Евтини авионски карти

Член од
11 април 2012
Мислења
4.599
Поени од реакции
5.293
Види тоа што е откажан летот нема врска со Виз ама тоа дека се клошарска компанија е друг муабет. Нас ни дадоја 5 евра ваучер за летот кој ни каснеше, со тие пари кафе и вода не можиш да купиш на аеродром.

Мене сега пак ми го поместија летот од Тирана за Барселона две недели пред поаѓање, шо за среќа ми оди во прилог новиот тајминг.
Се надевам ќе полетаме на време и ќе ме поштедат од дополнителни стресој
2018 мислам дека беше откажан лет со ЛОТ (полски национален превозник на ниво на АирСрбија) прво 4 саати дремев е на аеродром пред да го откажат добив ваучер од 100сек у тоа време 10€ пари со кои едвај смоки можев да купам на аеродромот во Гетеборг

Значи муабетот е откажани летови имало, има и ќе има некои повеќе неколку помалку.

Најголемиот проблем е што нискобуџетните си земаат за право да те третираат бетер од стока у Африка у случај на проблем додека кај овие етаблираниве ќе имаш далеку подобар третман ама затоа и ќе ја платиш картата многу повеќе

И да сме реални виз/рајан се далеку од ефтини ако ти треба и багаж да земаш едина предност во тој случај им е што е директен лет
Од друга страна ако идеш со едно ранче па нема боље опција :)
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
838
Поени од реакции
541
Јас имам уште посекси идеја. Изнајмите приватен авион. Нема ред на летање, нема гужви за чекирање, леташ каде што сакаш. Има ли подобро?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.599
Поени од реакции
5.293
Јас имам уште посекси идеја. Изнајмите приватен авион. Нема ред на летање, нема гужви за чекирање, леташ каде што сакаш. Има ли подобро?
Не е проблем лиценцата ќе ја земам, ама многу замирање има да ѕвониш по аеродроми за да добиеш дозвола за полетување/слетување
Не дај боже до вц да ти се приоди тогаш окапа уште некој саат чекајќи нов термин

така беше тоа нема термини мислиш кола на просечен Македонец е, што ќе се мачам да барам паркинг бе на сред писта пуштам 4жмигавци и тоа е тоа ќе почекаат секако само да прашам сум дојден
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
838
Поени од реакции
541
Не е проблем лиценцата ќе ја земам, ама многу замирање има да ѕвониш по аеродроми за да добиеш дозвола за полетување/слетување
Не дај боже до вц да ти се приоди тогаш окапа уште некој саат чекајќи нов термин

така беше тоа нема термини мислиш кола на просечен Македонец е, што ќе се мачам да барам паркинг бе на сред писта пуштам 4жмигавци и тоа е тоа ќе почекаат секако само да прашам сум дојден
Колку што разбрав тоа функционира така што им се јавуваш на авиоброкерите, им кажуваш каде леташ, колку патници сте, колку имате багаж и они ти обезбедуваат авион. Им плаќаш нив, а авионтт те чека на писта, сите дозволи се нивна грижа, ти како патник треба само да се појавиш во одредено време. Тоа е се теоретски, практично немам толку шушки да испробам. Мој пријател работи во швајцарска фирма па на тој начин леташе од Цирих до Дубаи.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.277
Поени од реакции
18.438
2018 мислам дека беше откажан лет со ЛОТ (полски национален превозник на ниво на АирСрбија) прво 4 саати дремев е на аеродром пред да го откажат добив ваучер од 100сек у тоа време 10€ пари со кои едвај смоки можев да купам на аеродромот во Гетеборг

Значи муабетот е откажани летови имало, има и ќе има некои повеќе неколку помалку.

Најголемиот проблем е што нискобуџетните си земаат за право да те третираат бетер од стока у Африка у случај на проблем додека кај овие етаблираниве ќе имаш далеку подобар третман ама затоа и ќе ја платиш картата многу повеќе

И да сме реални виз/рајан се далеку од ефтини ако ти треба и багаж да земаш едина предност во тој случај им е што е директен лет
Од друга страна ако идеш со едно ранче па нема боље опција :)
Зависи, од виз и Рајан знаат да бидат солени многу картите.
Багажот му е исто така многу поскапен, приорити го имам платено 50 евра, за куфер голем да не прајме муабет.
Седиште да доплатиш 12/15 евра
Сега дека има и ефтини карти рековме, затоа и летаме со нив на кратки релации.
На пример од Мадрид за назад картата ми е 29 евра ама затоа приорити 40 и нешто евра доплатив шо е пак ефтино севкупно земено.

Ова со откажани летови има врска и со недостаток на персонал, читав некаде на нет, во контролата на летање посебно, и дека се повеќе и повеќе ќе има проблеми со ова
Не знам како е со другите компании ама Тирана кога бев пред два месеци секој лет беше задоцнет, имаше и доста откажани летови
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.599
Поени од реакции
5.293
Не е проблем лиценцата ќе ја земам, ама многу замирање има да ѕвониш по аеродроми за да добиеш дозвола за полетување/слетување
Не дај боже до вц да ти се приоди тогаш окапа уште некој саат чекајќи нов термин

така беше тоа нема термини мислиш кола на просечен Македонец е, што ќе се мачам да барам паркинг бе на сред писта пуштам 4жмигавци и тоа е тоа ќе почекаат секако само да прашам сум дојден
Зашто немам лајк да ти ставам бе :(((

ондак не сум те разбрал, да така е ако ренташ лет
Кога пиша приватен авион мислев твој авион да биде а не да го платиш само за еден лет
Автоматски споено мислење:

Зависи, од виз и Рајан знаат да бидат солени многу картите.
Багажот му е исто така многу поскапен, приорити го имам платено 50 евра, за куфер голем да не прајме муабет.
Седиште да доплатиш 12/15 евра
Сега дека има и ефтини карти рековме, затоа и летаме со нив на кратки релации.
На пример од Мадрид за назад картата ми е 29 евра ама затоа приорити 40 и нешто евра доплатив шо е пак ефтино севкупно земено.

Ова со откажани летови има врска и со недостаток на персонал, читав некаде на нет, во контролата на летање посебно, и дека се повеќе и повеќе ќе има проблеми со ова
Не знам како е со другите компании ама Тирана кога бев пред два месеци секој лет беше задоцнет, имаше и доста откажани летови
Често летам Копенхаген Будимпешта за викенд, просечна цена на лет со виз/рајан без приорити без седиште без ништо е 1200сек (шведски круни)
Летот е околу 1:45

Истата дистанца со Луфтханза летот е 5+ саати зашто 99% има прекачување во Минхен (тој еден процент е прекачување во Франкфурт :))
Имаш боље седиште имаш повеќе багаж а картата е во просек 1500-1600сек (повратна во двата случаи, значи едвај разлика од 400сек или помалку од 40€)

веќе пишав летам на викенд значи немам потреба од многу багаж ама разликата од 7 саати што можам да ги добијам екстра е огромна скоро цел ден што се вика
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2009
Мислења
197
Поени од реакции
192
Некој да има информација за паркинг на аеродром во Тирана. Ќе патувам на 4 дена во Октомври и сакам да ја оставам колата на аеродром, на интернет гледав дека паркинг е 5 евра ден. Е сега не можам да стапам во контакт со нив, а не знам дали треба да резервирам и да платам однапред. Некој искуство?
 
Имаш страна на нет со ценовник.
Имаш две парцели за паркирање со различни цени, првиот паркинг е одма до аеродромот вториот 200м некаде оддалечен.
Да си одиш на лице место и да си резервираш најубо.
5 евра е денот на вториот паркинг, најуба варијанта
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
378
Поени од реакции
398
Некој да има информација за паркинг на аеродром во Тирана. Ќе патувам на 4 дена во Октомври и сакам да ја оставам колата на аеродром, на интернет гледав дека паркинг е 5 евра ден. Е сега не можам да стапам во контакт со нив, а не знам дали треба да резервирам и да платам однапред. Некој искуство?
https://maps.app.goo.gl/nfyyhEcui5c99efT7

2024_09_20_09_18_51_Google_Maps.jpg

Црвената стрелка е влезот во аеродромот.

Сините обележани се официјални паркинзи на аеродромот.
Светло сините се отворени паркинзи со настрешници. Темно синото е паркинг гаража.
Јас имам паркирано во гаражата, има неколку нивоа.
Влезот е со рампа, добиваш тикет со бар код (како кај нас по моловите), го чуваш до крај.
Жолтото квадратче е кабината за наплата, се плаќа само во кеш.
Цената е 500 LEK (~5€) на ден според официјалниот ценовник.
Нема потреба од резервација однапред, не знам ни дали е можно.

Наоколу исто има многу приватни паркинзи. Некои се long-term, обично пишува на знаците и цена.
Последно (пред 3 месеци) паркирав негде кај зеленото обележано на сликава за 3€ на ден, 600 метри од аеродромот.
Работат 24 часа, може да оставиш и да земеш кога сакаш, си запишуваат во нивна евиденција кога е оставена колата, плаќање исто во кеш.

Google Street View е старо, од 2016 година, се гледаат само отворените паркинзи, гаражата уште не била изградена тогаш.

Од Тирана по ново за аеродромот се оди по новиот автопат, го пуштија негде во јуни/јули, така дава и Google Maps.
Стариот пат поминува баш кај приватните паркинзи, па гаражата, за до влезот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom