lion 1.што ти реков дека ова со буџетот е само едно ефтино шоу...позицијава и ти само плашеше стижени овци. Денес беше последниот чин од шоуво и тоа со масовка излегле со џган статисти и „народ“...уште еден убав гангбанг фалеше

.
2.Колку ефтини и поѕирни игри и кога го гледам народот како се пали на овие глупости дефинитивно демократија не е за овие...Како и да е овие глупости не заслужуваат понатамошен коментар.
3.Еве сега има буџет исти како лани само малку поголем и со поголем дефицит. Да видиме дали чичко Кејнз ја погодил теоријата.
4.А на берза ништо нова ќе видиме дали ќе реагира на буџетот ни насушен утре...Фудбалерот ги сакал акциите од ТТК. Интересно баш и мене ме интересира која му е теоријата зад тоа.
5.Во САД има друг политички циркус со дедлајн на 1 јануари да видиме што ќе изведат тие кловнови сега.
1.Тоа ефтино шоу заради некој што го играше последниот рулет , ако не се усвоише буџетот на време, ќе беше скапо шоу за приватниот сектор, а и за државата. Сега приватниот сектор може да биде посмирен и да очекува владата да си го исполни ветувањето спрема бизнис заедницата дека вториот дел(долгот) од поврат на ДДВ за 2012 година што владата вети дека ќе го врати на приватниот сектор, да го напрви тоа до фебруари 2013 како што ветија. И плус да го исполнат и второто ветување спрема приватниот дека веќе нема да има каснење на поврат на ДДВ од сега натака дека навреме ќе си ги сервисира владата обвските спрема компаниите во однос на редовен поврат на ДДВ од Јануари 2013 па натака што е одлична вест за приватниот сектор. Друг момент е што ќе земеме ефтин кредит од Светска банка околу 3% , а ако не се увоеше буџетот ќе требаше да се задолжуваме со над 8%.
А најбитно е што со донесувањето на буџетот нема да бидат блокирани големи капитални инвестиции како Автопатот-Демир , Капија , Смоквица(240 милиони евра) како и, дел од пругата кон Бугарија итн. Со тоа што се донесе буџетот на време Македонија најверојатно ќе го задржи кредитниот рејтинг и каматите нема да се покачат! А од тоа што го слушам и читам од повеќе луѓе дека има шанси Богов да ја намали референтната каматна стапка во 2013 години со што ќе поефтинат кредитите , што не ќе беше случај ако не се усвоеше буџетот пред 1-2 дена тоа гувернерот Богово го изјави. Тоа што ќе се покачат пензиите за 7% и ќе се зголмат некој други државни субвенции .
Тука не се солгасувам со владата. И све тоа што напишав во последните 8-10 поста на темава негативните последици на приватниот сектор а со тоа и на економијата при евентуално не ненавреме донесување на буџетот, си стојам на тие ставови и мило ми што не дојде до тоа, заради партиски игри приватниот сектор највеќе да наебе.
2. А за тоа што се истепале пратеници измеѓу себе , и што се истепали партиски активисти помеѓу себе баш ми е гајле добар сеир фатив

( Не биле во Рим кога Рома-Лацио играат не повредени жртви паѓаат на двете страни! па се уплашија од некое јајце и некое влечење). Но со самиот потег што државникот не отиде накај собрание да го пробива полицискиот кордон кон собранието туку спрема кордонот кој беше другата маса од спротивниот табор и тоа државникот беше меѓу првите што пробиваа полициска барикада за да се судри со групата што го подржуваше буџетот и власта. Доволно кажува дека целта му била да направи масовна тепачка, а не што го заболе за 200 милиони евра од буџетот.Читам на драга кајгана како партиска омладина се жали како ги викале да идат на протест. Што мене не ме бараат да идам на протест ни имам партиска книшка ниту некој со партиска книшка ми помогнал во животот па да обработувам туѓи интереси, И сега им биле криви СДСМ , Вмро. Мене ми е чист образот на никого ништо не должам и можам кој сакам да критикувам и влакно да не ми фали. Ама за партиски војничиња и од двете страни кој освен партиска книшка друго немаат. Тие нека се тепаат. Па така кога ќе дојде друга власт ќе летаат од работа и после пак обратно. Времето некој луѓе што го помиаа во партиски штабови и куропушење да го поминеа во личен раст и развој , и стекнување нови знаења техники. До сега повеќе пари и почит и углед ќе стекнеа ама затоа на кој колку му сече.
3. Во услови на економски кризи и должнички ризи ако правилно се употреби Кејнизајанската школа ќе и помогне на економијата. Но во принцип повеќе ми се допаѓа Австриската школа. Но во време на рецесија и кризни времиња доза Кејнзијазнизам не е лоша работа само паметно да се искористи.
4. За берзата во секој случај тоа што буџетот е усвоен ќе биде добар позитивен фактор, но има и други фактори од кој зависи берзата внарешни и надворешни. Но во секој случај усвојувањето на буџетот ќе го намали притисокот на берзата да паѓа надоле а дали со помало темпо ќе паѓа или ќе стагнира или многу споро но сигурно ќе се опоравувува ќе видиме.
5 Во Америка Државата е побитна од партијата. Инаку мене една слика од капитал од денешните протести највеќе ми остави впачаток, а тоа на семафор имаше 2 знамиња партиски и едно Македонско знаме. А највисоко се вееше партиското знаме. А Македонското едвај се гледаше многу убава симоблика една слика 1000 зборови.
http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/91080/fotogalerija__samo_5_metri_pomegju_dvete_grupi_pred_sobranie.aspx
И за крај еве еден линк од офф нет од траење од 1 мин еден клип и добар краток уводен текст тоа е тоа.
http://off.net.mk/vesti/razno/kako-se-donese-budzhetot
П. С @Acme Inc. како и да е оваа одлука околу донесување на буџетот на време може позитивно да се одрази на твоите дивиденди, место со парите да покриваат загуби заради големото каснење на поврат ДДВ, да можат малку нешто и на акционерите нешто да фрлат

Поздрав
