Најсмешна смс порака која некогаш сте ја добиле

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
:D Ајде малце да забегаме од фејс да се навратиме на мобилните и на смс пораките. Напишете смс порака на која најмногу се сеќавате и на која сеуште се смеете :D

Еве јас ќе почнам на другар му вртев во 4 сабајле и не ми дигна и ми врати на смс со текст добро бе кој .!. ни леб печам ни сум аптека 24/7 :pos: сеуште се смеам на оваа смс иако ја немам во мобилниот :D

П.С се молат модераторите да ја преместат темава пошто ја малце забегав после 13 часа работни веќе ни гледам каде ставам ... :confused:
 
Може најидиотска?

Еден дебил пред добри 4-5 години, ми се удвараше со екстремно дебилни пораки, меѓу кои (не буквално):
- 1%.... 15%..... итн 100% - честитки успешно си инсталирана во моето срце

и

- ви се јавуваме од кардиохирургија филип 2, вас никогаш нема да ви требаме, вие немате срце

:facepalm:
 
Може бил некој хакер ..
Иначе ..пред некој 1-2 месеца ми стаса порака во 4 ипол сабајле од еден соученик а ја прва смена нашколо дента..
Брат, итно е дрогата ни ја фатија на Табановце иди одма.
Незнаев дали да се смеам во тој момент или да му се јавам и да го отерам у пичку матер .. и плус не му го знаев бројот ..
 
Знаев дека мојот прв телефон некогаш ќе послужи :) Сум барала 5 саати пуњач, едвај го најдов.
Ама сум имала спомени у пм, плачев, се смеев, еее пола детство таму си го најдов :) Инаку, таму уште ми е првата порака од дечкото што ми е до ден денес дечко, ама таа ќе си ја чувам само за себе :love:

Ама пошто темата е за смешни пораки, најдов неколку (y)

1. Ако секое зрно песок претставува бакнеж, тогаш би ти ги подарил сите пустини, плажи и вреќи со песок од градилиштата во светот!!! :pos:

2. Знам дека оваа порака за тебе е глупост. Нема ниту да ми вратиш ниту да ми се јавиш. Ама ќе те натерам неколку секунди да мислиш на мене.

3. Ќе испишам на сите цигли на светот ТЕ САКАМ и ќе го молам Господ да те удри барем со една по глава за да сфатиш колку боли кога бараш некој за љубов да те моли!!

4. И еве ја оргинално ---- ,,Ве известуваме од кардиохирургија Филип 2 дека за вас не постои опасност од срцев удар, па вие немате срце!!,,

5. Кога љубовта би имала нозе ти би била стоногалка!! :facepalm: заЖто???

6. Дека си убава - тоа го гледам, дека си добра - тоа го чувствувам, дека сакаш - тоа го знам, а кого сакаш - е тоа не го знам.

7. Со член 62 од ,,Законот за љубов,, те осудувам на доживотен затвор во моето срце. Против одлукава нема никаква жалба, зашто одлуката е конечна.

Преска не можев да се соземам. Алал да му е на отварачот на темава, се глупости една година да му стигаат во СМС :D
А најдобри се моите одговори, 90 посто сум одговарала со ОК, и кај што треба и кај што не треба. Жива мрза си е жива мрза :D
 
2. Знам дека оваа порака за тебе е глупост. Нема ниту да ми вратиш ниту да ми се јавиш. Ама ќе те натерам неколку секунди да мислиш на мене.
\

Е мора да се признај ова е баш јака фора :)) xaxa барем на иновативноста
 
Е мора да се признај ова е баш јака фора :)) xaxa барем на иновативноста

Абе види, фора е, ама после оваа порака го ставив на автоматско блокирање, што значи дека самиот телефон ги отфрлаше неговите повици. Среќа, не траеше долго заљубеноста негова, му пројде за неколку месеци, ама беше жива досада :) :) :)
 
Oh you, heart breaker, you... :)

Онтопик: Од секогаш сум мрзел вакви предходно смислени пораки наменети за љубоФ, роденден, слава и слично и најсмешни пораки ми се секогаш од другар/девојка кога ќе ми прати нешто неповрзано во 4-5 сабајле со добри 70% утнат текст и смисла на пораката. Вриштам наредниот ден кога ќе ја прочитам. Пример за такво нешто е праќање порака за поздрав со одредена песна (стрикно шабанарија) а притоа куцаш и дел од текстот (наместо само наслвот, нАли)......комедии:pos:
 
Не ме сваќај погрешно не оти го подржувам ама јака е пораката. Ах пуста несигурност, немање самодоверба и песимизам ги гази луѓето ... Муабетот жали ме те молам ..... Ама иновативноста хахахахах ме изнасмеа фала ти хахаха
 
Најсмешни пораки ми биле секогаш оние претходно составени,од друго место преземни.....не за друго.....туку се смеев на неинвентивноста на праќачите.
 
Не ме сваќај погрешно не оти го подржувам ама јака е пораката. Ах пуста несигурност, немање самодоверба и песимизам ги гази луѓето ... Муабетот жали ме те молам ..... Ама иновативноста хахахахах ме изнасмеа фала ти хахаха

Абе види, и двајцата бевме дечишта тогаш, тој дал 1-2 години постар од мене. Ова е буквално пред скоро 10 години поракиве :) Поентата е во тоа што нема ништо инвентивно во пораката, тие еден од друг се препишуваа, арно ама ние девојчињава колку толку имавме по некоја асална, маживе кога изјавуваа љубов е тоа беше смешки.
Ако некогаш најдам преписки од основно, сигурно ќе напишам нешто, тоа се скапоцени работи :D
--- надополнето: 1 февруари 2013 во 05:20 ---
Oh you, heart breaker, you... :)

Онтопик: Од секогаш сум мрзел вакви предходно смислени пораки наменети за љубоФ, роденден, слава и слично и најсмешни пораки ми се секогаш од другар/девојка кога ќе ми прати нешто неповрзано во 4-5 сабајле со добри 70% утнат текст и смисла на пораката. Вриштам наредниот ден кога ќе ја прочитам. Пример за такво нешто е праќање порака за поздрав со одредена песна (стрикно шабанарија) а притоа куцаш и дел од текстот (наместо само наслвот, нАли)......комедии:pos:

Ти среќа имаш што ти пишуваат пораки бе. Мене другарче мое, а се начука, само ми се јавува да ми пее, проблемот е во тоа што не сум кафански човек и не ги ни знам песните, а другиот проблем е што тој е толку пијан па не може ни да пее, мумља, а јас врска немам што се обидува да пее.
Имавме и ситуација - баш сега за Нова Година, во позадина слушам една песна, тој нешто сосема трето пее...... :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom