СП Шпанија 1/8 финале: Германија - Македонија 20.01.2013 15:45ч

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Нашите ракометари уште се во Севиља временските услови не им дозоволуваат да тргнат за Барселона...
 
Не, ако изгубиме толку е, се враќаме дома.

Не е работата дали се враќаме туку ќе се пласираме по скор и гол разлика тоа е лошо. Затоа ни треба победа утре па после со пораз во четвртфинале со скор би седми или осми.
 
Другар, верувај ми, уште не е зрел толку Столе да ги потиска емоциите а и не сме таква нација :) цел е на мајка му и таа е таква ратоборна, не прашувај како знам, едноставно знам :)

Aj не го срами детето,мора ли сите да знаат ако му се јавува мајка му да го потсети да јаде.. :icon_mrgr:
 
Туку знаете ли зошто му ја дадоа титулата играч на мечот на данскиот селектор? Пошто виделе од организација дека тренериве си играат комбинации без да се замараат за резултат, решиле да ги пошибаат малку.

Има и светски сајтови кои викаат дека намерно сме изгубиле.
Ич не ги ебам светските сајтови, што сакаат нека мислат. (извини на израз) Данска кога местеше со Шведска тогаш се си беше во ред, а сега ние не сме се замарале... Море нек се гонат у три лепе, нека не ги боли уво дали сме се замарале или не.
За утре, ќе биде многу тешко, Германците се јаки, но ни должат од Ниш кога не тепаа, а мислам и од претходното светско во Хрватска ако не се лажам, така да со смирена и игра без многу технички грешки имаме шанси против нацистите. :D
 
Добро е што отворил овој тема. Со него или победуваме или губиме а пак добиваме. :icon_lol: Ништо чудно да изгубиме па да ја исфрлат Германија поради местење па да продолжиме ние натаму :LOL:
dragonsky се надевам дека си спиел во црква сношти и дека владиката те осветил и тебе и компјутерот.
П.С You are one crazy motherfucker, што би рекол.............не знам кој беше ама не е битно. Мадафака си (y)
 
Не е работата дали се враќаме туку ќе се пласираме по скор и гол разлика тоа е лошо. Затоа ни треба победа утре па после со пораз во четвртфинале со скор би седми или осми.

Е тоа е лошо.Дури и да изгубиме од Германија теоретски имавме шанси да го подобриме пласманот од минатото СП на кое настапувавме.Но додека другите репрезентации ги користеа аутсајдерите за билдање гол разлика,ние пробувавме комбинации божем пријателски играме.Е сега доколку изгубиме во 1/8 финале би завршиле 14 место зошто најверојатно само 2 екипи би имале полоша гол разлика од нас.

Сепак тоа е само теорија и кога се работи за Македонија најтешко е да се предвиди како ќе одиграат против Германија.Факт е дека на овие 5 меча одигравме многу различно,но едно е јасно - против појаки екипи сме далеку помотивирани.А добро мотивирани и те како може да ја поразиме преценетата Германија.
 
555396_541694052515586_1870494853_n.jpg

Еве ги бе, си патуваат...:icon_mrgr:
 
dragonsky - воведот :cuc:
А клипчето :cuc: х 100

Со данците не се одмаздивме, ајде сега да се истуриме на швабите како шо ќе се истурат петлите на Исланд.

И да, шо ќе прајме од 15:15 на сител, ќе треба да изгледаме една епизода турска серија пред ракометот за релаксирање :icon_lol:

Mazedonia uber alles
 
Here we go again......

ФОТО: Ова не личи на Светско првенство, и Данците во иста каша како и Македонците

Светската Ракометна Федерација се соочува со огромни критики поради очајната организација за транспортот на репрезентациите кон следната фаза на натпреварување. ИХФ уште пред неколку дена ја обелодени својата одлука поради слабата авио-поврзаност на Севилја со останатите градови, селекциите од групата Б со воз да патуваат во градовите каде што ги продолжуваат своите настапи.

Македонските репрезентативци се малтретираат, па преку Гранада тргнаа на пат кон Барселона, а истото важи и за данските ракометари, кои што беа принудени да „дремат“ на Железничката станица во Севилја чекајќи да биде решен нивниот транспорт до Сарагоса, каде што треба да се сретнат со селекција на Тунис. Еден од најдобрите светски ракометари, Микел Хансен, на својата официјална фејсбук-страница обелодени фотографии на кои што јасно се гледа дека данскиот национален тим мора буквално да спие по „чекалните“, за барем малку да се одмори во пресрет на следниот предизвик на овој мундијал.

Јасно е дека ова веќе во ништо не наликува на едно Светско првенство, па сосема нормално е што РФМ, но и останатите национални федерации најавиле протести до ИХФ за ваквата несериозност кога станува збор за организирање на највисокото по ранг натпреварување. Прашање е дали тоа воопшто ќе смени нешто, бидејќи и во изминатите денови во Севилја бевме сведоци на голем број случки на аматеризам од организациски аспект. Сепак, ракометарите како главни актери на ова врвно натпреварување дефинитивно не заслужуваат ваков третман.


danci1%20golema.jpg

danci2%20golema.jpg

51p3csl2.jpg

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=14282
 
Позата на данскиот селектор...
images

Мислител...:icon_mrgr:

Инаку срамота за организацијата, па у Македонија да го организираа посредено ќе беше...:coffee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom