Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Point Break е класика. Има играно на ТВ 50 пати не знам како не си го начекал.
 
Кољо Кафез(како што вика интерашот) само во Lord of War,никаде на друго место.

:)

П.С Ај мислења за Terrence Howard.
Море Љуѓе, никој да не го спомне Wild at Heart?

Кољо тука ја има најдобрата улога според мене, изиграва многу тежок психопат. Тој Кејџ дури може и страв да ти внесе

600full-wild-at-heart-screenshot.jpg

Исто ко што спомна @grande-juve во Raising Arizona ми е многу добар, бтв одлично филмче е. (y)

п.с.
 
Солиден глумец е Кејџ, нема муабет....е сега зависи и од филмот, во оние кои ги наброја ти стварно е солиден, во поновите е тапа, освем во Bad Lieutenant...иначе Matchstick Men подценето ремек дело!
Кај го најде Лош Поручник, каде што беше катастрофа. Оригиналот мене ми е еден од најдобрите филмови, посебно сцената кога Кејтел има монолог или дијалог со Бог. Еве некој се потрудил да ги најде најдобрите моменти на Кејџ, мислам дека Кољо Дијамантот би изглумил подобро од Кољо Кафезот.

v.s

http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=4o6r0bbRiSs#t=96s
 
Не го слушајте дечково филмов е 10/10
:pos: :pos::pos:
Коментаров во стил : Не го слушај овој наркоман е ќе те расипе и тебе,ако ти дава нешто одбиј го сврти глава и замини :pos::pos:
 
Ееј го гледав вчера Sleep tight.

Абе си ги бива шпанциве. Морничав филм до јаја.
 
Дечки најубавото нешто што го гледав од 2012-та не е игран филм, туку документарец. Прекрасно нешто. Мора да го погледнете, особено ако сте вљубеници во музиката.
Psyside го има на Блу Реј. :)
 
- Age of innocence

Базиран на истоимената новела од Едит Вортон, од 1920 година, во која се зборува за првите висококласни семејства во Њу Јорк (од втората половина на 19иот век), со современи погледи, но сепак традиционални вредности. Њуланд Арчер (Даниел Деј-Луис) е успешен адвокат, верен со Меј Веланд (Винона Рајдер) - убава, но конвенционала девојка. Љубовта и планираниот живот на Арчер се ставени на раскол по пристигнувањето на братучедката на Меј, егзотичната и софистицирана грофица Елен Оленска (Мишел Фајфер). Мадам Оленска е страсна љубовница, која се бори за развод од нејзиниот неверен сопруг (гроф од Полска), поради кој што таа дирекно стана социјално отфрлена, на големо незадоволство на нејзиното семејство кое што сака да си зачува ''чистиот образ'' и да избегне скандал. И покрај тоа што чувствата на Арчер спрема Елен непобитно растеа, тој ја убеди нејзе да се повлече од разводот, а притоа му стануваше мачно, но воедно и јасно дека остатокот од својот живот ќе мора да го помине во безчувствителен и плитон брак со Меј. Прашањата во тој момент што ескалираат се : Дали тој да ги почитува социјално прифатените вредности, или вредностите во неговото срце ?

Ретко досаден филм.
Не ги лажи луѓево :)
 
Ретко досаден филм.
Не ги лажи луѓево :)

Еее немој така :). Убавината на филмот лежи во две реченици, едната е фатена во трејлерот, а другата во последните 5 минути од синот, кога се дешава всушност и целиот расплет. Мене ептен ми е по мерак ..
 
Ова исто ко ќе кажат дека Walking Dead е најјака во трета сезона. Значи треба да стигам до трета сезона за да ми стане јако? :D
Јас филмов ради Винонка го гледав ама го имам заборавено.

Ендорфиниус ако не ти е гледан Sense and Sensibility, гледај го обавезно, многу убав филм на Анг Ли со фина актерска постава и мислам дека ќе ти се свиѓа повеќе него овој.
 
Дечки најубавото нешто што го гледав од 2012-та не е игран филм, туку документарец. Прекрасно нешто. Мора да го погледнете, особено ако сте вљубеници во музиката.
Psyside го има на Блу Реј. :)
И лани документарецот за Сена беше подобар од сите филмови.
 
И лани документарецот за Сена беше подобар од сите филмови.

Е видиш не го гледав него. Најискрено, ова е најдоброто нешто што сум го гледала,а што излегло од изминатава година. Алал вера за режисерот, страшна работа завршил, а и човеков за кој е направен филмов ме плени. Значи мора да го гледате. :)
 
Ова исто ко ќе кажат дека Walking Dead е најјака во трета сезона. Значи треба да стигам до трета сезона за да ми стане јако? :D
Јас филмов ради Винонка го гледав ама го имам заборавено.

Ендорфиниус ако не ти е гледан Sense and Sensibility, гледај го обавезно, многу убав филм на Анг Ли со фина актерска постава и мислам дека ќе ти се свиѓа повеќе него овој.

Мммм Кејт Винслет, може може .. И не ми го реметете многу-многу филмот, ЈАК Е ! :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom