- Член од
- 14 ноември 2011
- Мислења
- 2.277
- Поени од реакции
- 4.314
Го гледав пред некоја година. Филмов е чист пример дека за да направиш нешто квалитетно не ти се потребни трилијарди долари, туку добра актерска екипа, и пред се` сценарио кое ќе им го задржи вниманието на луѓето од почеток до крај и ќе ги натера да внимаваат на секој детал. Да не зборам за јакиот пресврт на крајот.Бонус ако не сум го спомнал на темата, ексклузивен предлог, двајца се во една соба, и тоа Депардје и Полански и кога ќе ги споиш што добиваш? Одличен филм. Не знам @VLJ дали го гледал, иако ќе го прочита мислењево да го пингнам онака...![]()
Она кое го немав гледано до пред некој ден, а кое го гледав поради твоја препорака, е Black Death. Еден од подобрите хорори кои сум ги гледал во последно време, а не се сеќавам кога, или дали воопшто имам гледано средновековен хорор. Во атмосферата ме потсети на Wicker Man, плус Мелисандре и Нед Старк заедно на исто место. Ми се чини дека малку им е неточен маркетингот, бидејќи постерот поради кој го избегнував филмот до сега, асоцира дека дејството се врти главно околу Нед Старк како прави покољ од мртовци. Најверојатно ова им е колку да ги превлечат фановите на GoT. Реалноста е дека приказната на филмот повеќе обрнува внимание на тензичните елементи, атмосферата и психологијата кај луѓето кои биле преокупирани со религијата во средновековна Англија. Затоа филмот од мене има седмица.