- Член од
- 23 декември 2011
- Мислења
- 980
- Поени од реакции
- 1.366
Доколку се правеше филм за Warcraft додека сеуште бев средношколец мислам дека ке срцето би ми пукнало од еуфорија, но сега како што ја читав статијава никаква реакција не се пројави кај мене. Но еве доколку се реализира навистина ова филмов би бил подобар од било кој друг филм базиран од видео игра со оглед на тоа дека веќе 20 години преку неколку игри и еден куп книги и стрипови (од кои тие неколку што ги имам читано се делат од средно жалосни до ок) се има изградено еден свет со своја митологија, историја, политика и интересни ликови и би бил потребен еден режисер со визија и желба сето тоа да го претстави на големото платно. Но исти муабети се правеа исто така и за екранизација на Хало. Типови како Питер Џексон и Спилберг беа поврзувани те како режисери или продуценти па на крај краева ништо не се случи.


