Serie A 2012/2013

Кој ќе биде шампион 2012/2013?


  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
38.608
Поени од реакции
110.321
Трето, незнам од каде ви е логикава на сите дека Јуве е во криза. Не е само Јувентус туку сите други клубови. На почетокот Интер нареди неколку победи одма го прогласивте Интер сите за главен конкурент, сеа Лацио се втори па сеа Лацио ке се борат за титула, фали утре Пескара да нареди 3 победи по ред па и нив да ги прогласите за главна закана на Јуве. Не сфакам како може мерило да ви се све у свему 2-3 утакмици за формата на тимот. Ај да беа 4 порази по ред по 3-0 да сфатам некако, ама вака...
Друже, Интер има еден куп проблеми и поради тоа се 10 бода позади Јувентус. И играчки проблеми и проблеми во управа и проблеми во менаџмент. Да не го направеа ова со Снајдер верувај дека Интер ќе беше рамо до рамо со Јувентус, неколку бода зад нив, битно ќе беа во тесна трка. Али Морати и компанија си играат курташак со тимов па затоа заостануваме волку позади Јуве. Кога функционираше се како што треба, таму на почеток на сезона, Интер го надигра и Милан и Јуве среде Торино, ама она надигрување до коска, не знаеја каде тераат Јувентус што не е мала сатисфакција, али како што реков настапија Морати и Бранка и работите се свртеа за 360 степени.
П.с. Сега да видам дали ќе ги казнат Конте и компанија што се бунеле кај судијата, Гуарин и Касано за обично дофрлување јадеа суспензии, а Јуве револуции креваат и пак ништо. Инаку стварно го оштетија Јувентус, иако имаше и чист пенал за Џенова во првото полувреме, да се свирнеше тој пенал и да поведеше Џенова 0-1 тогаш сигурно немаше да се случат спорните ситуации во второто полувреме. Но што е тука е, Јуве е комотен на врвот така да нема простор за паника и за труење на темава.
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Ја читав сега реакцијата на Прециози и човекот е во право.

Ова што го прави Јувентус (Конте, управа, играчи) е силеџиство, арогантност и недостаток на стил! Многу добро запазување од негова страна.

Веќе им стана навика вака да се однесуваат, поради вакво силеџиство минатата сезона се исплашија судиите да признаат гол против нив. Штом се доведат во малку тешка состојба, веднаш креваат галама. А тоа го прават на крајно шабанерски начин. Милан и кога плаче, плаче со стил! :cool:

Сега се во мала криза и веднаш правење проблеми. Го гледав Конте после натпреварот, галамеше што галамеше, па тргна накај соблекувалната, но потоа му текна дека треба да се врши уште притисок, па повторно почна да галами и отиде накај судиите. После натпреварот повторно Марота и Конте со крајно плачипичкарски и шабанерски изјави. Кога ќе се досуди нешто против нив веднаш креваат галама, а потоа знаат и од револт да престанат да комуницираат со медиуми, а кога ќе биде судиската грешка во нива корист, тогаш излегуваат со изјави дека се работи за обична судиска грешка, дека ова е фудбал и нормално е да се случуваат вакви работи.

Титулата ја имаат освоено, 99,9% е во нивни раце, ептен нешто самите ако не искомплицираат, но и во ваква ситуација не знаат да се однесуваат со стил.
Нормално е за секоја екипа која е оштетена,да се буни на крајот од мечот,сите го прават тоа,не ништо ново.Милан плачеле со стил :pos:.Ако според тебе одењето на "џентламенот" Галијани на полувреме во тунелот каде проаѓаат судиите и вршење притисок врз судијата и правење циркус пред сите е одраз на стил,тогаш ОК.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.223
Поени од реакции
8.091
Друже, Интер има еден куп проблеми и поради тоа се 10 бода позади Јувентус. И играчки проблеми и проблеми во управа и проблеми во менаџмент. Да не го направеа ова со Снајдер верувај дека Интер ќе беше рамо до рамо со Јувентус, неколку бода зад нив, битно ќе беа во тесна трка. Али Морати и компанија си играат курташак со тимов па затоа заостануваме волку позади Јуве. Кога функционираше се како што треба, таму на почеток на сезона, Интер го надигра и Милан и Јуве среде Торино, ама она надигрување до коска, не знаеја каде тераат Јувентус што не е мала сатисфакција, али како што реков настапија Морати и Бранка и работите се свртеа за 360 степени.
П.с. Сега да видам дали ќе ги казнат Конте и компанија што се бунеле кај судијата, Гуарин и Касано за обично дофрлување јадеа суспензии, а Јуве револуции креваат и пак ништо. Инаку стварно го оштетија Јувентус, иако имаше и чист пенал за Џенова во првото полувреме, да се свирнеше тој пенал и да поведеше Џенова 0-1 тогаш сигурно немаше да се случат спорните ситуации во второто полувреме. Но што е тука е, Јуве е комотен на врвот така да нема простор за паника и за труење на темава.
Сакав во една прилика да прокоментирам за менаџментот на Интер ама имав некоја работа па немав време и после заборавив. Добро што ме потсети:)

Интер после Калчополи ги имаше сите предиспозиции да стане синоним за Серија А и тоа не за период од 4-5 години туку на долги патеки. Имаа тим, имаа тренер, ги имаа никаквите Милан и Јуве и на секој добар играч кој ќе се одлучеше да дојде во Италија, логичен избор ќе беше Интер. Можеа да станат светска сила, рамо до рамо со Барселона, Реал, Манчестер и секоја сезона да се борат за титула во ЛШ без повремени блесоци ама од главата си патат. Не знам како можеа од тим со Ето, Снајдер, Лусио, Цезар, Мајкон итн да спаднат за две години на Паласио, Роки, Ханданович, Нагатомо и сл. Морати и порано не го биваше за да биде на чело на некој тим ама му се поклопија коцките и изгради од Интер респектабилна екипа во европски рамки. Кога успеа сето тоа да го направи и да ја придобие довербата на навивачите пак се врати на своето и за две години успеа Интер да го врати 15 години назад на оној нивни сив период. Наместо да продолжи да доминира човекот во 2 години успеа да упропасти се добро што направил во претходните пет.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Мора од негде да ги врати парите,режирањето на Калчополи не е евтина работа
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.986
Поени од реакции
14.091
Точно дека не се споредуваат, ке помине уште малце една година од гол ди мунтари, а вие неможете да се помирите со тоа дека не ви го признале и дека баш заради тој гол сте ја изгубиле титулата :eek:, додека ова не верувам дека ке потрае уште многу долго време( барем јас, како навивач на Јуве не сакам да потрае, пошто ми е очајно со толку подобар тим ние да неможеме да победиме, па згора на се уште судијата да ни е крив :). Денеска требаше да им шибнеме барем 3-4 гола, нема никакви изговори.)

Друго, незнам од каде ти е ова дека Конте и управа пред неколку недели воопшто збореле за судиите. Точно е дека Конте на неколку прес конференции спомна дека сака само да има еднаков третман со сите други тимови, не сака помагање( без разлика дали ти ова го сметаш како притисок или не) ама тоа се дешаваше претпоставувам негде октомври, како што се секавам.

Трето, незнам од каде ви е логикава на сите дека Јуве е во криза. Не е само Јувентус туку сите други клубови. На почетокот Интер нареди неколку победи одма го прогласивте Интер сите за главен конкурент, сеа Лацио се втори па сеа Лацио ке се борат за титула, фали утре Пескара да нареди 3 победи по ред па и нив да ги прогласите за главна закана на Јуве. Не сфакам како може мерило да ви се све у свему 2-3 утакмици за формата на тимот. Ај да беа 4 порази по ред по 3-0 да сфатам некако, ама вака...
1) Не мислам дека главанта причина зошто Милан не освои титула е голот на Мунтари, иако имаше влијание.

2) Провери на интернет, па ќе видиш. Доволно е да разслисташ какви муабети се водени на темава, а и во вашиот фан клуб, каде и се пренесени тие изјави.

3) Пишав и пред малку дека Јуве веќе ја има освоено титулата, единствено сами нешто ако не искомплицираат. Кога збориме за форма најчесто се мисли на неколку натпревари. Се приметува дека кај Јуве не штима се најдобро. Што поради повреди, густ распоред, но и ставот на екипата не е најдобар. Затоа пишав дека е во криза, тоа е минливо, моментална состојба.

И кога веќе Јуве не би требало да има проблем со титулата, зошто тогаш толку жестоко реагираа? Па демек и судијата е од Наполи, па затоа не досудил пенал, вакви изјави имаше. Јас мислам дека сакаат да го минат овој кризен период што побргу и без многу болки. Да освојат што повеќе поени, за потоа да можат на мира да си играат ЛШ, а да се сигурни дека во Италија ништо не може да им направи проблеми. Спорт е, колку сега и да ни изгледа дека работите се завршени, сепак се можни секакви компликации.

Но, дека не претеруваат со реакциите и дека тоа не делува простачки, не можеш никого да убедиш. Знае Јуве што прави, затоа крева толку џева, ги става судиите во незгодна ситуација, а тие тешко ќе го издржат овој притисок. Затоа и го спомнав голот на Мунтари, а не да се жалам затоа што Милан не освоил титула.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
И јас претпоставив дека заради ова( ненамерно играње со рака) не е досуден, ама незнаев дека е воведено како правило, мислев дека е судиско убедување дали ке досуди пенал или не.
--- надополнето: 27 јануари 2013 во 00:00 ---

Сигурни сте? :)
Дај ми да видам кој вреѓа мртви луѓе?
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Друже, Интер има еден куп проблеми и поради тоа се 10 бода позади Јувентус. И играчки проблеми и проблеми во управа и проблеми во менаџмент. Да не го направеа ова со Снајдер верувај дека Интер ќе беше рамо до рамо со Јувентус, неколку бода зад нив, битно ќе беа во тесна трка. Али Морати и компанија си играат курташак со тимов па затоа заостануваме волку позади Јуве. Кога функционираше се како што треба, таму на почеток на сезона, Интер го надигра и Милан и Јуве среде Торино, ама она надигрување до коска, не знаеја каде тераат Јувентус што не е мала сатисфакција, али како што реков настапија Морати и Бранка и работите се свртеа за 360 степени.
П.с. Сега да видам дали ќе ги казнат Конте и компанија што се бунеле кај судијата, Гуарин и Касано за обично дофрлување јадеа суспензии, а Јуве револуции креваат и пак ништо. Инаку стварно го оштетија Јувентус, иако имаше и чист пенал за Џенова во првото полувреме, да се свирнеше тој пенал и да поведеше Џенова 0-1 тогаш сигурно немаше да се случат спорните ситуации во второто полувреме. Но што е тука е, Јуве е комотен на врвот така да нема простор за паника и за труење на темава.
Не се согласувам тука со тебе. Ако беше за тоа, дали суспензијата на Конте не беше проблем кај Јуве? Беше и тоа како голем, човекот сам ги врати од мртвите, од 2 седми места, и од просечна екипа направи најдобра екипа во Италија, и тоа само за една година. Тоа ако не е проблем незнам што е. Глупаво е да се вадиме на алибија шта би било кад би било, ем фудбал е ем бизнис е ова свашта се дешаваат :).

Судењето воопшто не го коментирам, без разлика дали била во наша корист или не, спомнав и подоле дека како најдобар и најквалитетен тим во Италија очекувам победа на секој натпревар, посебно против екипи како Џенова, без разлика на судиски грешки.

И да, се согласувам дека нема потреба од труење, едноставно бев испровоциран да вратам со малку подолг пост :)
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Дај ми да видам кој вреѓа мртви луѓе?
http://www.goal.com/en/news/10/italy/2011/10/30/2735547/inter-fans-anger-juventus-supporters-with-distasteful-heysel
Повели. Прилично сум сигурен дека имаше и некои песни и за Гаетано Ширеа и за двете момчиња од младинската школа на Јуве што се удавија пред неколку години. У секој случај срамота е и за едните и за другите.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.870
Поени од реакции
23.208


Марли

И така ти викам ја ...

:pos: G1

Иначе не ти влагам ја на темава више, арно што си ме означил :icon_lol:


ps.

Enrico Preziosi: " Želeo bih da podsetim da je Milan izgubio scudetto prošle sezone zbog sudijskih odluka u korist Juvea i Conte nije ništa rekao. Conte mora da prestane jer je arogantan i uvek plače."
Презиоси уно ди нои :pos:
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
1) Не мислам дека главанта причина зошто Милан не освои титула е голот на Мунтари, иако имаше влијание.

2) Провери на интернет, па ќе видиш. Доволно е да разслисташ какви муабети се водени на темава, а и во вашиот фан клуб, каде и се пренесени тие изјави.

3) Пишав и пред малку дека Јуве веќе ја има освоено титулата, единствено сами нешто ако не искомплицираат. Кога збориме за форма најчесто се мисли на неколку натпревари. Се приметува дека кај Јуве не штима се најдобро. Што поради повреди, густ распоред, но и ставот на екипата не е најдобар. Затоа пишав дека е во криза, тоа е минливо, моментална состојба.

И кога веќе Јуве не би требало да има проблем со титулата, зошто тогаш толку жестоко реагираа? Па демек и судијата е од Наполи, па затоа не досудил пенал, вакви изјави имаше. Јас мислам дека сакаат да го минат овој кризен период што побргу и без многу болки. Да освојат што повеќе поени, за потоа да можат на мира да си играат ЛШ, а да се сигурни дека во Италија ништо не може да им направи проблеми. Спорт е, колку сега и да ни изгледа дека работите се завршени, сепак се можни секакви компликации.

Но, дека не претеруваат со реакциите и дека тоа не делува простачки, не можеш никого да убедиш. Знае Јуве што прави, затоа крева толку џева, ги става судиите во незгодна ситуација, а тие тешко ќе го издржат овој притисок. Затоа и го спомнав голот на Мунтари, а не да се жалам затоа што Милан не освоил титула.
Па ни ти неможеш да ме убедиш дека делува простачки. На кој било тим да не му досудат чист пенал и тоа у 93 мин на крај на утакмица ке се бунат сите многу нормално па дури и твојот Милан со СТИЛ :P. А дека претеруваат малку тука можда си у право, и мене не ми се сфига што излегуваат на прес и ги ставаат во уста судиите.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
http://www.goal.com/en/news/10/italy/2011/10/30/2735547/inter-fans-anger-juventus-supporters-with-distasteful-heysel
Повели. Прилично сум сигурен дека имаше и некои песни и за Гаетано Ширеа и за двете момчиња од младинската школа на Јуве што се удавија пред неколку години. У секој случај срамота е и за едните и за другите.
Друже статија на гол.ком и слика се различни поими ова ништо не докажува
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.121
Поени од реакции
18.008
Ако земам да одговорам на сите кои напишале нешто во претходните 2-3 страни што се ќе треба да напишам 1000 редови :). Затоа само ова ќе го кажам...
Како што гледам некој се навратил и на минатата сезона дека Јуве почнал да се треска од земја пред натпреварот со Милан и дека затоа не го признале Голот на Мунтари. Епа ако гледавте што се случи во натпреварите пред Милан лани, поточно со Сиена и Парма завршени 0-0, ќе знаете зошто всушност се бунел Јуве. Од тие натпревари, до ден денес ми се обраќа стомакот. За минатата сезона ќе ја кажам само уште оваа реченица: Доколку има некој/и што мислат дека титулата Милан исклучиво не ја освои заради непризнаетиот Гол на Мунтари, најискрено ќе си кажам дека за таквите луѓе (ако ги има овде) чувствувам жал од дното на душата. Прв на оваа листа е Галијани, а втор Алегри.
Навраќајки се на денешните случување (добро вчерашни) не го оправдувам бунењето на Конте пред се од едноставни фудбалски причини. Играме лошо, а ако победевме тоа ќе останеше во сенка. Мора да гледаме со отворени очи, дека нешто со нашиот Јуве не е в ред.
Но, сега една изјава на Конте која доколку е точна има основа за некоја критика кон судијата. Изјавата отприлика гласаше дека судијата зад голот рекол дека е пенал, но главниот не ја прифатил сугестијата. Исто така главниот судија рекол дека не чувствувал дека треба да даде пенал. Ова не е во ред, ако е точно.
Јас мислам дека е доста за ваквите дискусии, пенал-непенал, вака ќе беше, онака ќе беше... Реалноста е таа која што е, онаа која ја дава зелениот терен вклучувајќи ги сите грешки во него. Ај сега да се поспие малку :):sleep:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom