Ne mi e jasno zosto se potcenuvaat drugite brendovi za klimi bez nekoe posebno iskustv
vde gledam samo 2-3 brenda se priznavaat kako edinstveno resenie.Ako taka i za ostanatata tehnika se vodite so ovaa parola site drugi firmi ke zatvorat.A mozebi i samo ferari i maserati ke se vozat po ulicive cccccc.
Така е така е! За секоја стока (роба) има целна група!
Ама кога зборуваме овдека зборуваме и за лични искуства, туѓи исто така... но и за рецензии на многу реномирани сајтови. А тие велат дека има стандарди. По тие стандарди за загревање на простории дали за живеење или деловен простор, условите ги исполнуваат неколку фирми: Daikin, Toshiba, Mitsubishi, Fujitsu... и со мали варијации Kako Carier и уште една Америчка фирма и ТОЛКУ! Гледаш, тука не се такви реномирани фирми кои по мене незаслужено не се наоѓаат на листата како јапонските гиганти Hitachi или Sharp, ама мене кој ме прашува?
Значи зборуваме за греење со топлотни пумпи! Ние ги викаме инвертери... Не за климиатизери или инвертери кои мислиме дека можат квалитетно да ладат летно време и да топлат зимно, туку единствени фирми модели (како сакаш) кои се атестирани и стандардизирани во повеќето земји дека можат да се употребуваат за загревање.
Е сега, многумина можеби и задоволни од втората лига на инвертери, ете набројав јас Hitachi Sharp, Funai (којзнае дали постои денес!?) можеби малезискиот Panasonic и тн... Трета класа, Панасоникот произведен во Кина, LG, Samsung... и тн.
Четврта би рекол No-name... NEO, Vivax, Midea и остали ‘‘кинези‘‘... Квалитетно греење не значи, си купил од четврта класа клима лани и си поминал убаво минатата зима, заклучок добра е! Не е така... се оценува веројатно покрај квалитетот на греење и: долговечноста, издржливоста и кваровите, константноста, економичноста... и тн.
Прво, тие евтини клими не се наментети за греење, туку за пригревање на простории во полусезона (цертифицирани од производителот за греење при надворешни температури до - 6*Ц)... иако велам ќе се чуе и спротивно мислење на темава. Но сепак за греење, не за импровизации сепак се посочените модели. Види и Фиќо ќе те однесе од точката ‘‘А‘‘ до точката ‘‘Б‘‘ како што тоа ќе го направи и Ферарито како што посочи... ама прашање е како ќе грееш просторија особено онаа која не е добро изолирана со клима од 15,000 Денари а како со инвертер од јапонските (посочени) производители кој чини 50-60,000.