Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Еве и уште дечки го делат мислењето на Лион во однос на негативните последици по македонската економија евентуалното недонесувањето на буџетот.А во неизвесна економска состојба и криза во Еу со можност на не носење на македонскиот буџет мислам дека берзата има убави предулови за и понатака да паѓа. Кога Маркоекономската и Микроекономската политика во Македонија се загрозени, кога се зголемува политичкиот ризик кога европа уште се дави во кал , не знам на што го темелите оптимизмот на Македонската берза,зборам од сегашна перспектива Да не должам текстот. А инаку оптимизмот на Калеников дека ќе паѓаат каматните стапки(во услови кога немаме донесено буџет и место ефтин кредит од Светска банка ќе треба да издаваме евробврзница зошто на Јануари имаме за враќање долг од 300 мил евра) а Стандард и пурс има големи шани да ни го намали кредитниот рејтинг ни доаѓаат следниве месеци на посета со право што држава е тоа што буџет на време не може да донесе и место со 1-2% од светска банка да се задолжи ќе треба со над 7% да се задолжиме. Така да Калеников нека биде среќен ако останат овие каматни стапки. А дека банките ќе го зголемаат кредитирањето при неликвидност сега и најава за уште поголема неликвидност(*буџет и уште поголемо кааснење на поврат на ддв), мало морген ќе има повеќе кредитрање.:)
Калеников: Буџет или банкрот

20.12.2012 | 17:30
Прочитано: 172

Или буџет или банкрот на стопанството нема алтернатива децидни се од Сојузот на Стопански комори. За да се раздолжи државата, но и стопанството да го испорача проектираниот економски раст од 2 % неопходно е до 31 декември пратениците да го изгласаат предлог буџетот.
22567.jpg
“Сите засегнати страни за носење на буџетот нека си стават новогодишна дедомразовска капа и нека го донесат буџетот до 31 декември„ изјава Златко Калеников, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија
Зголемување на кредитирањето, намалени каматни стапки кризата во 2013 ќе попушти оптимисти се од Сојузот на стопански комори.
2012 е една од најтешките години за стопанството. Индустрискио производство континурано пагаше, македонската економија прогласи рецесија. По најавите, се очекува кризата да потрае и во 2013. САД сеуште фискално се консолидира, а Европа се очекува да се опорави дури во втората половина од годината.
http://24vesti.com.mk/kalenikov-budzet-ili-bankrot
 
Според мене тешко уште да паѓа берзата...дури и да не расте има фирми со одлични дивиденди (профити) кој најверојатно уште ќе растат што е и нормална појава...така да се исплати да се земаат такви акции дури и во најпесимистичко сценарио имаш 5-10%+ дивиденда што е подобро од каматна стапка на депозити. Само треба да се врзат парите за подолг период и доста е веројатно да имаш фин профит.
Инаку има знаци на опоравување на економијата...
Верувам во дивиденди повеќе од капитална добивка.
Според мене се уште има потенцијал за паѓање. ТЕЛ го достигна врвот во своите монополски денови и сега може само надолу,султан-фирмите со транзициски директори(МПТ,ФЕРШ) ми се секогаш сомнителни од едноставна причина што никој не може да го контролира големиот газда, кај КМБ после последниот квартален извештај е јасно дека оваа година дивидендата ќе биде најмалку преполовена, АЛК опстојува долго време на 4000 додека сите покрај него паѓаа, така да и тука гледам простор за надоле, градежните фирми се крепат со државни проекти.....но...колку може да биде тоја пад?! 20%? 30%? Според мене не повеќе, додека пак од друга страна потенцијалот за раст во случај на некоја политичка дешавка е многу поголем. Сигурно 100-150% краткорочно
--- надополнето: 20 декември 2012 во 23:24 ---
Море Лион, Калеников е труба на Груевски исто како земјоделците што протестираат, студентите што протестираат, уметниците што протестираат, спортистите што протестираат против опозицијата. Се дури не падне опозицијата!
 
Ај ок мислиш дека сојузот на стопански комори е труба на Груевски и овие ли се труби на Груевски? Задоцнувањето на донесувањето на буџетот на Република Македонија во која било форма е неповолно и донесува дополнителни доцнења во делот на исплатата на буџетските обврски на државата кон реалниот сектор, изјави Антони Пешев,потпретседателот на Стопанската комора на Македонија.
За Стопанската комора, додаде, недонесувањето или временото функционирање на буџетот ќе значи намалување на економската активност.
Цениме дека Македонија треба да најде сили, да не прави циркус од овој процес и да го донесе буџетот и по цена на потенцијални грешки што може да се случат. Нема полоша работа од тоа државата како еден од најголемите корисници на македонската економија да не е во состојба да функционира поради недонесувањето на буџетот. Затоа препорачуваме и би сакале да видиме донесување на буџетот на Република Македонија“, изјави Пешев
Некој што највеќе треба да биде загрижен е приватниот сектор заеби администртивци и остала буџетска багра. Ако наебат они први ќе наебат. Напишав накусо неколку поста околу тоа сценарио. А на крај краишта сите тие компании се од Македонската економија а дел од нив и котираат на берза. Да не му отидат на некого 5-10% планирани диведенди Acme Inc. место кај него да си останат во компанијата за да покриваат дупки и загуби. А во меѓу време конзервативниот Dr Zmigo највеќе да се офајди од своите депозити со тоа што кредитните агенции ќе ни го спуштат кредитниот рејтинг а каматите ќе отидат нагоре:D
 
Ау, нека не се зеза опозицијата, Acme Inc. нема да земе дивиденда... :D

п.с. Јас не би идел со градежните фирми...
 
Според мене се уште има потенцијал за паѓање. ТЕЛ го достигна врвот во своите монополски денови и сега може само надолу,султан-фирмите со транзициски директори(МПТ,ФЕРШ) ми се секогаш сомнителни од едноставна причина што никој не може да го контролира големиот газда, кај КМБ после последниот квартален извештај е јасно дека оваа година дивидендата ќе биде најмалку преполовена, АЛК опстојува долго време на 4000 додека сите покрај него паѓаа, така да и тука гледам простор за надоле, градежните фирми се крепат со државни проекти.....но...колку може да биде тоја пад?! 20%? 30%? Според мене не повеќе, додека пак од друга страна потенцијалот за раст во случај на некоја политичка дешавка е многу поголем. Сигурно 100-150% краткорочно
TEЛ имаше добри резултати во последната година најверојатно ќе дадат иста дивиденда иако и јас мислам дека чуден им е моделот и малку застарен. КМБ точно е зезна и најверојатно многу малку ќе дадат. МПТ е заникаде и со неа не се занимавам. Додека АЛК и РЕПЛ се одлични сосема очекувано за фармацевски сектор за време на криза речиси и да не изгубија ништо на капитална вредност а профитите и дивидендите им се стабилни. ГРН и БЕСК се доста политички зависни значи би имало проблеми ако се смени власта ама тоа е едно големо АКО треба да се пази на политика тука. ФЕРШ супер си тера може да им рипнат и дивидендите имаат зголемена добивка. МТУР е исто успешна според последните резултати. ТНБ исто има голема добивка ама недаваат дивиденда но треба да се пази КМБ потфрли можеби и тие ќе...фармацевски сектор е најбезбеден ама мислам дека е време и за поагресивни потези. Краткорочно ништо незначи и тешко се предвидува но изгледа како да се формира дно на 1700 мислам дека во 2008 беше на 1500 нема логика да оди под 2008 тогаш беше полошо од сега.
Делот за опозиција-позиција не го коментирам...онака стварно ми е преку глава со тие глупости. За тоа со некој друг...
--- надополнето: 21 декември 2012 во 00:09 ---
Ај ок мислиш дека сојузот на стопански комори е труба на Груевски и овие ли се труби на Груевски? Задоцнувањето на донесувањето на буџетот на Република Македонија во која било форма е неповолно и донесува дополнителни доцнења во делот на исплатата на буџетските обврски на државата кон реалниот сектор, изјави Антони Пешев,потпретседателот на Стопанската комора на Македонија.
За Стопанската комора, додаде, недонесувањето или временото функционирање на буџетот ќе значи намалување на економската активност.
Цениме дека Македонија треба да најде сили, да не прави циркус од овој процес и да го донесе буџетот и по цена на потенцијални грешки што може да се случат. Нема полоша работа од тоа државата како еден од најголемите корисници на македонската економија да не е во состојба да функционира поради недонесувањето на буџетот. Затоа препорачуваме и би сакале да видиме донесување на буџетот на Република Македонија“, изјави Пешев
Некој што највеќе треба да биде загрижен е приватниот сектор заеби администртивци и остала буџетска багра. Ако наебат они први ќе наебат. Напишав накусо неколку поста околу тоа сценарио. А на крај краишта сите тие компании се од Македонската економија а дел од нив и котираат на берза. Да не му отидат на некого 5-10% планирани диведенди Acme Inc. место кај него да си останат во компанијата за да покриваат дупки и загуби. А во меѓу време конзервативниот Dr Zmigo највеќе да се офајди од своите депозити со тоа што кредитните агенции ќе ни го спуштат кредитниот рејтинг а каматите ќе отидат нагоре:D
Ако не донесат буџет најверојатно ќе има лоши последици на краток рок. Ама после ќе биде подобро. Најиделано е никогаш да не донесат буџет...:) Шоу е ова за прости народни маси...со кловнови циркузанти и по некое егзотично животно а рајата само рика и аплаудира како на стадион.
 
И во земји каде што државата не е најголем инвеститор и работодавач е нормално газдите да му прават фелацио на премиерот, а камоли кај нас
 
Ако не донесат буџет најверојатно ќе има лоши последици на краток рок. Ама после ќе биде подобро. Најиделано е никогаш да не донесат буџет...:) Шоу е ова за прости народни маси...со кловнови циркузанти и по некое егзотично животно а рајата само рика и аплаудира како на стадион.
Од тоа шоу некој Македонски компании можат да претрпат сериозни финансиски загуби и да фрчат откази , така да убаво ќе биде ако остане само на тоа место компаниите да делат дивиденда да си ја задржат евентуалната добивка за да покријат некоја загуба или да можат да преживеат со тие пари кога времетраењето на враќање на ДДВ ќе се зголеми. А и некое бело животинче наивно да не рика после изгоре лончето претече млекото.:D
 
Малку терапија според австриска економска школа не е на одмет...:) Има и друга страна равенката. Незнам што плашиш мали деца со ова кога сум те читал ти си баш за ова всушност тоа е изворната политика која ја фрлија во ѓубре и заборавија. Батали пародија е ова...
 
Малку терапија според австриска економска школа не е на одмет...:) Има и друга страна равенката. Незнам што плашиш мали деца со ова кога сум те читал ти си баш за ова всушност тоа е изворната политика која ја фрлија во ѓубре и заборавија.
Затоа сум за приватниот сектор да им се враќа навреме ДДВ и да не пати заради некој дегени што се викаат политичари. А за буџетарите кој ги ебе. Уште утре ако сакаат нека отпуштаат 70 000. Жал ќе ми е што ако нема да се усвои буџетот прво ќе удрат по приватниот сектор нив да им доцнат уште повеќе и да не им плаќаат, на пензионерите, студентите, паразитите вработени во јавна администрација има голема шанса влакно да не им фали сега засега. Ама ако потклекне приватниот сектор сите останати ќе идат во ку.ац. Што опозицијата ќе скратела 200 милиони од владава и ќе ги решеле проблемите на Македонија, приказни за деца, ако сакаш да ги решиш проблемите избркај 70 000 јавна администрација на улица укине пола агенции. Еве ти за една година само над 500 милиони евра секоја година. За само 4 години си оставил 2 милијарди повеќе пари за граѓаните и стопанството, па намали им ддв од 18 на 10% спуштии ја акцизата за 30% , намали ги давачките на приватниот сектор кон државата со уште помали даноци, и укини ги сите непотребни бирократски давачки. А не овие ќе ми продаваат мозок како за 200 милиони евра што ќе скратела државата Македонија ќе се расцутела, а ако не биде по нивно ќе блокирале буџет кај што највеќе ќе го крка стапот приватниот сектор, нека идат нека си еб.ат матер. Кој ме сфати ме сфати. Да искчочија со овој предлог опозицијата веднаш ќе ги подржев!
 
Колку што знам од закон за буџет ако не се донесе буџет за таа година на сила е во пракса стариот буџет значи од 2012 од 2 и кусур милијади само што неможе да се одпочнуваат нови проекти или задолжувања. Така да не е кастастрофа...колку што имаше лани пари толку ќе има пак...за џабе плашат дека нека да има плати пензии и поврат на ДДВ. Во секој случај е подобро да има нов буџет ама не е смак света 21 дек помина пред 2 саати :)...нека не плаши Паторот дека нема да има пари за ништо...или оној пензионерот дека ќе заврши МК како Грција. Плашат мали деца и овци...јас сум коза а не стрижена овца:P
 
1.Колку што знам од закон за буџет ако не се донесе буџет за таа година на сила е во пракса стариот буџет значи од 2012 од 2 и кусур милијади само што неможе да се одпочнуваат нови проекти или задолжувања. 2.Така да не е кастастрофа...колку што имаше лани пари толку ќе има пак...за џабе плашат дека нека да има плати пензии и поврат на ДДВ. Во секој случај е подобро да има нов буџет ама не е смак света 21 дек помина пред 2 саати :)...3.нека не плаши Паторот дека нема да има пари за ништо..4..или оној пензионерот дека ќе заврши МК како Грција. 5.Плашат мали деца и овци...јас сум коза а не стрижена овца:P
1. Да стариот е и ,не може нови проекти да се почнуваат или нови задолжување да се прават до тука се согласувам со тебе.
2. Само има една работа ако не се донесе буџетот до 31 декември ќе треба да се рачунаат пари за поврат на ДДВ колку што било за 2012 предвидено,а не за 2013 но ако рачунаш дека владата треба до фебруари 2013 да им го исплати вториот дел од долгот за поврат на ДДВ за 2012 (првиот го врати) и дека треба плус и ДДВ да враќа во текот на цела 2013 не треба да си министер за финансии за да сфатиш дека за миниумум 30% ќе бидат средствата за поврат на ДДВ помали одтколку што ќе треба да бидат за 2013 со не усвоен буџет зошто ќе важи буџетот од 2012 а не од 2013 година!
3. Автопатот Демир-Капија Смоквица ќе биде доведен во прашање не беше дел од буџетот 2012 а чим не е не може да се финансира без разлика што владата учестувува со помалце од 10% од проектот што вреди околу 240 милиони евра а 90% се од ипа,ебор, еиб. Сепак ако владата не го финансира својот дел цел проект ќе виде закочен заради не носење на буџет на време!Дел од пругата кон бугарија со буџетот 2013 слична приказна со автопатот. Треба 300 милиони да вратиме во јануари 2013 од стара евробврница мислам од 2005 беше обврзницата, владата се договори со светска банка од таму да земе кредит со помалку од 3% камата, а зошто нема да се изгласа ни тоа задолжување опозицијата го блокира ќе треба владата да се задолжи во странство со минимум 8% и прашање е дали ќе успее за толку кратко време да се снајде кога од готово со ефтин кредит опозцијата направи вересија.
4.Сега за сега со неусвојување на буџетот пензионерите ќе немаат покачување на пензија(што за мене не е лошо , но сдсм им отиде кај пензионерите и им кажа дека ако владата ги усвои нивните амандмани сепак ќе добијат покачени пензии:pos: важно сдсм се против овој буџет и повикуваат на штедење)но ако рикне приватниот сектор заради зголемено време за враќање на ДДВ и неисплаќање на втората половина на долгот за поврат на ДДВ за 2012 до фебруари 2013 како што вети владата. Ќе има проблеми, а ако се намалат приходите на компанните и почне бран на отпуштање буџетот послабо ќе се пуни, така да хипотетички за 9 месеци може да се случи на пезнионерите да им касни пензија. Побитен е приватниот сектор од пензионерите.Попрво приватниот сектор ќе наебе отколку пензионерите.
5. Доволно е само приватниот сектор сериозно да го потресат се друго ќе падне како кула од карти. Да не е приватниот сектор ќе нема ни Македонски буџет. Они го полнат буџетот!Така да добар дел од граѓаните ги подценуваат последиците од недонесување Буџет на време. Нашата економија е како домино доволно е владата да не може да им го врати ДДВ за 2012 година втората половина што вети дека ќе ја врати до фебрубари 2013 и да не може да го сервисира навреме враќањето на ДДВ за 2013, објаснив точка 2.Па да дојде до сериозни потреси. Така да ако тоа домино падне приватниот сектор отидоа и другите.
П.С во Буџетот за 2012 немаше пари предвидено за избори не беше изборна година. Така да ако не се усвои буџетот за 2013 до декември сега. Нема да има ни локални избори во Март а според анкета на Републиканскиот институт ИРИ пред неколку дена Вмро има 27% рејтинг ,СДСМ 13%. Така да ако нема буџет нема избори чим нема избори некој ќе си купи уште време , и нема да го крка по којзнае кој пат а во меѓу време ќе чека да му сепокачи рејтинг заради тоа што очекува незадоволни народни маси, пензионери, приватни компании, социјални случаи, итн. Така да поранешниот државник го игра последниот рулет на се или ништо. Ова е вистинската причина се друго што наведуваат се само поводи. Само се плашам дека Македонија ќе биде колотерална штета.
 
Во право си за сите точки...Не е добро што го блокираат буџетот посебно не сега кога економијата е слаба и и треба буџетски стимулус ама не очекувам нешто катастрофално и да не се донесе или малку да касни. Сум загрижен за буџетот ама далеку е од нешто паника ова она...Ја подгреваат работата политичарите премногу.
П.С. инаку земале 100 милиончиња заем сега пак така да не би требало да нема нешто пари. Додуше 100 милиони се ништо... 1% од БДП а планиран дефицит беше 3.5% од БДП. Ќе видиме што ќе се случува.
 
Не знам дали знаевте (јас не), ама македонската берза да ти бил прогласена за шеста најлоша берза на свет... и тоа не од било кој, од Блумберг!

http://off.net.mk/vesti/biznis/prodadena-njujorshkata-berza

Дали има простор за понатамошно паѓање? Нормално дека има, па и последни да сме уште може да паѓа ... (лично мислење)
 
Деновиве сум во план до почнам да инвестирам на берза, па после долго анализирање мојот акцент е ставен на акциите на ттк банка.што мислите околу ова и дали имате искуство со овие акции?
 
Која анализа те доведе да инвестираш во ТТК?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom