Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Ова може само од Јуве да се очекува последниве 5, 6, 7 години. Само Јуве може да извади некој од мртвите и да го донесе во тим. Ме чуди зошто не го земаа Зидан, ќе беше добра алтернатива за некој од средината ако се повреди:facepalm:
Резултати има ? ИМА! што се глупираш?:tapp:
 
Резултати има ? ИМА! што се глупираш?:tapp:
Па и Зидан да го донесеме ќе има резултати. Зошто да не му се пружи шанса на човекот? Јас да сум Марота би тргнал и по Давидс ама тој си знае, не му се мешам.
 
Сте заборавиле кај бевме до пред 2 години,недај боже да се потсетите..само бурек да се јадело,не ви е ова ФМ ебате
 
Сте заборавиле кај бевме до пред 2 години,недај боже да се потсетите..само бурек да се јадело,не ви е ова ФМ ебате
Јас не сум заборавил кај бевме пред 2 години ама изгледа некој заборавил кај бевме пред 10-15 години. Вакви трансфери ни Кротоне не прави. Па еден Атлетико успеа играч како Фалкао да донесе а Јуве да може, Роберто Баџо ќе го купи само за да не дадат некое евро повеќе.
 
Ти ја сфаќам поентата но немој толку негативно да гледаш на работите.Позајмица до Јуни ќе е.Којзнае каква им е ситуацијата со финансии за овој преоден рок,затоа и се задоволуваат со Анелка.Се надевам летоска ќе доведат некој квалитетен напаѓач кој заедно со Љоренте,Џовинко и Вучинич ќе опции во нападот.
 
Јас не сум заборавил кај бевме пред 2 години ама изгледа некој заборавил кај бевме пред 10-15 години. Вакви трансфери ни Кротоне не прави. Па еден Атлетико успеа играч како Фалкао да донесе а Јуве да може, Роберто Баџо ќе го купи само за да не дадат некое евро повеќе.
А што сакаш? да ги купиме Меси и Роналдо? абе другар не е ова ФИФА или Менаџер да купуваш што ќе посакаш. Една ситна грешка и може да пропадне се милиони се во прашање тука не заебавајте. Со тоа што не изфрлија во Сериа Б загубите се околу 200-300М не се 200-300 денари :)
 
Каде бе со трансферов... Во Челси се сеќавам ко беше тренер Сколари го пушташе Ањелка место Дрогба.. Дрогба беше на клупа цела сезона... Една сезона изигра добра коа беше топ стрелец пред Роналдо 2008/09. Ко ќе се сетам колку живци имам искинато од Ањелка у Челзи, влечење по терен ко црево некое... :facepalm:
 
Пак ќе пишам...
Барѕаљи 500.000 $
Пирло 0 $
Погба 0 $
Љоренте 0 $
Анелка 0 $

Јувентус 1 место... Изгледа за Марота неважи онаа поговорката "Колку пари, толку музика" :icon_lol:
 
Јас не сум заборавил кај бевме пред 2 години ама изгледа некој заборавил кај бевме пред 10-15 години. Вакви трансфери ни Кротоне не прави. Па еден Атлетико успеа играч како Фалкао да донесе а Јуве да може, Роберто Баџо ќе го купи само за да не дадат некое евро повеќе.

клубот не поседува екстра пари за екстра трансфери,како толку години не ти стана јасно......за среќа клубот го има Марота и победничкиот менталитет на тимот - целосна 100% заслуга на Ил Гранде Феномено Сињор - КОНТЕ !

има задоволство од целиот проект - удрен е и то каков шамар на клубови како Реал,Челзи,ПСЖ,Сити и слични кои истурајќи баснословни суми на пари направија победнички тимови,значи фудбалот треба да му се врати каде му е местото - борба за трофеи,а не она вештачкото што го гледаме денес - борба за пари...........гладта за трофеи и гладта за пари се две различни работи во нормален свет
 
ФИно лепо губит Јувентус на некоја утакмица,вие реваншот пуштате 11 ка,сите напаѓачи...око не ви трепвит :)...колку ѓи имате бе:Џовинко,Вучинич,МАтри,Кваљарела,Бендтнер,Љоренте,Ањелка,Јакинта ?...МАшала :)
Матри и Кваљарела најверојатно влето ќе си бараат други клубови,а ако успее покрај Анелка, Марота да го договори и Лопез, тогаш може да се случи и зимава еден од нив да си замини.Се шпекулира дека Конте побарал 2 напаѓачи зимава.
 
клубот не поседува екстра пари за екстра трансфери,како толку години не ти стана јасно......за среќа клубот го има Марота и победничкиот менталитет на тимот - целосна 100% заслуга на Ил Гранде Феномено Сињор - КОНТЕ !

има задоволство од целиот проект - удрен е и то каков шамар на клубови како Реал,Челзи,ПСЖ,Сити и слични кои истурајќи баснословни суми на пари направија победнички тимови,значи фудбалот треба да му се врати каде му е местото - борба за трофеи,а не она вештачкото што го гледаме денес - борба за пари...........гладта за трофеи и гладта за пари се две различни работи во нормален свет
потполно се согласувам со ова ! потполно значи некои сакат да не купи шеик и да правиме таков тим но се знае дека јуве ретко купувал играчи над 30 мил едно буфон 51 мил во моментов др не ми текнува знам дека за мело беа даени 25 мил и диего 24.5 мил и за тиаго 13 или 14 мил тое то
 
Јас не сум заборавил кај бевме пред 2 години ама изгледа некој заборавил кај бевме пред 10-15 години. Вакви трансфери ни Кротоне не прави. Па еден Атлетико успеа играч како Фалкао да донесе а Јуве да може, Роберто Баџо ќе го купи само за да не дадат некое евро повеќе.
Која ти е оваа споредба бе, пред 15 години и сега? Знаеш ли колку работи се променети од тогаш до сега? Италијанските клубови моментално не можат да се натпреваруваат со богатите газди, тоа е факт.
Друго (у контекст на ова): Дали знаеш дека Милан не може ни да го позајми Кака од Реал, а не па да го купи? Проблем е разликата у данок во Шпанија и во Италија, т.е. не можат да му ја израмнат платата.
Трето: Атлетико го купи Фалкао со парите од продажбата на Агуеро во Сити. Значи имале пари.
Сакам да кажам дека при трансфер мора да се земат сите релевантни фактори во предвид, не е ова самопослуга па ај ако имам пари ќе си купам чоколатце. Башка, глеам Пирло истрошен играч беше кога почна да игра за Јуве.
 
Оти се лутите? Во Јануари нема класа напаѓачи и јасно е дека ке се бара привремено решение. Дрогба сака договор за година и пол и плус 6 милиони плата и според пресметките ке не кошташе околу 20 милиони се на се. Лисандро Лопез е 30 години ама н се повредва и последниве години изчезна од радарот на европа плус бараа 2 милиони + 8 и обавезно да се откупи. Зборавате дека ги имаме Матри И Квајарела плус Конте сака еден од Јоветич или Санчез во лето шо значи тоа што го земаме сега ке биде само онака решение до Јуни со искуство.

Да се разбериме Анелка е играч со огомно искуство и кога е во форма е опасен и постигнува голови но има мана да се кара со менаџерите се надеваме то се среди.

со тие 2 милиони што ги бараше аулас за Лопез си купивме ново бразилче денес :) Mattheus :)
 
Kваљарела не е повреден ... Конте не го става во игра .. Чим ни во купот немаше место за него, значи не сметаме веќе на неговите услуги ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom