Знаев дека мојот прв телефон некогаш ќе послужи

Сум барала 5 саати пуњач, едвај го најдов.
Ама сум имала спомени у пм, плачев, се смеев, еее пола детство таму си го најдов

Инаку, таму уште ми е првата порака од дечкото што ми е до ден денес дечко, ама таа ќе си ја чувам само за себе
Ама пошто темата е за смешни пораки, најдов неколку
1. Ако секое зрно песок претставува бакнеж, тогаш би ти ги подарил сите пустини, плажи и вреќи со песок од градилиштата во светот!!!
2. Знам дека оваа порака за тебе е глупост. Нема ниту да ми вратиш ниту да ми се јавиш. Ама ќе те натерам неколку секунди да мислиш на мене.
3. Ќе испишам на сите цигли на светот ТЕ САКАМ и ќе го молам Господ да те удри барем со една по глава за да сфатиш колку боли кога бараш некој за љубов да те моли!!
4. И еве ја оргинално ---- ,,Ве известуваме од кардиохирургија Филип 2 дека за вас не постои опасност од срцев удар, па вие немате срце!!,,
5. Кога љубовта би имала нозе ти би била стоногалка!!

заЖто???
6. Дека си убава - тоа го гледам, дека си добра - тоа го чувствувам, дека сакаш - тоа го знам, а кого сакаш - е тоа не го знам.
7. Со член 62 од ,,Законот за љубов,, те осудувам на доживотен затвор во моето срце. Против одлукава нема никаква жалба, зашто одлуката е конечна.
Преска не можев да се соземам. Алал да му е на отварачот на темава, се глупости една година да му стигаат во СМС

А најдобри се моите одговори, 90 посто сум одговарала со ОК, и кај што треба и кај што не треба. Жива мрза си е жива мрза
