Јас со Ryanair имам летано неколку пати и не сум имала никаков проблем, исти ми се со Wizzair. Мислиш другиве немаат проблеми, нема грешка не стигнало до нечие уво, ова ми личи на прљаво тргање конкуренција.
Е тука веќе не се согласуваме

Далеку од тоа дека се исти со Wizz Air, барем од аспект на услуга на патникот. Ќе ти посочам неколку работи, но не би сакал да се надоврзувам на муабетот на Apple, бидејќи целта не ми е да ги оцрнувам, туку да ти претставам објективни факти.
Бизнис планот и цените им се слични, но изведувањето на летовите и нивото на услуга се различни, поради неколку причини - една од нив, можеби главна, е посадата, која е по правило од Источна Европа и доаѓа од земјата каде е базиран авионот. Стјуардите и стјуардесите се каде-каде подобро образувани - во Wizz Air повеќе од 70% имаат универзитетско образование, додека кај другиве тоа е малку над 20%. Со самото тоа што таа работа е попрестижна, се пријавуваат и примаат поубави стјуарди и стјуардеси и повеќе внимание се обрнува на односот кон патникот, што лесно може да се забележи ако си летала со двет компании. Уште нешто - културата на патниците е поинаква. Кон Источна Европа со Wizz Air патуваат скоро сите, додека РајанЕр во најголем број го користат патници кои не можат да си дозволат нешто поскапо. Кој не бил истуркан во редица за РајанЕр не знае. Последно, за сега, би била разликата во дозволениот багаж - 32 кг за чекиран багаж, без дополнителна доплата, а од другата страна е 15 кг и висока цена по секој дополнителен килограм.
Лично, ако (кога) патувам низ Западна Европа, и би имал избор помеѓу Рајан и Изи, скоро по правило би ги избрал вториве.