Какво однесување ги привлекува жените? (или: Sussaro-style против Шкорпион-style)

Какво однесување ги привлекува жените?

  • Sussaro-style

    Гласови: 86 69,9%
  • Шкорпион-style

    Гласови: 13 10,6%
  • Друг-style - ќе наведам во мислење

    Гласови: 24 19,5%

  • Вкупно гласачи
    123
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Абе уствари ни едниот ни другиот, начин и двата ти се некој засебен имагинарен свет.
Па и не кај секоја пали исто однесување, ако одите по шаблон кај ќе ви биде крајот.
Шаблонско однесување и земање примери од “ ИДОЛИ “ е својствено само за емоционално не изградени и незрели личности, кој што се склони на копирање на нечие однесување кое што во моментот им изгледа за нај фраерско и нај кул, ако благе везе нема од тоа.
А должината на таквото?


Заборави да ја споменеш...
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Се сметам за човек, на другите не му помагам толку, а за незе се праев и сеуште прам. Многу се нервирам оти си го врти разговорот како што и одговара, ми вели дека сум и викал гласно а нормално зборувам што треба да шепотам? Денеска добив порака не ме барај повеќе, а и понекогаш знај да ме навреди само сум го погазил то.. Јбг незнам што ми се случува не бев ваков. Бтв фала за среќата ќе ми треба :)
--- надополнето: 4 декември 2012 во 16:19 ---

Врскава искрено многу голем товар ми е, како во некоја агонија да сум и ја продолжувам упорно. Во цела врска досега јас прам незе да и биди убаво иако мене ми биле кренати нервите 3 метри над небото, само таа не го разбира то и то уште повеќе ме фрустрира. Ти убо велиш ќе се разделиме, ама не од природна смрт како што спомна, најверојатно во скоро време оти дамата така сака, ама сепак јас сум тој што не чини. Јбг прифаќам, што не сум прифатил па за ова.
хахахахаха, те довела у стадиум да ти вика дека си и викал гласно а ти веќ сам знаеш дека потивко од тоа е да шепотиш! :)
You bad boy! :D
 
П

Пепси_

Гостин
ne i kazuvaj deka znaes da gotvis po nekoe jadenje i znajs 3-4 specijaliteti,nikako ne spomnuvaj brisenje prasina i sreduvanje soba.

dr se gi privlekuva
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Бројни случаеви знам,каде што мажот идел по гзот на жената и на крај му се има буквално "посрано" на глава.Ама му го има уништено животот до коска,да неможе да се опорави.И тоа не зборам јас за тинејџери,туку за бракови.Жена која и е допуштено целото внимание во светот,на која и е дадено се на дланка,што еден маж во својот репертоар на позитива го има,во 90% од случаевите ќе го злоупотреби тоа.Зошто го велам ова?Ако си YES Man,во врската за грото од работите кои одат и против твојот интерес и можности,се газиш себеси,тогаш ти си муле.Нормални жени не сакаат мулиња,туку сакаат изграден карактер.Ако за жена представува успех во животот да има муле покрај нејзе,тогаш таа според мене не е жена туку посесивен психопат.И да бегаш од такви пу пу пу...Кај нас мажите оваа појава е потешка за совладување,нели зашто имаме пар муда,па некој ни ставил и рогови.Ние незнаеме да се изнаплачеме,незнаеме да одиме кај другарите и да му утепуваме цел ден во кукање па да ја споделиме таа болка.Најчесто се очукуваме и тераме све у мајчина,затоа што се што сме замислувале во една личност,се крши за еден миг.

Исто така,бројни случаеви знам каде што жени идат цел живот по гзот на мажот и на крај пак нечинат.Иста е корелацијата,нема тука двојни стандарди.Ќе го видиш пак со некоја швалерка,затоа што офцата што му оди дома по гз,не му представува никаков предизвик.А мажот е ловец по природа и секогаш сака предизвик,језда има жени што се јаки ловџики :).Однесувањето кон одредена личност како ѓубре,само затоа што е спротивен пол ни на близок ни на далечен пат нема да вроди плод.Ќе ти се ебе со комшијата во најмала рака,а може и да те убие на спиење.

Никој не ја спомна "свеста" во една врска.Тоа е најголемиот проблем зошто се јавуваат мулиња и офци во врските.Заљубениот човек/жена,не ги гледа маните на својот партнер како што може да ги гледа во другите луѓе.Некогаш работите ти се пред нос а ти нема да ги видиш и преработиш.

Затоа,реципроцитет е лек за секоја успешна врска.Те сакам,ме сакаш,те почитувам,ме почитуваш,ти давам простор,ми даваш простор,оној момент кога осеќам дека ме ебеш у здрав мозок,марш у пм.Нема тука муабет.Во врската треба да се знаат граници,ако границите ги надмашуваат твоите можности и твојот интерес,тогаш подобро нешто да се превземе,ако не биди си сведок на распаѓањето.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
По цена да бидам комплетно офтопик, би сакала да кажам неколку работи.
На форумов владее епидемија на мизогинија, која во последно време добива загрижувачки размери.
Забележлива е тенденцијата по секоја цена да се исплука и омаловажи женскиот род во целина, сето тоа пропратено со простаклук, примитивизам, пцовки и навреди.

Во секоја втора ебана тема се вртат истите муабети - жените се глупи, мажите се генијалци, жените се дрољи, мажите се чесни и морални, од гаќи не го вадат дури и да ги молиш, жените се криви за проблемот со името, жените се криви за меѓуетничките проблеми, жените требало да седат дома и да раѓаат по 7 деца (додека мажите нормално дремат во некоја биртија или кладилница), жените и мажите не можат да бидат рамноправни пошо мажите мењаат бушони и одвртуваат сијалици, жените треба да влезат невини во брак, али затоа мажите не треба да се женат дури не испоебат се живо и диво...

...ако девојка го изневери дечкото е ороспија и треба да биде претепана, од друга страна ако некој се пофали дека ебе на страна или дека кога ќе се ожени ќе фати швалерка за да му го пуши курот, добива десетици лајкови и никој од форумските моралисти ни да зуцне, ако Македонка изјави дека сака странци е исто така ороспија, али е сосема во ред кога Македонците свршаваат на Бугарки, Србинки, Италијанки, Азијатки , црнкињи па дури и Циганки од Врање, ако некоја жена работи и заработува, тогаш е феминистка и кариеристка, ако не, тогаш е спонзоруша или паразит, ако жена спомне дека имала или макар дека фантазира за секс во тројка, е тогаш е КУРВЕШТИЈА НА ВЕКОТ, али затоа мажите радо се фалат со тоа достигнување, па дури и не` убедуваат дека се искрени и не лажат, како демек којзнае што направиле, Нобелова награда добиле или нешто слично...

...жените се површни, мажите ги презираат жените (новост: јас таквите мажи не само што ги презирам, туку и ми се повраќа од нив), жените не се способни да размислуваат логично и рационално (ова доаѓа од лик кој верува во брадест дедо кој седи на небото, маж од кал и жена од ребро и змии што зборуваат, али нема веза тоа е многу логично, нели), жените немаат никакви морални вредности, се што прават, прават од интерес али затоа мажите се алтруисти сите до еден (а овие мажи што ги гледате наоколу и кои би ја продале и мајка си за сопствен интерес, тоа се сигурно жени преправени во мажи), жените немаат смисла за хумор, а ако некоја има, тогаш сигурно е машко или евентуално хермафродит, жените служат само за ебење, за се` друго тука се другарите итн итн итн до бесконечност...

Овие муабети се вртат на секоја втора тема, без разлика кој е насловот и поентата на темата. Не сум влегла во Гурманско катче да ѕирнам, ништо чудно и во темата Кои смоки ви се омилени? да има муабети од типот "Јас највеќе ги сакам црвените смоки од Витаминка пошо сум супериорен, а жените ги сакаат зелените од Агроплод пошо се глупи курви".
Останува вечна мистерија зошто еден интелектуално супериорен мажјак, сигурен во себе и во своите способности би имал потреба да ги врти овие муабети, over and over again, ко расипана касета. Не знам, најверојатно во надеж дека сто пати изговорена лага станува вистина. И кога веќе ја демистифициравте женската психа и откривте што ги привлекува жените, зошто не искочите и не ги испробате вашите теории и во пракса? Мислам, со таква теоретска поткованост, жените сигурно би фрлале гаќи и прслуци по вас и би се тепале да ви го испушат по еднаш. Или можда сепак не? :icon_lol:

Едно е сигурно, на форумов и онака има малку жени, а верувам дека во иднина и тие постепено ќе ги снема. Тоа ќе биде одлично, затоа што вие супериорни алфа мажјаци ќе можете на раат да си прааите длабоки муабети, без да бидете вознемирувани од приглупи дрољи. А може и некој дејт да падне, којзнае.

И за крај, да ве поштедам од реплицирање и коментирање - да, јас сум милитантна феминистка, имам бркови и зулуфи, огромна влакнеста брадавица на лицето, грбава сум и крастава, ми смрдат нозете и имам влакна под мишки а богами и над мишки, никој не сака да ме ебе, или па сите ме ебат (во зависност од тоа за каква навреда сте расположени во моментот). Слободно презирајте ме. Чувството е обострано. Ајт.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.663
Поени од реакции
14.538
Јао, јао, оваа прича ќе се екранизира, више го гледам трејлерот пред очи:

вечерас у Вашем граду, доушникот на феминистките! Не ja пропуштајте неповторливaта Мачорка со овената роза у реверот. Ви праи муабет, се согласува со вас и цинка зад грб. Виртуоз на тастер, отчукува со лева и десна рука истовремено. Навалете дами и господа. Деца плачете за родителите да ве носат у кино. Мачорска премиера, сега и кој знае кога пак...
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
По цена да бидам комплетно офтопик, би сакала да кажам неколку работи.
На форумов владее епидемија на мизогинија, која во последно време добива загрижувачки размери.
Забележлива е тенденцијата по секоја цена да се исплука и омаловажи женскиот род во целина, сето тоа пропратено со простаклук, примитивизам, пцовки и навреди.

Во секоја втора ебана тема се вртат истите муабети - жените се глупи, мажите се генијалци, жените се дролји, мажите се чесни и морални, од гаќи не го вадат дури и да ги молиш, жените се криви за проблемот со името, жените се криви за меѓуетничките проблеми, жените требало да седат дома и да раѓаат по 7 деца (додека мажите нормално дремат во некоја биртија или кладилница), жените и мажите не можат да бидат рамноправни пошо мажите мењаат бушони и одвртуваат сијалици, жените треба да влезат невини во брак, али затоа мажите не треба да се женат дури не испоебат се живо и диво...

...ако девојка го изневери дечкото е ороспија и треба да биде претепана, од друга страна ако некој се пофали дека ебе на страна или дека кога ќе се ожени ќе фати швалерка за да му го пуши курот, добива десетици лајкови и никој од форумските моралисти ни да зуцне, ако Македонка изјави дека сака странци е исто така ороспија, али е сосема во ред кога Македонците свршаваат на Бугарки, Србинки, Италијанки, Азијатки , црнкињи па дури и Циганки од Врање, ако некоја жена работи и заработува, тогаш е феминистка и кариеристка, ако не, тогаш е спонзоруша или паразит, ако жена спомне дека имала или макар дека фантазира за секс во тројка, е тогаш е КУРВЕШТИЈА НА ВЕКОТ, али затоа мажите радо се фалат со тоа достигнување, па дури и не` убедуваат дека се искрени и не лажат, како демек којзнае што направиле, Нобелова награда добиле или нешто слично.

...жените се површни, мажите ги презираат жените (новост: јас таквите мажи не само што ги презирам, туку и ми се повраќа од нив), жените не се способни да размислуваат логично и рационално (ова доаѓа од лик кој верува во брадест дедо кој седи на небото, маж од кал и жена од ребро и змии што зборуваат, али нема веза тоа е многу логично, нели), жените немаат никакви морални вредности, се што прават, прават од интерес али затоа мажите се алтруисти сите до еден (а овие мажи што ги гледате наоколу и кои би ја продале и мајка си за сопствен интерес, тоа се сигурно жени преправени во мажи), жените немаат смисла за хумор, а ако некоја има, тогаш сигурно е машко или евентуално хермафродит, жените служат само за ебење, за се` друго тука се другарите итн итн итн до бесконечност...

Овие муабети се вртат на секоја втора тема, без разлика кој е насловот и поентата на темата. Не сум влегла во Гурманско катче да ѕирнам, ништо чудно и во темата Кои смоки ви се омилени? да има муабети од типот "Јас највеќе ги сакам црвените смоки од Витаминка пошо сум супериорен, а жените ги сакаат зелените од Агроплод пошо се глупи курви".
Останува вечна мистерија зошто еден интелектуално супериорен мажјак, сигурен во себе и во своите способности би имал потреба да ги врти овие муабети, over and over again, ко расипана касета. Не знам, најверојатно во надеж дека сто пати изговорена лага станува вистина. И кога веќе ја демистифициравте женската психа и откривте што ги привлекува жените, зошто не искочите и не ги испробате вашите теории и во пракса? Мислам, со таква теоретска поткованост, жените сигурно би фрлале гаќи и прслуци по вас и би се тепале да ви го испушат по еднаш. Или можда сепак не? :icon_lol:

Едно е сигурно, на форумов и онака има малку жени, а верувам дека во иднина и тие постепено ќе ги снема. Тоа ќе биде одлично, затоа што вие супериорни алфа мажјаци ќе можете на раат да си прааите длабоки муабети, без да бидете вознемирувани од приглупи дролји. А може и некој дејт да падне, којзнае.

И за крај, да ве поштедам од реплицирање и коментирање - да, јас сум милитантна феминистка, имам бркови и зулуфи, огромна влакнеста брадавица на лицето, грбава сум и крастава, ми смрдат нозете и имам влакна под мишки а богами и над мишки, никој не сака да ме ебе, или па сите ме ебат (во зависност од тоа за каква навреда сте расположени во моментот). Слободно презирајте ме. Чувството е обострано. Ајт.
Затоа што машкото е машко,а жената е жена.Каква еднаквост барате јас незнам,на нас да ни порасне дунде,а на вас стапче па исти да бидеме :D
 
M

Muranyi

Гостин
Никогаш не сум ни пробал да ги разберам жените или пак уште помалку би знаел какво однесување бараат тие од еден маж.Претпоставувам дека за некои работи дечкото што ви ги разбранува емоциите со постот,и беше во право,барем од моја перспектива гледано.
А и во денешново труло,расипничко општество каде луѓето станаа потрошен материјал и сите работи се сведуваат на материјализмот и хедонизмот,реткост е да се најде вистинска жена,поточно девојка која е вредна да и се посветиш себеси и својот живот.
И не е само до жените...или пак мажите,нема тука пол.Едноставно човекот станал курва у душа,ако сеуште ја има.
И сменете наслов на темата,звучи глупаво.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Маживе на темата (секоја чест на исклучоците) се однесуваат како мојата комшика која цел живот живее сама, им гледа на кафе на жените и им дава совети како се „врти“ маж.:facepalm:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не ми се допаѓа што сум лупнат во насловот на темава, само затоа што имам спротивно мислење од некого. Посочив патерна на однесување на одредени машки форумџии, и како некои совети и не се баш така сјајни како што звучат, тоа беше тоа. Одма бев нападнат дека некого деградирам.

Потоа, тоа не беше доволно, сега сум ставен за соодветен пример на тип на дечко (ала папучар, лузер, потрчко ...), заради истото тоа спротивно мислење. Од една екстрема, во друга. За вас нема златна средина, а? Или е едното или е другото.

Тоа што Сусаро предлага е сите да влезете сега во еден социјален калап на однесување, и абсолутно да го применувате во секоја пригода кога имате женска пред себе (да и покажете кој е кој, нели?), било да е таа некоја која е заинтересирана за вас, или некој која тек сте ја запознале, и не знаете дали ќе пројави интерес. Важно, сељак-yourself away за секој случај, да не добие не-дај-боже погрешен впечаток дека си некој културен, зрел, пристоен човек, па уште одма да те направи "муле".

Со други зборови, ви предлага да смените карактер. Абсолутно ниедна девојка нема да остане со вас, ако дознае дека се преправате нешто што не сте (или ќе остане додека и одговара, па после ќе фати штрафта и таа, дали ти бил суптилен сељак, отворено сељак, или папучар). За себе си правите само лошо, бидејќи тоа не е ваш карактер или природа, за така да се однесувате. Претпоставувам сакате некоја да се заинтересира за вас, како природна личност, не карактер кој го глумите за фиктивен поголем успех на приватно поле. Полош сељак од природниот е вештачки создаден сељак. Првиот таква му е природата и не знае за подобро, другиов станал таков од очај и гнев.

Не. Имало и други теми, немало потреба од претпазливост, па пак на крај со истово се завршиле. Сите младичи се согласуваат со Суси, момите(освен тебе и...толку, освен тебе) пишуваат колку бил назаден и колку пи*ка немал видено, Шкорпион изразува видно и интензивно гадење кон ликот и делото на Суси...и на крај останува тоа дека сите младичи кимаат со глава на неговите постови и со голема горчина се приморани да се согласат дека е во право.
Машко реагира на машки речник (или барем така му доаѓа, што знам). Значи, користење на пцовки, Тошо Малерот тон, шовинистички-мачо пристап до темата, индиректни навреди кон изворот на негативни емоции од темата (во случајов женските, и колку лоши девојки како партнер во врска биле). Секако дека постот на Сусаро ќе добие премиум анилингус третман од грото машка популација на форумов. Јас не го контрирам Сусаро ради Сусаро, туку контрирав заради тоа што дели најлош можен вид совети кои на засегнатата група ќе им ја влоши ситуацијата наместо да им помогне.

Од таа таргет група, кој од нив има девојка, добри се шансите ако ги примени советите, истата да го откачи. И после како што еден друг форумџија предвиде/претпостави, ќе дојдат овде, и ако не му дале лајк, ќе му опнат еден, и ќе му кажат "Леле брат, не знаеш колку во право беше, направив како што кажа, а она првокласна курва испадна, ми раскина, сега знам што понатаму". Во реалноста, он земал одеднаш да се однесува како првокласен сељак, и на девојката тоа и дошло као црвен аларм и редно време да фаќа магла.

И не сите се согласија со него, туку тие истите, кои добар дел од нас ги гледаат како зборат за жените во други теми. И молимте, со голема горчина се согласиле? :), те бива и за иронија гледам.

Ти пишаа погоре, ничие его не се задоволува од таков пост. Напротив. Никој не сака да се согласи со такво нешто, а камоли да го доживее. Никој не е глупав да влезе во врска ако се согласува со неговиот пост. Никој не е глупав да планира иднина со некоја од неговиот пост. Никој нејќе деца да има со прототипот за жена на Суси. Секој се надева бе мацол дека оваа сега не е како бештијата од постот. Ако му се посреќи, алал да му е, а ако не, ќе дојде на форумов и ќе му го лајкне постот. Еден таков пост кркна добри стотина лајкови.
Како тоа ничие его не се задоволува со тој пост? Па ако тој пост не им ги крена акциите на загрижениве мужи на форумов, јас не знам што би им го кренало. Сега имаат изговор да се однесуваат крајно недозреано, шовинистички, егоистично, себично, арогантно, и неблагодарно, и од друга страна имаат подршка дека негативниот резултат од таквото искуство, значи дека Сусаро бил во право, и дека треба да бараат некоја која на такво однесување ќе му јаде од раце, и дека секои наредни неуспеси дека се резултат на тоа дека тие девојки не биле таа "правата".

Значи зависи кој што гледа во неговиот пост. Сите ќе прават пу-пу-не-дај-боже да налетаат на некоја која е како од неговиот пост, ама колкумина од нив ќе ги применат советите кои ги даде во истиот? Скоро сите. Направил штета неговиот пост? Дефинитивно. Така да без замарање со други делови од постот, се гледа каде лежи проблемот.

И насловов е скроз промашен, треба да стои нешто како
Macho-style vs папучар style
Што има везе Шкорпион со муабетов, кога е геј - нит го интересираат жени во сексуална смисла, ни ништо. Баби и жаби мешате.

Без гајле, времето лечи се;)
Дури и тој наслов не би бил во ред, бидејќи тоа што контрирав, и предложив друг пристап, не ме прави мене (или еве, некој стрејт маж), папучар. Едноставно, разгледување на проблематиката на друг начин, без деградирање на било кој пол, и сведување на себе си на недолично ниво, кога треба да се бара партнер.

Инаку причината што сум ставен во насловот изгледа е затоа што јас спомнав дека имам искуство со девојки, и дека и сега, ако сакам, можам да фатам девојка баш од калибарот по кој се кука на темава дека не постои (под услов некоја која не знае за мојата сексуална ориентација). Поентата што воопшто спомнав ми беше, дека ако јас можам да фатам таква девојка, можат и тие, само негде грешат (дали во пристап, третман, избор, што и да е).

Ја се пронајдов во дел од постот на Сусаро и сметам дека е така,не да сметам ма главка сечам... така е. Мој став,моја политика.Се друго е небитно.
Дечко, ако си се пронашол во неговиот пост, или си имал лоши искуства со лош вид девојки, или си се пронашол во друга форма, ала сељач-мен (можеби карактерно нешто што не си го ставил в пракса, но ветуваш дека ќе го ставиш, во блиска иднина. Не ти бега едното или другото. Болдот потврдува дека ќе наебеш, патем.

А болдот покажува и дека сепак постот на Сусаро буди егоизам (ако претходно го немало), или го величи уште повеќе, ако претходно постоел. Така да коментарот на Разиел сега е неважечки.

Феминизмот и шовинизмот се измислени за глупите луѓе да имаат што да зборат. Паметните не се замараат со тоа и гледаат каков е човекот, без разлика што е.
Така е, во право си.

Сега, уште твоето мислење да го применеше во пракса (да не се замараш и да не збориш за ниедното ни другото, особено не на темава), немаше да си дадеш автогол и да се навредиш сам себе си :).

Ние незнаеме да се изнаплачеме,незнаеме да одиме кај другарите и да му утепуваме цел ден во кукање па да ја споделиме таа болка.Најчесто се очукуваме и тераме све у мајчина,затоа што се што сме замислувале во една личност,се крши за еден миг.
Тука е проблемот. Има разлика меѓу "не знам" и "не сакам".

А тоа "не сакам" најчесто се должи заради зачувување на таканаречено мушко достоинство и себепочит, па да не зашантраш настрана од тоа што ти е припишано како родова улога (да трпиш, траеш, да не се жалиш, да стискаш заби, нервозата на друго место да ја блуеш, или удави ја со алкохол, итн.).

Ќе го видиш пак со некоја швалерка,затоа што офцата што му оди дома по гз,не му представува никаков предизвик. А мажот е ловец по природа и секогаш сака предизвик.
Тоа е коренот на проблемот со доста голем дел од машката популација. Голем број девојки не им се доволно јак предизвик. Затоа трчаат по такви девојки кои се слични на тие опишаните во постот на Сусаро, кои машките не ги ебат ни два посто, и ако се погоди некоја да е дигната апла, и да не попушти, да продолжи да не го рецка, дечкото се откажува и дига раце, а тоа е пропратено со заклучокот дека сите женски се курви, сељанки, кучки (па и тие што не се олош како типот девојки за кои збореше Сусаро, само имаат повисоки критериуми).

До женскиот пол на форумов - најголемиот дел од тие муабети дека некоја била курва, била ваква, била онаква, се шират токму од машките. Имам доволен број примери од моето друштво за да заклучам дека ова е факт. Дека поголема озборувачка 'теткица' нема од машките, и дека тие ви ги вадат тие муабети. А вие слушате за нив најчесто кога ќе дојде до женско уво (и кога е веќе доцна). Истите започнати од дечко на кој сте му удриле корпа или сте раскинале и он го поднел бајаги лошо тоа.

Sussaro-style против Шкорпион-style

Шкори е педер како што знам..што има врска он со жени. А Сусаро е ебано во право.Ова тема не е за женски биќа, треба да им се забрани и да читаат..mans only bitch :icon_lol:
Како и 99% од хомосексуалците, и јас терав хетеро филм доста долго време, и излегував со девојки. И сега, post-coming out како геј пред друштвото, се уште бараат совет или мислење од мене, обично дека подолго задржував девојка од нив (оhh, the irony here ...)

Ете од каде сум во врска со темата, на кратко.

А иначе не сум доволен јас во темава да удрам геј-нота, мораше да предложиш (ти од сите ...) да се направи men-only постирањето и читањето? :)

Ако ставиме 1000 евра на средина, и околу нив застанат ваква девојка каква што ја наведе на крајот од постот, Супермен, Командант Марк и Антоние, што мислиш, кој ќе ги земе парите?
Девојката ќе ги ќари парите, а Антоние ќе ја ќари девојката :). Барем од тоа малку што го познавам, доста веројано ми е :D. Има начин он со женските.

Шкорпион привлекува жени?
U jello? Y jello? :cool:

Многу е подобро да ја прифатиш реалноста, а со тоа и сопствената природа, онаква како што е, отколку да живееш во илузии. Има кај сите мажи, паметни или глупави, добри или лоши, еден презир спрема женскиот род. Што мислиш, на што се должи тој презир?

:)
Тоа важи за двата пола.

Инаку подршката и ваков начин на размислување се темели само после низа негативни искуства со жени (кои веројатно и не се таков тип каков што се извреѓани во небројан пар случаи). Се забележува препознатлива патерна.
--- надополнето: 7 декември 2012 во 01:45 ---
Затоа што машкото е машко,а жената е жена.Каква еднаквост барате јас незнам,на нас да ни порасне дунде,а на вас стапче па исти да бидеме :D
Еве како да препознаете вештачки (со сила) и природен сељак. Да видиме што научивте од темава дами, во кој тип спаѓа дечково? :D
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.577
Зошто мора да се применуваат тактики на т.н. суптилен сељачизам, зошто сметаш дека воопшто мора да се играат некакви игри на наметната доминација и покорност?

Искрено ме навредува моментот, само поради полот да бидам категоризирана како емотивен манипулатор кој безрезервно злоупотребува... И овојпат ќе употребам еден типичен женски аргумент, за кој ти лично ме обвини дека го одбегнував, ама сега е неопходен. Верувам дека секое машко, кое ти даде поддршка налетало на слепата кучка во неговиот живот, која ништо не ценела и се‘ злоупотребила... Како што и секоја жена налетала на одреден гад од таков калибар. Тоа е негативен трансфер од минатото кој само ќе предизвика да бидете тактички настроени, со цели воени планови и стратегии кон новите партнерки, но пред да преминете на тешка артилерија запрашајте се - дали тие тоа најискрено го заслужуваат?! Зошто некоја идна да биде жртва поради некоја мината калаштура?! Најдобро ќе беше според мене сите да го наоѓавме идеалниот партнер на рана возраст и да останувавме со него трајно. Навистина го мислам ова... Ама, кога веќе има и други луѓе во нечие портфолио, нека не плаќаат туѓи рати и камати ;)...

Кога љубовта ќе се претвори во бојно поле и профункционираат стратегиите, веројатно и ќе остане на крај само интересот од двете страни и опустошеноста и празнината после секоја битка ќе е поголема... :(

Јас те уверувам дека никогаш не би злоуптребила искрен пристап и секаков чин на внимание, грижа, блискост, взаемност... Одговори ми, премногу ли е да барам да не ми се пристапува априори како на злоупотребувач, со повеќе или помалку скриени мотиви, притоа?!
Поради фантастичната претходна дебата која сеуште ми е во позитивна и свежа меморија и поради дадениот збор со задоволство ќе ти одговорам, оти колку и да звучи арогантно, ретко што друго е достојно за реплика на темава.
Во глобала машките можеш да ги обвиниш за многу работи од а до ш. Меѓутоа една работа за која е грев да се обвинуваат е манипулации. Машко кога му се ебе ќе каже дека му се ебе, кога те сака те сака, кога не може да те гледа во моментов ќе ти каже дека не може да те гледа во мометнов, ако сака да ти се дере ќе ти се дере. Една работа е сигурна, секогаш знаеш на што си. Сплетките ги правите вие, и секако ќарот го имавте вие-Кој превари тој товари. Јас имам луѓе кои девојката им раскинуваше долгогодишна врска а они се прашуваа-Што и згрешив? Тоа што гледав влакно да не и фали на главата, што ја третирав како бубрег во лој? Како да им објаснам дека нивната логика на реципроцитет е невалидна? Редно е да биде пата-пата со тие манипулации, редно е да си го добиете третманот кој го заслужувате. Nothing more, nothing less.
Искрено Мнемозина и мене може ме навредува моментот што некој Германец на пример гледа на мене како Македонец како што ние гледаме на орките од запад, меѓутоа се обидувам да се ставам во негова кожа, и ако тргнам пристрасност на страна го разбирам зошто он мене ме етикетира и искрено не можам да му замерам. Во претходната наша дискусија многу ми се допадна тоа што ти (и покрај тоа што си женско) успеа одлично да ја одржиш непристрасноста и објекитвноста. Ќе можеш ли и сега? Погледни го својот пол анџеле. Погледни ги репликите на темава, и не само на темава. Ти делуваат за горедеење како женско? Дали ги приметуваш моралната беда, очајот, деградацијата, вадење мислења од контекст, пакосно нафрлање, злобно анализирање на мојот приватен живот и останатите педерски работи со кои се служат тука на темава припадничките на твојот пол? Ете ти кажа Разиел, сите освен тебе на истиот тест паднаа, да не го знаев ова ќе бев гадно изненаден. Пет пати до сега кажав, ако нека ме пцујат ако така им е полесно, со тоа само ем со свој камен по глава се акаат, ем докажуваат дека сум во право. Јас не викам дека сум културен или дипломат или слаткоречив, меѓутоа она за што не можеш да ми префрлиш е нетранспараетност, подмуклост, лицемерие, злоба и пакост. Можеш ли истото да го кажеш за оние од твојот пол? Ама искрено, тргајќи го на страна фактот дека си жена. Погледни како чавкиве тука сакаат да ме повлечат надолу во калта на нивната морална мизерија. Многу машки (и богами и нешто девојки) ми дадоа поддршка на постот а и општо на други слични теми. Верувај ми јас не сакам да ми веруваат мене здраво за готово. Јас сакам она што јас го пишувам да го проверат. Имаат и они девојки дечковци како што и нивните другари, комшии, колеги имаат. Нека помислат онака од страна гледано што се случува. Не мислам дека тие што се согласуваат со тоа што го пишувам дека се шовинисти, неизлезени од дома, затворени во 4 ѕида, или дека не виделе женска во живот. Јас моите мислења сакам да бидат предизвикани и дебатирани, тоа е нешто во коешто како и ти се увери јас со задоволство пристапувам. Мислам дека се согласуваат затоа што виделе, анализирале, искусиле, не се од Тунгузија.
Јас сакам да верувам во твоето уверување дека ти никогаш не би злоупотребила искрен пристап и тако даље. Сепак ќе ми простиш ако јас на тоа поради тоа што недоволно те познавам гледам со скепса. Оти сите девојки викаат дека они не се како сите девојки.
Меѓутоа да земеме дека твоето уверување е точно. Твоето прашање е дали премногу е да бараш да не ти се пристапува априори како на злоупотребувач, со повеќе или помалку скриени мотиви, притоа. Мојот одговор е-Да премногу е. Ама зошто е дојдено до тоа ќе се обратиш до твојот пол. Ако се шеташ во шума и здогледаш волк а имаш пушка на рамо, автоматски ја симнуваш пушката и ја полниш. Може пре волкот ќе избега од тебе, може ќе те заобиколи а може и најпријателски ќе дојде да те издушка и ќе си отиде. Зошто ти автоматски се фаќаш за пушката? Истото е и во ситуацијата. Ти си колатерална штета ако он се изгорел на 2-3, ако другар му се изгорел, ако комшијата се изгорел, нормално е он према тебе да настапи со презумција на виновност. Затоа што поголеми шанси има да си виновна отколку да не си. Статистички нели. Е сега ако не си, ондак нема потреба и од понатамошен таков пристап, иако стекнување на доверба е меѓу најтешките работи во денешницата.
Луки златен, гледам тебе поубаво ти оди со балансирање и спуштање на топката. Сакаш ли да направиме јас и ти една проба? Да дојдеш ти во Скопје и да излеземе малку низ градов насекаде, и кај што се сељаците и кај што се неразбраните и кај што се полуразбраните. Ти упознавај женски најкултурно и најџентлемнски без никакви сељачки манири, АМА со твојот Подарешки дијалект. Биди фин и ако те прашаат со што се бавиш раскажувај им за сеидба, за тракторот, за нивите, за сеча на дрва пак ќе повторам со твојот дијалект а после ако сакаш продолжи со филозофија, религија, узречици. Ако побудиш голем интерес и ако успееш на барем 2-3 да им земеш број, јас патиките ќе ти ги дадам и дома пешки и бос на ладново ќе си одам. Па тогаш ти мисли си дека не им е важно од кај си туку кој си.
И уште еднаш препорака до сите што ме читаат. Не ми верувајте, туку проверете, тоа ќе ми е многу подраго отколку сите лајкови. Размислете, искусете, резонирајте. На крају краева кој ме врти што јас пишувам. Битно е дали тоа што го пишувам е точно. Најсрдечно и најтопло ви кажувам да го тестирате тоа, а после слободно јајцувајте ме. Јас сум сигурен во своите ставови.
 

Shakti

The blue-lidded daughter of Sunset
Член од
6 ноември 2012
Мислења
918
Поени од реакции
3.372
Нападни пред да те нападнат!Ова така ми звучи.Сите во ист кош, па дали некој заслужил или не, неважно.Важно е да си МУЖ па шири братко сељачизам кај ќе стигнеш.На такво однесување ќе паднат жени од ист калибар како вашиот па после добивате соодветен третман достоен за еден сељак, ама не сте вие виновни де, жените се себични кучки.Ладно однесување дали е од машка или женска страна значи дека нема заемни чувства меѓу двата партнера.Притоа искуството те учи подобро да ги проценуваш луѓето, така што понекогаш мора да се претрпи и болка, но и тоа ќе помине.Важно е да не се генерализира кога се во прашање половите.Мене лично сељачко однесување не би ме привлекло ни за 100 наредни животи.Period!
 
L

Luki Junior

Гостин
Луки златен, гледам тебе поубаво ти оди со балансирање и спуштање на топката. Сакаш ли да направиме јас и ти една проба? Да дојдеш ти во Скопје и да излеземе малку низ градов насекаде, и кај што се сељаците и кај што се неразбраните и кај што се полуразбраните. Ти упознавај женски најкултурно и најџентлемнски без никакви сељачки манири, АМА со твојот Подарешки дијалект. Биди фин и ако те прашаат со што се бавиш раскажувај им за сеидба, за тракторот, за нивите, за сеча на дрва пак ќе повторам со твојот дијалект а после ако сакаш продолжи со филозофија, религија, узречици. Ако побудиш голем интерес и ако успееш на барем 2-3 да им земеш број, јас патиките ќе ти ги дадам и дома пешки и бос на ладново ќе си одам. Па тогаш ти мисли си дека не им е важно од кај си туку кој си.
Јас сам се, само балансиран човек не... Без да ја прааме пробата јас го знам резултато. Ти ќе си одеш со патките дома, а јас ќе бидам најачи сељак у цел кафиќ/кафана/дискотека... Јас сам секогаш фин, секогаш објаснувам од дека сам, и одма после објаснувајнето оти идам од Подареш, некаде радовишко, првата реакција е малко пошироки зеници, малку чудно гледајне, малку разочаран поглед, и евентуално некоја (не сите) ќе каже: шо има врска од дека си (а уствари е, од кај ми се закачи овој сељак, вчера опинците ги фрлил, денес мене ќе ми се пушта, види го каков е, за што ми збора, леле колку е глуп)... Тај филм сам го гледал мал миљон пати.... Не сам черашно дете, знам си го местото под сонцето кај нас. Некаде доле, у лајната... :)

Тука, додека нештата напишани од мен са интересни... Оти самата идеја, како идеја е неверојатно идилична... Сеидба, трактори, планини, рачна работа, егзистенција, голем двор, чист воздух, физичка активност, сврзаност со природата... Ама Реалноста е друга... У реалноста јас сам испотен и засмрден ѓуптин у опинци, со сељачки акцент од некаква вукојебина од Источна Македонија. И ништо на свето нема да го промене тава... Тука сите са фини, културни, возбудени, отворени, либерални, ценат вредности, ценат внтарешна убавина, интелект, позитивни, праведни, објективни, рафинирани, итн. Ама ако утре ме сретнат на пазаро како продавам, за них сам една обична сељачана, усмрден, прост, лаком, подолен од куче, провинцијалец. Така е у пазаро на труд, така е и у пазаро на невести. Моментално (и у иднината), јас сам никој и ништо у македонското општество, ни па можам да понудам нешто повеќе од нештата шо ги правам (земјоделие). Јас нудам несигурност, просташтина, село, земја, опинци, пот, работа, и неизвесна егзистенција.
А колку и да викат тука момите дека и се ареса тај живот, ареса и се идејата за таков, а не самио живот... :)


пс. Кој отворено би си признајал оти е плиток, суетен, површен, манипилатор, со задни намери, и други неубави нешта? Ного ќе са лесни односите ако сите играме отворено... Секојпат коа е отворен човек, ќе се најде друг да му го зак'ца од зад до јајца без вазелин. И физички, и метафорички
Еднаш на едно место прочитах: "If there is a slightest possibility of an error, someone will make it".... Една кратка паралела кон односите, и нештата стануват колку толку јасни... Ако дадеш шанса да бидеш заебан, ќе те заебат. А како се отварат тија шанси, нема потреба да се преповторуваме... :)

ппс. Не претпоставувај шо мислам и како мислам. Тава може да го прааме коа се гледаме очи у очи, со мезе и ракија.. Тука е безвкусно и млитаво за такви работи.. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom