Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Вечер на Алфа од 11.10 ќе се емитува мојот омилен филм.

The Secret In Their Eyes
http://www.imdb.com/title/tt1305806/?ref_=sr_1

за оние кои не го гледале до сега и кои нема да излегуваат одлучна шанса да го погледнат ова Ремек Дело на Аргентинската кинематографија
 
Ако кажам дека мене па Џанго ми е преценет, ќе ми се смеете? Што знам... класика Тарантиновски. Многу крв, добар саундтрак и тоа е тоа. Предолг, на моменти многу непотребни дијалози и сцени, обична приказна и многу добра глума на Волц.
Прашина се дигна, а филмот е само солиден, просечен.
 
Ако кажам дека мене па Џанго ми е преценет, ќе ми се смеете? Што знам... класика Тарантиновски. Многу крв, добар саундтрак и тоа е тоа. Предолга приказна, на моменти многу непотребни дијалози и сцени, обична приказна и многу добра глума на Волц.
Прашина се дигна, а филмот е само солиден, просечен.
Јас да. Останатите нека си кажат.
 
Ако кажам дека мене па Џанго ми е преценет, ќе ми се смеете? Што знам... класика Тарантиновски. Многу крв, добар саундтрак и тоа е тоа. Предолг, на моменти многу непотребни дијалози и сцени, обична приказна и многу добра глума на Волц.
Прашина се дигна, а филмот е само солиден, просечен.
Не е на нивото на Reservoir Dogs и Pulp Fiction ама далеку е подобар од Kill Bill :)
 
Не е на нивото на Reservoir Dogs и Pulp Fiction ама далеку е подобар од Kill Bill :)

Ау, немој во иста реченица со првиов нарочито :) Далеку е од лош, ама некако се дигна некоја фама за него, а не е баш нешто посебно. Па уште кога ќе видам дека некои го спомнуваат за Оскар...
 
Ау, немој во иста реченица со првиов нарочито :) Далеку е од лош, ама некако се дигна некоја фама за него, а не е баш нешто посебно. Па уште кога ќе видам дека некои го спомнуваат за Оскар...
9 филма се во конкуренција нема причина да не влезе во трка. Добро освежување е во жанрот и најважно е што Тарантино што год да прави, Вестерн или WWII филм, остава свој печат на него. Неговите филмови не се копија на некои други од истиот жанр. На филмот според мене му фали темпо, не поминува во еден здив како неговите најдобри филмови. Ди Каприо му е лош избор за улогата а Џејми Фокс не се потруди да ни долови некоја емоција и да му даде некој белег на ликот кој го игра. Криштоф како да беше главна улога.
 
Ќе ми објасни некој зошто Ди Каприо е негативец во Џанго?

Мисли дека после одреден период ќе има повеќе нигери што ќе бидат паметни наместо робови, знае дека нигерите можат да го убијат цело време и дава логичен одговор зошто тоа не го прават , им ја продава црнкињава кога можеше да ги убие и да им ги земе парите и да не им ја даде, наследен му бил Кендиленд од татко му значи сакал нејќел немал избор, сакаше проклето ракување а на крај го убија. Па стварно не е фер. :( :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom