Сакав во една прилика да прокоментирам за менаџментот на Интер ама имав некоја работа па немав време и после заборавив. Добро што ме потсети
Интер после Калчополи ги имаше сите предиспозиции да стане синоним за Серија А и тоа не за период од 4-5 години туку на долги патеки. Имаа тим, имаа тренер, ги имаа никаквите Милан и Јуве и на секој добар играч кој ќе се одлучеше да дојде во Италија, логичен избор ќе беше Интер. Можеа да станат светска сила, рамо до рамо со Барселона, Реал, Манчестер и секоја сезона да се борат за титула во ЛШ без повремени блесоци ама од главата си патат. Не знам како можеа од тим со Ето, Снајдер, Лусио, Цезар, Мајкон итн да спаднат за две години на Паласио, Роки, Ханданович, Нагатомо и сл. Морати и порано не го биваше за да биде на чело на некој тим ама му се поклопија коцките и изгради од Интер респектабилна екипа во европски рамки. Кога успеа сето тоа да го направи и да ја придобие довербата на навивачите пак се врати на своето и за две години успеа Интер да го врати 15 години назад на оној нивни сив период. Наместо да продолжи да доминира човекот во 2 години успеа да упропасти се добро што направил во претходните пет.