И јас го сакам Фалкао или Кавани, ама нема. Тоа може едноставно да се објасни. Јуве нема намера да фрла огромни суми за само еден играч, оти тоа е преголем ризик. А, јас не познавам достапен светска класа напаѓач, по не толку солена цена. Кавани и Фалкао никој не ги пушта за помалку од 50 милиони. Значи тоа веќе за Јуве е забрането овошје. Ич не се секирајте за бројот на напаѓачи. Не знам зошто воопшто го споменувате Јакинта, кога тој очигледно не е дел од тимот. Само е на платниот список и буквално ништо друго. Бендтнер е позајмен и на лето ќе се враќа кај Арсенал. Матри најочигледно ќе лета. Истото важи и за Квалјарела иако за него имам многу позитивно мислење. Анелка е решение за 6 месеци. Значи на лето ќе ги имаме само Џовинко, Вучинич и Лоренте. Во тој случај затоа Конте бара уште еден напаѓач да се донесе.