Прашања до Атеистите II

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Каде би се закопувале атеистите што ќе умрат?
Знаеме дека исламски и христијански(ваљда) е да се закопуваат со земја,каков би бил атеистичката постапка со мртвите тела?
Доколку би имале избор што би правеле?
Ти ова од незнаење или од зезање? Сепак мислам е ова второво. Тогаш на тој начин и ќе ти одговорам.
Ги балсамираме и ги чуваме како мумии, ако е поголемо семејството, отвараме музеи и печалиме од разгледување на мумите.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
А тоа дека не jа диктира политиката на државата делумно е точно но во последно време власта се повеќе jа турка религиjата меѓу народот, гради цркви, вика свештеници да ги осветат темелите на зградите итн.
бтв. и ова како најсвеж пример,со осветување на таа салата у скопје што ја правеа :)
и што е уште еден апсурд,во секуларна држава,црвки/манастири се прават од државни пари,а јас не сум слушнал до сега државни пари да завршиле за изградба на џамија.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 16:54 ---
Ти ова од незнаење или од зезање? Сепак мислам е ова второво. Тогаш на тој начин и ќе ти одговорам.
Ги балсамираме и ги чуваме како мумии, ако е поголемо семејството, отвараме музеии и печалиме од разгледување на мумите.
Не не,сериозен сум.
значи закопувањето во земја е религиски обичај,што би правеле атеистите доколку би имале избор?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
не не,сериозен сум.
значи закопувањето во земја е религиски обичај,што би правеле атеистите доколку би имале избор?
Штом го правиш од незнаење простено ти е и од мене и од Алах.
Погребувањата ниту христијаните ниту евреите ниту муслиманите го измислиле, ниту па некои други религии. Откако постои човештвото луѓето биле погребувани. Дури и кај неандерталците. Сега вие муслимани и христијани кажете ми каков вие избор имате? Да го правите тоа што и неандерталците (нерелигиозни ваљда, уште бог им се нема јавено а и како би можел кога Адам и Ева биле покасно) го правеле или да ги чувате по дома?
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.108
Поени од реакции
9.458
Не не,сериозен сум.
значи закопувањето во земја е религиски обичај,што би правеле атеистите доколку би имале избор?
Кремација, најмалку место факја а и може да ми ја истресат пепелта во бавча да наѓубрам патлиџаните па бар нешто ќар од мојата смрт да има.

Инаку закопувањето освен религиски обичај е и прилично паметно за да нема ширење смрдеа и болести во случај на пример во краеви каде нема баш дрва за горење како во пустина, тајга или на гола планина.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
еве ти пример.
Јас пред еден месец бев во УЈП во скопје,коа тетката на шалтер позади закачила црквен календар и крст над него.
а државна институција :)
и ти мене сеа ќе ми најдеш пример ако си бил во државна институција каде работел муслиман во државна институција и имал верски обележја можеби во канцеларијата
и така..
поентата ми е: не се лажете дека живееме во секуларна држава. :)
туку одговори ми на прашањата :)
хахахахаха срце малечко, имаш на шалтер и луѓе кои чуваат амблем на ФК Пелистер - Пелистер е државен тим?
Е сега таа тетката не работи на шалтер по божји закони или црквени канони туку по државни закони и устав на Македонија. Во земја каде верските закони се државни - е таа држава не е секуларна, има такви јкаде законот и казнувањето се спроведува према свети писма на некоја религија. Кога на чело на држава или во нејзиниот врв ќе седат свештеници кои према светите писма ќе креираат закони, прописи, надворешна и внатрешна политика - то е веќе несекуларна држава.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 17:15 ---
Точно но адетот/традициjата каj Македонците е многу тесно поврзана со религиjата и за жал доста е почитувана и на некоj начин го диктира стилот на живеење (слави, прослави, свадби, крштевања, закоп со поп...). Како што кажа врска немаат од свети писма но слават празници и одат во црква. Маjка ми и татко ми никогаш не jа прочитале библиjата а се прават верници ипол.
А тоа дека не jа диктира политиката на државата делумно е точно но во последно време власта се повеќе jа турка религиjата меѓу народот, гради цркви, вика свештеници да ги осветат темелите на зградите итн.
Секуларна држава = секуларна власт = неутралност на власта во однос на религиjата
Збоуваш за обичајиа не спроведување на вољта ипи политиката на црквата во една земја. Заклетвите кои ги даваат државните службеници претседател, премиер министри - не соджат религиозни обележја, симболите на земјата не се со религиозна содржина, химната не е со славења на бог, во власта не седат свештени лица, имаш таму и православни и протестанти и муслимани и атеисти..... не постопи ни една законска обврска дека припадност на некоја вера е обвезна за било што, законите и уставот не се базирани на религиозни основи туку на демократски.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
..законите и уставот не се базирани на религиозни основи туку на демократски.
Законот за брачна заедница е 100% базиран на религиозни основи, да беше на демократски основи ќе беше дозволен бракот меѓу лицата од ист пол.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
обичајиа не спроведување на вољта ипи политиката на црквата во една земја. Заклетвите кои ги даваат државните службеници претседател, премиер министри - не соджат религиозни обележја, симболите на земјата не се со религиозна содржина, химната не е со славења на бог, во власта не седат свештени лица, имаш таму и православни и протестанти и муслимани и атеисти..... не постопи ни една законска обврска дека припадност на некоја вера е обвезна за било што, законите и уставот не се базирани на религиозни основи туку на демократски.
То све фино лепо изгледа али....
И Британија не е верска држава ама ето во химната да ти имале .... god save the queen.
Во правосудството на библија се колнеш дека вистина ќе зборуваш.
На фунција ако дојдеш, пак во истата библија......
Ако се изјасниш како атеист (иако законот вели дека нема дискриминација) тешко и да дојдеш до поголема државничка функција......итд итд....
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ок, се извинувам колега. На англиски го читав.

Јас мислев дека си христијанин дека се повикуваш на Библијата и цитираш некои делови од истата во потписот.

Затоа сега ме збунуваш, дека творецот на светот на Господарот на прстените (Еру Илуватар) ги створил елфовите и луѓето додека џуџињата се створени со помош на еден од Аинурите (Алуе) и истиот Аинур ги створил и сонцето и месечината што е бајаги различно од Библијата каде сите небески тела се створени од Бог лично.

По библијата Бог створил се без помош од своите креации (единствен креатор) па затоа сум збунет како тоа можеш да ги споиш библискиот бог со Толкиновскиот Еру (имал помош).

Те молам појасни бидејки ми се чини дека не се исти.

Исто така стои моето прашање:
Зошто за тебе Библијата (и Господарот на прстените) се поверодостојни од Куранот, Енума Елиш, Рамајана и слично?

Кои се тие прашања колега? Не ги најдов.
Za mene Biblijata и другите се свети книги. Толкин е топ книга, ама не е света.

Бог има свои креации, во тие спаѓаат и разните непоимливи негои креации, и едната која се обидува да дефинира се, бидејќи во својата несовршеност, сака да допре до соврешното.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
То све фино лепо изгледа али....
И Британија не е верска држава ама ето во химната да ти имале .... god save the queen.
Во правосудството на библија се колнеш дека вистина ќе зборуваш.
На фунција ако дојдеш, пак во истата библија......
Ако се изјасниш како атеист (иако законот вели дека нема дискриминација) тешко и да дојдеш до поголема државничка функција......итд итд....
тоа е традиција останата во симболи на држави кои во минато биле верски, англија до скора беше монархија чиј владар морал да биде одобрен и крунисан од претставник на црквата, во Србија химната е Боже правде но тоа е химна од време кога беше кралевина а крунисување на главатар на држава се вршеше во божји храм од страна на свештено лице. Денес ни претседател ни премиер на македонија не ги потврдува или устоличува црквата.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 17:33 ---
Законот за брачна заедница е 100% базиран на религиозни основи, да беше на демократски основи ќе беше дозволен бракот меѓу лицата од ист пол.
Брачнот закон е повеќе од тоа да се земат маж и жена. Брачниот закон ги уредува и односите меѓу маж, жена, деца... Да беше религиозен законот, жената немаше да има никакви права, немаше да наследува ништо, и мажот же можеше да ја убие ако ја фати во прељуба. Ако мажот работи и заработува и со бнегови пари гради куќа, купи стан, кола, тоа по закон за брак припаѓа по пола со жената која цел живот можеби нема ни денар заработено. Жената може да се разведе од маж. Религиозно само мажот може да се разведува.

А инаку корените на бракот меѓу маж и жена не се во христијанство туку во паганство. Во Рим исто така имаше закон за брак каде можеа да се земат маж и жена а не маж и маж, така да ако веќе бараш верски корени во тој закон - барај ги во паганство и многубоштво.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
хахахахаха срце малечко, имаш на шалтер и луѓе кои чуваат амблем на ФК Пелистер - Пелистер е државен тим?
Не дека е државен тим,туку дека ако толку запнавте со секуларнава држава,не би требало во државни институции да има верски симболи и обележја.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не дека е државен тим,туку дека ако толку запнавте со секуларнава држава,не би требало во државни институции да има верски симболи и обележја.
слобода на вера е дозволено, исто на пример на лето да не смее да се носи ланче со крст или привезок на кључ од кола со некоја религиозна содржина или да паркираш кола пред државна зграда а на ретровизор крст или да не смееш да земаш слободни денови за крштевка или венчавање в црква или слава ако работиш во државна фирма.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
слобода на вера е дозволено, исто на пример на лето да не смее да се носи ланче со крст или привезок на кључ од кола со некоја религиозна содржина или да паркираш кола пред државна зграда а на ретровизор крст или да не смееш да земаш слободни денови за крштевка или венчавање в црква или слава ако работиш во државна фирма.
немам проблем јас со тоа на лето да си носиш ланче со крст или пак носи си што сакаш.
земи си слободни денови и затвори се во црква ако сакаш :)
јас прашувам зошто во државни институции во секуларна држава има верски обележја.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
немам проблем јас со тоа на лето да си носиш ланче со крст или пак носи си што сакаш.
земи си слободни денови и затвори се во црква ако сакаш :)
јас прашувам зошто во државни институции во секуларна држава има верски обележја.
Не го знам законот но ако е забрането со закон истакнување на верски обележја во канцеларии и згради на државни институции и фирми тогаш треба да ја пријавиш тетката
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Муки постави убави прашања кои беа онака шах-мат за атеистите,а никола најјубаво одговори дека пред смрт му лажат на попот и оџата и слично.

Е сега јас да прашам,доколку претпоставиме дека живееме како да кажам во атеистичка држава,или така нешто.
Каде би се закопувале атеистите што ќе умрат?
Знаеме дека исламски и христијански(ваљда) е да се закопуваат со земја,каков би бил атеистичката постапка со мртвите тела?
Доколку би имале избор што би правеле?
Повторно имате проблем со основни концепти: Атеизмот е тврдење/став. Атеизмот нема ритуали, обичаи, адети.

Јас како атеист кога ќе умрам ќе бидам закопан на православни гробишта затоа што таму ми се закопани членови од семејството. Притоа, јас можам предходно да решам (т.е. веќе сум решил) на мојот погреб да не биде повикан поп и да не се изведуваат никакви христијански ритуали или адети. На мојата плоча нема да има верски обележја, што доволно ќе асоцира на моите верски убедувања.

Се разбира, има атеисти кои не се декларирани, па нивните погреби се изведуваат со сите ритуали од религијата. Има атеисти кои едноставно не им е гајле за тоа како ќе биде организиран нивниот погреб затоа што нема да бидат сведоци на истиот нити пак ќе имаат некаква работа :) И едноставно не сакаат да и кршат филм на фамилијата и пријателите.

Значи секако може.

Помалку морбидни прашања во иднина би ве замолил :)
 
Е ова е за поштовање.
Фала за одговорот :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom