистите. Не може да очекуваш пред повеќе илјади години неписмена маса народ која не може да си ги објасни природните појави како грмотевици, еклипси итн... да не измисли виша сила одговорна за истите.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Се надевам појасно.
Не е по јасно, помалку јасно е, оти, ако јас исповедам одредена вера, тоа значи дека треба да имам познавање од истата: да имам поим што и кого исповедам и од кога и од каде постои таа вера/вероисповест.

Према томе, ако се изјаснувам за атеист, би требало и да имам поим што и какво учење исповеда, оти во спротоивно, атеизмот ќе ми биде само субјективна идеја, која нема блага врска со реалното битисување...
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 11:40 ---
Атеизмот постоел пред религиите.
Да, исто колку што е Солун наш...
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 11:41 ---
Секој човек е атеист во првите неколку години од животот, додека врз него не започне процесот на индоктринација од страна на семејството и околината при што од најмали нозе му се наметнува извртена слика за реалноста во која егзистираме.
...а што не е точно, оти се само општо прифатени социолошко „толкување„ на атеизмот, изразено од атеисти.
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 11:43 ---
Како и да е, конкретно на твоево прашање - како што се зголемува знаењето кај светската популација така се зголемува и бројот на атеистите.
Каква блага врска има знаењето со атеизмот? Писмени луѓе имало од кога има луѓе на Земјава, ама и тие не се изјаснуваа за атеисти, туку напротив.
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 11:44 ---
Не може да очекуваш пред повеќе илјади години неписмена маса народ која не може да си ги објасни природните појави како грмотевици, еклипси итн... да не измисли виша сила одговорна за истите.
И денес имаш неписмани, поточно, неуки, кои веруваат, исто како што имаш и „писмени„ кои не веруваат, исто како што имаш и писмени, кои веруваат.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Не е по јасно, помалку јасно е, оти, ако јас исповедам одредена вера, тоа значи дека треба да имам познавање од истата: да имам поим што и кого исповедам и од кога и од каде постои таа вера/вероисповест.

Према томе, ако се изјаснувам за атеист, би требало и да имам поим што и какво учење исповеда, оти во спротоивно, атеизмот ќе ми биде само субјективна идеја, која нема блага врска со реалното битисување...
Ма ајт шта ми наприча богати. Атеизмот нема никакво учење никакво исповедање, никакво знаење. Ти си ги одбил учењата на стотици религии, јас само една повеќе од тебе. Толку ли е тешко да сфатиш?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ма ајт шта ми наприча богати. Атеизмот нема никакво учење никакво исповедање, никакво знаење. Ти си ги одбил учењата на стотици религии, јас само една повеќе од тебе. Толку ли е тешко да сватиш?
Да, и затоа пак го поставувам прашањето, не су‘ џабе „поставувач на неодговорени прашања„, разбираш...

Не мораш да одговориш, а пош‘о темава е наменета строго за атести, нека одговорат: од кога постои атеизмот и кои се неговите историски извори?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Да, и затоа пак го поставувам прашањето, не су‘ џабе „поставувач на неодговорени прашања„, разбираш...

Не мораш да одговориш, а пош‘о темава е наменета строго за атести, нека одговорат: од кога постои атеизмот и кои се неговите историски извори?
Одговорот ти е даден, тоа што тебе не ти се допаѓа е твој проблем. Откако постојат (т.е. луѓето ги измислија) боговите, од тогаш има и такви кои не верувале во нив (а.к.а. атеисти).
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Не е по јасно, помалку јасно е, оти, ако јас исповедам одредена вера, тоа значи дека треба да имам познавање од истата: да имам поим што и кого исповедам и од кога и од каде постои таа вера/вероисповест.
Значи ти не исповедаш Ислам или Будизам или паганство или Хиндуизам само зато што не ги познаваш То што си научил - то исповедаш.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.477
Поени од реакции
58.714
MIKI1 , праша, ти одговорив. Не биди сега ко Ѓурѓа,, не разводнувај ја темава со непотребни коментари. Башка и знаеше каков одговор ќе добиеш :)
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не мораш да одговориш, а пош‘о темава е наменета строго за атести, нека одговорат: од кога постои атеизмот и кои се неговите историски извори?
Odamna....manje vishe.
Od rekla-kazala...majne-vishe.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.929
Поени од реакции
8.875
Za mene Biblijata и другите се свети книги. Толкин е топ книга, ама не е света.
Чекај, чекај. Кои други?
Куранот е свет за тебе иако си христијанин?
Хинду списите се свети за тебе иако се зборува за постоење и почитување на повеќе богови иако во библијата пишува да немаш други богови осим бог?

Морам да прашам дали си христијанин?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Значи ти не исповедаш Ислам или Будизам или паганство или Хиндуизам само зато што не ги познаваш То што си научил - то исповедаш.
Не исповедам тоа што сум го научил, оти можам да научам и за хинду и за будизам колку и за мојата вера, туку исповедам вера која лично сум ја прифатил и која историски постои, пред моето раѓање и која (вера) не е мој произволен став, туку вера која има свое (историско) потекло и своја „подлога„.

Пошто темава е наменета за атеисти, моето прашање (се‘уште) е до нив упатено, но гле‘ам дека ниту еден од нив не понуди поприфатлив и поиздржан одговор, освен памфлети и фрази, кои сами од себе ништо не докажуваат и ништо не покажуваат за „подријеклото„ од атеизмот, кој, „као„ одувек постоел...
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 13:18 ---
Odamna....manje vishe.
Дури и „одамна„ не е исто што и „отсекогаш„, туку значи дека има и своја историја и услови во кои настанале...
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 13:20 ---
Od rekla-kazala...majne-vishe.
„Рекла-кажала„ и слични произволности, не објаснуваат ништо по блиско и по јасно.

Атеизмот мора да има свој почеток и доктрина, оти дури и историски гледано, сите до сега познати народи, исповедале ваков или таков вид на религиозност, а кои не познавале безбожништво на ниво‘ од колектив/народ.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Не исповедам тоа што сум го научил, оти можам да научам и за хинду и за будизам колку и за мојата вера, туку исповедам вера која лично сум ја прифатил и која историски постои, пред моето раѓање и која (вера) не е мој произволен став, туку вера која има свое (историско) потекло и своја „подлога„.

Пошто темава е наменета за атеисти, моето прашање (се‘уште) е до нив упатено, но гле‘ам дека ниту еден од нив не понуди поприфатлив и поиздржан одговор, освен памфлети и фрази, кои сами од себе ништо не докажуваат и ништо не покажуваат за „подријеклото„ од атеизмот, кој, „као„ одувек постоел...
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 13:18 ---
Па баш зато што историски настануваат религиите ( аи сторијата е човечка особина) не се верува во нив. Имало религии, настанале, одумреле, се поделиле, се изменила, некоја во некој период била доминантна, па не е ... тоа се се човечки а не некои надприродни особини.
 
M

Muranyi

Гостин
од кога постои атеизмот и кои се неговите историски извори?
Бидејќи атеизмот подразбира одбивање и отсуство на верба во Бог,логично би било атеизмот да е настанат откако се појавиле првите божества и обожување на истите.Не знам која ти е поентава на прашањево,кога е толку очигледно и не верувам дека не можеш ова да го согледаш,но ајде ќе ја тераме со овосветовни мудрувања.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Па баш зато што историски настануваат религиите ( аи сторијата е човечка особина) не се верува во нив. Имало религии, настанале, одумреле, се поделиле, се изменила, некоја во некој период била доминантна, па не е ... тоа се се човечки а не некои надприродни особини.
Ајде нека биде и така: дека религиите настанувале, постоеле, исчезнувале, се претопувале....

Но тоа ништо не говори и за сличните текови со атеизмот: кога настанал, под кои услов, што му е доктрината и слично. Темава е се‘уште наменета за атеистите, а не за мојата (и нечија туѓа) вера, кои имаат точно познати историјати за себе.

Ваљда атеизмот не е е некоја емергенциска појава?....:confused:
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 13:40 ---
Не знам која ти е поентава на прашањево,

Поентата веќе ја објаснив: од кога постои атеизмот и кое му е учењето. Просто и едноставно.
Освен, ако атеизмот се сведуе на „доктрина„ у стилот: „...Ја‘ не верувам у бог...„ и то би било то...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom