- Член од
- 19 октомври 2012
- Мислења
- 322
- Поени од реакции
- 277
И мене малце не ми се допаѓа, ама ... Ова ти е како да продаваш на пример стан од 300 м2. Колку купци можеш да најдеш за таков стан? Многу малку нели? Затоа и цената по квадрат паѓа, ама вкупната сума и не звучи така лошо...26 дек 2012, 15:52
Комерцијална банка ја продаде дирекцијата за 21,7 милиони евра
Дирекцијата на Комерцијална банка е продадена по цена од 965 евра за квадратен метар.
Комерцијална банка ја продаде зградата во која се наоѓа дирекцијата за 21,7 милиони евра, објави денеска менаџментот на најголемата домашна банка. Менаџментот извести дека денеска склучиле договор за продажба на 22.525 квадратни метри административен простор за вкупна цена 21.736.625 евра, односно по 965 евра за квадратен метар.
Засега официјално не се открива кој е новиот сопственик на деловниот објект на банката што се наоѓа во центарот на Скопје веднаш до објектот на Македонската опера и балет (МОБ). Се шпекулира дека купувач на досегашната дирекција на Комерцијална банка може да биде некое од министерствата или Владата на Република Македонија.
Според неофицијални информации, менаџментот и администрацијата на Комерцијална банка сега ќе се селат во објект на плоштадот „Македонија“, кој досега се наоѓаше под хипотека на таа банка за невратени побарувања на компанијата што го изградила. Комерцијална банка досега во неколку наврати неуспешно се обидуваше да го продаде овој деловен објект.
--------------------------------------
Мене ова не ми се допаѓа релативно ефтино ја продале и тоа во момент кога пазарот на недвижнини е лош. 965 евра/м2 за таа локација ми звучи малку. Плус и извештаите на КМБ не се баш сјајни во последните месеци...очигледно сега штом продаваат им фали кеш иако викаат дека од поодамна сакале да ја продадат зградата некој стратешки потег им било... Додуше ако има некој повеќе информации нека пише. Мене не ми звучи ова како добар знак за КМБ. КМБ не беше лоша ама се некој безвезни информации има од неа во последниве 6-7 месеци. Плус ако има политика во ова...
Скоро 22 милиони евра за КМБ во овој период, јас мислам дека е добро за КМБ...
Ем ќе работат у нова зграда, ем се ослободиле од товарот на невратениот кредит ...