http://sportarena.mk/lekik-mekkejleb-go-zagubil-telefonot-kfm-ne-go-kontaktirala-no/
Извор што се сретнал со кошаркарот во Истанбул на мечот со Каха Лаборал тврди дека МекКејлеб нема да игра, така му се доверил натурализираниот Македонец, а во КФМ пак велат дека се е во ред од нивни аспект и дека информацијата е само нечија конструкција што сака да и наштети на КФМ, но не се во контакт со МекКејлеб во последниов период.
„МекКејлеб го изгубил телефонот и затоа не сме контактирале во последниве денови“, вели за Спорт Арена генсекот на КФМ, Дејан Лекиќ.
„Мислам дека е ова шпекулација на некој поединец што сака да и наштети на КФМ и е насочена во тој правец, ние немаме најава дека може да има таква одлука од МекКејлеб, се било коректно и во најдобар ред со него“, дополни Лекиќ.
Ова е ставот на КФМ што го пренесе за Спорт Арена генералниот секретар Дејан Лекиќ, но сепак факт е дека и тие не го слушнале МекКејлеб во последниве неколку дена, а изворот за изјавата на кошаркарот е токму во тој вакум простор кога немало комуникација.
МекКејлеб наводно бил разочаран по враќањето во Скопје од односот кон него и невниманието во тие денови кога имал проблеми во престојот во тој период, но и од настапите на тие квалификации.