Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Засега со LG инвертер од 12 К во соба од над 40 квадрати бркам работа, не е она да седиш по кратки ракави во собата, но си постигнува температура од 20 степени во сите делови од собата. Намерно ја наместив со полна јачина да достигне 24 С, но не може да мрдне повеќе од 22 во овој период од денот кога ќе зајде сонцето.
Мислам кога ќе фатат поларните температури од над минус 15, ќе треба да пуштам друго грејно тело т.е конвектор еден што го имам од лани.
Ако се покаже годинава на минусите и функционира, идната година ќе наместам уште еден инвертер во делот од трпезаријата и кујната за припомош на веќе постоечкиот и во спалната.
Лани се топлев со електрично парно два месеци и сметките беа ужасно големи односно плаќав во просек по 7000 ден. месечно само за затоплување и тоа со домаќинско пазење да се искористи ефтината дневна тарифа која сега ја нема.
Можеби има онак спомнато, ама ме мрзи да барам, но интересира колкава е просечната потрошувачка месечно со неговиот систем Кано за 70 квадрати просторија.
Од искуство колку му идат сметките за струја на неговите муштерии и него по инсталација на системот.
 
ова е 2,5кw, тоа значи дека троши 2.5кw на 1 час ?
Така е,,, Кај сите електричи греалки важи - ако пишува моќ 2,5 KW, за еден час троши 2, 5 KWh, се разбира ако е уклучена,
Ако, за затоплување користиме клима ( топлота пумпа ), тука постои разлика .. и од еден KWh електрична енергија, можеш да користиш три KWh топлина
 
Utre cekam info od clenovite koi koristat invertori, kako se pokazale vo ovie ladni denovi :)
Исто како и минатата зима. Последниве 3 ноќи надвор паѓа до -10 и нема никаков проблем да ја одржи температурата. Во соба ми е просек 21-22, климата наместена на 23 (термометарот е дијагонално спротивно од климата, затоа е и разликата) Работи 24/7, а кога и да ѕирнам на мерачот не покажува повеќе од 400W потрошувачка на час.
А останува дилемата дали во детската да ставам инвертор или најобична клима. Моментално е празна, ама од пролет ќе почне да функционира, така да ќе треба греење и таму за следната зима.
 
Уште да можеме да ставиме и комшии. Горе, доле и на три од четирите останати страни... и на коњ сме. Перфектна изолација!

Заборавате вие во становите дека и комшиите ваши греат. :)
paid by toplifikacija a.d. skopje.
 
600 Eвра оваа печка? Ма не ми се верува!... Па за 600 Евра или нешто плус, ако не јапонски, тогаш многу квалитетен инвертер (хит пумп) може да се набави од 12, или 14 BTU...би овозможил топлина, која би дала енергија од 4KW, а би трошел 1KW.... со кој можеш 30-40 квадрати квалитетно и евтино да загреваш!
Претерано скапо бурево легнато.... а и дека може да загрее 200м3 80 квадрати!? Како не бе!? Сигурно може!.... Прво на кого му треба грејно тело за загревање 80 квадрати? Што ќе грееш? Сала фитнес, конференциска за баскет? Кој има дневна од 80 квадрати! Имаат 2%... инаку и да даде толку топлинска енергија 17Kw, па како ќе загреваш во стандарден повеќесобен стан...како ќе ги загреваш другите простории во станот (куќата)? Ќе отвараш врати? Или со кофи ќе носиш топлина? Глупости! Па не пригреваат спални сите со отварање врати.. обично треба да се греат и работни соби или детски, каде што живеат децата! 200-215 кубика, (кај ги најдоа оние 15 над 200!?) мислам смешки!
 
Добро бе луге вие со 20 степени сте задоволни ? Па вие сте измрзнати или сте добро наоружани со облека, да не се лажеме.На температура од 20 степени нема никаков комфор, тоа си давате лажна надеж дека ви е топло. Колку и да звучи грубо тоа е вистината. Се испод 23 степени не важи.
 
Добро бе луге вие со 20 степени сте задоволни ? Па вие сте измрзнати или сте добро наоружани со облека, да не се лажеме.На температура од 20 степени нема никаков комфор, тоа си давате лажна надеж дека ви е топло. Колку и да звучи грубо тоа е вистината. Се испод 23 степени не важи.
Лажна надеж дека ни е топло :ROFLMAO:...Ми се чини последно кога проверив телото ми регистрираше промена на температура...На 20 степени се чуствував дека ми е топло, тоа да ти било надеж...
Ете покрај љубовта уште еден начин на топлење...
 
Лажна надеж дека ни е топло :ROFLMAO:...Ми се чини последно кога проверив телото ми регистрираше промена на температура...На 20 степени се чуствував дека ми е топло, тоа да ти било надеж...
Ете покрај љубовта уште еден начин на топлење...

Египетски бог на студот - ЅИ ВРА ( и на 20 сепени ти е топ, многу јасно )
 
Египетски бог на студот - ЅИ ВРА ( и на 20 сепени ти е топ, многу јасно )
Носам обична тренерка и блуза по долги ракави, 20 степени е навистина оптимална температура.
 
Носам обична тренерка и блуза по долги ракави, 20 степени е навистина оптимална температура.
Исто и тука. Јас ја подесувам климата за да ја постигне таа температура (21-22), не дека таа само толку може да постигне. И не ја разбирам поентата на сред зима да седиш дома по кратки ракави?
А кога ми е 24-25 во соба, тогаш пуштам ладење, така да нема смисла до таа температура да топлам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom