Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки најубавото нешто што го гледав од 2012-та не е игран филм, туку документарец. Прекрасно нешто. Мора да го погледнете, особено ако сте вљубеници во музиката.
Psyside го има на Блу Реј. :)
 
- Age of innocence

Базиран на истоимената новела од Едит Вортон, од 1920 година, во која се зборува за првите висококласни семејства во Њу Јорк (од втората половина на 19иот век), со современи погледи, но сепак традиционални вредности. Њуланд Арчер (Даниел Деј-Луис) е успешен адвокат, верен со Меј Веланд (Винона Рајдер) - убава, но конвенционала девојка. Љубовта и планираниот живот на Арчер се ставени на раскол по пристигнувањето на братучедката на Меј, егзотичната и софистицирана грофица Елен Оленска (Мишел Фајфер). Мадам Оленска е страсна љубовница, која се бори за развод од нејзиниот неверен сопруг (гроф од Полска), поради кој што таа дирекно стана социјално отфрлена, на големо незадоволство на нејзиното семејство кое што сака да си зачува ''чистиот образ'' и да избегне скандал. И покрај тоа што чувствата на Арчер спрема Елен непобитно растеа, тој ја убеди нејзе да се повлече од разводот, а притоа му стануваше мачно, но воедно и јасно дека остатокот од својот живот ќе мора да го помине во безчувствителен и плитон брак со Меј. Прашањата во тој момент што ескалираат се : Дали тој да ги почитува социјално прифатените вредности, или вредностите во неговото срце ?

Ретко досаден филм.
Не ги лажи луѓево :)
 
Ретко досаден филм.
Не ги лажи луѓево :)

Еее немој така :). Убавината на филмот лежи во две реченици, едната е фатена во трејлерот, а другата во последните 5 минути од синот, кога се дешава всушност и целиот расплет. Мене ептен ми е по мерак ..
 
Ова исто ко ќе кажат дека Walking Dead е најјака во трета сезона. Значи треба да стигам до трета сезона за да ми стане јако? :D
Јас филмов ради Винонка го гледав ама го имам заборавено.

Ендорфиниус ако не ти е гледан Sense and Sensibility, гледај го обавезно, многу убав филм на Анг Ли со фина актерска постава и мислам дека ќе ти се свиѓа повеќе него овој.
 
Дечки најубавото нешто што го гледав од 2012-та не е игран филм, туку документарец. Прекрасно нешто. Мора да го погледнете, особено ако сте вљубеници во музиката.
Psyside го има на Блу Реј. :)
И лани документарецот за Сена беше подобар од сите филмови.
 
И лани документарецот за Сена беше подобар од сите филмови.

Е видиш не го гледав него. Најискрено, ова е најдоброто нешто што сум го гледала,а што излегло од изминатава година. Алал вера за режисерот, страшна работа завршил, а и човеков за кој е направен филмов ме плени. Значи мора да го гледате. :)
 
Ова исто ко ќе кажат дека Walking Dead е најјака во трета сезона. Значи треба да стигам до трета сезона за да ми стане јако? :D
Јас филмов ради Винонка го гледав ама го имам заборавено.

Ендорфиниус ако не ти е гледан Sense and Sensibility, гледај го обавезно, многу убав филм на Анг Ли со фина актерска постава и мислам дека ќе ти се свиѓа повеќе него овој.

Мммм Кејт Винслет, може може .. И не ми го реметете многу-многу филмот, ЈАК Е ! :D
 
Дечки шпанскиот The devil's backbone страшен е? На имдб пишува дека е хорор ама на имдб за многу филмови пишува дека се хорори а уствари немаат некои страшни моменти туку едноставно се creepy.
 
Чим викаш.... :)
--- надополнето: 6 јануари 2013 во 18:09 ---
Дечки шпанскиот The devil's backbone страшен е? На имдб пишува дека е хорор ама на имдб за многу филмови пишува дека се хорори а уствари немаат некои страшни моменти туку едноставно се creepy.
The Skin I Live In го изгледа?
Хичкок-стајл филм, ама ме извади од памет, бетер од хорор.
 
Дечки шпанскиот The devil's backbone страшен е? На имдб пишува дека е хорор ама на имдб за многу филмови пишува дека се хорори а уствари немаат некои страшни моменти туку едноставно се creepy.

Има неколку моменти што ќе те сецнат нормално. Ама повеќе е трогателен неголи страшен. Мене по амбиент многу ме потсети на Големата вода.
 
Дечки шпанскиот The devil's backbone страшен е? На имдб пишува дека е хорор ама на имдб за многу филмови пишува дека се хорори а уствари немаат некои страшни моменти туку едноставно се creepy.

Во билокој случај, глеај го. :)

Иначе го глеав Dredd, џабе на големината Io :D филмот е наменет пред се за 3д и доста голем процент од акцијата беше во слоумо (највеќе ради дрогата) највеќе ради 3д-то.
За обичните смртници на моменти изгледа смешно, иако знаеше да биде онака хардкор, без цензура со убивањето.
Како фан, 5-ка добива, али ќе ми штрчи у совест.
 
Чим викаш.... :)
--- надополнето: 6 јануари 2013 во 18:09 ---

The Skin I Live In го изгледа?
Хичкок-стајл филм, ама ме извади од памет, бетер од хорор.

Па не ама дечко ми го гледаше и ми го раскажа целиот, па ми нема поента да го гледам.
 
Ги изгледав Taken 1, Taken 2, Hobbit, Memento.

Сите се одлични филмови. Нареден е Usual Suspects, после тоа КОНЕЧНО иде Fight Club :)

Сакаш да те банираме додека да го изгледаш? Помотивиран ќе бидеш така. :sneaky:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom